RoboMac е годишна меѓународна студентска работилница и натпревар по роботика, aвтоматика, електроника и вештачка интелигенција, кој се одржува по 13-ти пат на Факултетот за електротехника и информацискит ехнологии (ФЕИТ) во Скопје. Носители на настанот се македонската секција на ИЕЕЕ (IEEE – The Institute for Еlectrical and Еlectronics Еnginеers), преку нејзиниот студентски огранок при УКИМ и Факултетот за електротехника и информациски технологии, а е во коорганизација со Факултетското студентско собрание – ФЕИТ.
Учесниците на натпреварот имаа можност да работат во тимови и да ги усовршат и употребат своите теоретски знаења и практични вештини за да победат во својата категорија, притоа дружејќи се и соработувајќи со студенти од земјата и странство. Целта на настанот е популаризација на роботиката и вештачката интелигенција меѓу студентите и младите во Македонија.