На булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, пред трговскиот центар „Сити мол“, попладнево се случила невообичаена сообраќајна несреќа, објави „Телма“. Автомобил „Рено“, кој, како што велат очевидците го возела жена, налета на сообраќајната сигнализација. За среќа, „настрадал“ само еден од семафорите на крстосницата, на која често се случуваат испади на возачите.
Семафорот неколку часа стоел „покосен“ додека сообраќајот се одвивал отежнато, а службите се обидувале да го подигнат паднатиот семафор, кој работел и така соборен, пишува „Телма“.