Премиерот на затворена владина седница ја задолжил Агенцијата за разузнавање (АР), која е под ингеренции на претседателот, да направи внатрешна истрага и да утврди дали биле злоупотребени капацитетите на Агенцијата, откако обзнани дека извесен извор „Цилиндер“, потоа „Џокер“, го следел него и неговото семејство додека бил опозиционер, а директорката на Агенцијата не ја известила претседателката дека ќе присуствува на ваква седница на Владата.
Ова произлегува од одговорот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која во телевизиско интервју кажа дека директорката Габриела Јаковлева не ја известила дека присуствувала на оваа владина седница, на која се расправало за следење на премиер, за што предмет отвори и Јавното обвинителство, но со месеци нема информација дали има утврдено нешто во истрагата. Всушност, директорката што ја именува претседателката, не ја известила претседателката дека добила некаква наредба од Владата.
View this post on Instagram