„За нас е историски овој настан како држава – само што ја завршивме средбата со премиерот на Обединетото Кралство“, изјави премиерот Христијан Мицкоски откако се сретна со британскиот премиер Кир Стармер во Тирана.
„Македонската јавност ќе биде сведок на договор за стратешко партнерство, договор кој што ќе овозможи инвестициски циклус во вредност од 5 милијарди фунти, 6 милијарди евра, во делот на инфраструктурата, железницата, здравството и така натаму. Деновите кои што следат ќе бидат објавени сите детали“, изјави премиерот Мицкоски.
Тој претходно во објава на „Фејсбук“ рече дека ова преставува „стратешки договор кој ја позиционира државата во редот на интересите и делувањето на една од највлијателните политички и економски сили во светот како што е Обединетото Кралство“.