Во Ниш денеска ќе се одржат два протести, едниот на кој српскиот претседател Александар Вучиќ ќе го претстави своето „Движење за народот и државата“, додека другиот ќе го организираат студенти од Ниш, кои со недели го предупредуваат претседателот дека не е добредојден. Со оглед на ситуацијата од март кога највисокото раководство на СНС се обиде да дојде во градот на реката Нишава, за да биде буквално избркан со јајца и вода, се поставува прашањето дали може да ги очекуваме истите сцени и денес, пишува Нова.рс.
Политикологот Цвијетин Миливојевиќ за „Нова“ вели дека митингот на Вучиќ немаше да се случи доколку тој имаше интелигенција, логика и волја да изгради нормална држава. Инаку вчера започна народниот собир кој српскиот претседател Александар Вучиќ го најави како еден од најголемите собири во Ниш. На митингот што ќе се одржи од 16 до 18 мај, пред жителите на Ниш ќе биде претставено Движењето за народот и државата. Пред доаѓањето во Ниш, Вучиќ официјално стана нејзин член, а потоа ги повика граѓаните да дојдат и да слушнат поинаква програма.
Како што јавуваат дел од српските медиуми, српскиот претседател ги повика граѓаните од државата да дојдат да демонстрираат на мирен и достоинствен начин дека пристојна Србија не може да биде поразена. Тој најави дека на собирот „ќе се покаже како функционира една пристојна и нормална Србија и каде никој нема да биде нападнат“. Неговото обраќање ќе биде во 18 часот. Се чини, сепак, жителите на Ниш не гледаат благонаклоно кон она што се случува во нивниот град, наведува порталот Нова.рс од друга страна.
Пред се стравуваат дека ќе добијат своја верзија на белградски „Чициланд“, бидејќи пред Офицерскиот дом сè уште стојат шаторите кои беа наменети за гастро-фестивалот што изминативе денови се одржуваше токму на ова место. Проблеми имаше и со бината за митингот на Вучиќ. Имено, со оглед дека бината која се наоѓа на плоштадот Крал Милан во Ниш е поставена без потребните дозволи, општинската инспекција на општина Медијана вчера издала наредба за демонтирање на бината. Се доведува во прашање какви други незаконски дејствија ќе бидат направени за време на тридневниот митинг на Вучиќ.
„Продолжува кршењето на законите и прописите од страна на групата СНС… Затоа нашиот град изгледа како воена зона и руина, а нашата татковина личи на Дивиот Запад“, објави на социјалната мрежа Икс доктор Драган Милиќ, лекар и водач на група граѓани од Ниш.
Колку чини еден образ?
Во меѓувреме студентите кои го блокираат Медицинскиот факултет во Ниш на социјалната мрежа Х објавија како луѓето заработуваат, како и колку чини да присуствуваат на митингот на Александар Вучиќ. Очигледно трошокот за еднодневен престој во Ниш е 100 евра.
Ako je nekome potreban podsetnik protiv čega se borimo. pic.twitter.com/6PP4asM3Ts
— medfakni_blokada (@medfakniblokada) May 15, 2025
Со оглед на тоа што студентите веќе го предупредија српскиот претседател да го откаже митингот во Ниш, не е изненадување што решија да организираат свој собир. Како што најавија студентите од Ниш, на денот на собирот на СНС може да го очекуваме и нивниот протест наречен „Избери(мо)се“. Велат дека „вистината ќе излезе на виделина“. Најавен е и планот за самиот протест. Инаку најголемиот протест досега се одржа на 15 март 2025 година во Белград, кога над 100.000 луѓе се собраа на улиците, искажувајќи го своето незадоволство од владејачкиот режим и барајќи системски промени. И покрај притисоците и обидите за заплашување, протестите продолжуваат, со блокади на судови и јавни институции во повеќе градови, вклучувајќи ги Нови Сад, Ниш и Белград. Студентите и граѓаните остануваат решени во својата борба за правда, транспарентност и демократија во Србија. Меѓународната заедница, вклучувајќи ги и претставници на Европската Унија, изрази загриженост за ситуацијата во Србија и повика на почитување на човековите права и слободи.