12.9 C
Скопје
18/05/2025 07:19
МАКТЕЛ

     

Љупчо Поповски: Салвадор во Македонија

      

Зошто Крис Павловски сугерира Македонија да се угледа на Ел Салвадор за да „просперира“. И како неговата компанија „Рамбл“ склучи стратешко партнерство со салвадорската влада.

Сан Салвадор - главниот град на Ел Салвадор
Сан Салвадор – главниот град на Ел СалвадорФотографија: Tobias Käufer/DW

Има една чудесна реплика во култниот филм „Третиот човек“ на Керол Рид, едeн мрачен трилер од 1949 година, чие дејство е сместено во Виена окупирана од сојузниците. Орсон Велс, „третиот човек“, криумчар на пеницилин, му го кажува ова на Џозеф Котен во темните улици: „Впрочем, не е толку страшно. Знаеш што рече човекот – во Италија, триесет години под Борџија, имаа војна, терор, убиства и крвопролевање, но ги создадоа Микеланџело, Леонардо да Винчи и ренесансата. Во Швајцарија имаа братска љубов, имаа петстотини години демократија и мир – и што создаде тоа? Часовникот со кукавица“. Има тука одредени неточности. На пример, часовникот со кукавица е измислен во јужна Германија. А Швајцарија беше генерално сиромашна земја пред да се ориентира на банкарството. И тоа она тајното. Но, репликата на Орсон Велс во голема мерка е точна. Швајцарија стана богата, многу богата, поради својата многувековна неутралност, апсорбирајќи ги тајните пари и од најголемите злосторници и деспоти низ вековите. На одреден начин, Швајцарија ѝ беше потребна на жестоко поделената Европа исцрпена од долги крвави војни.

   

Еден гостин во Скопје оваа недела, Крис Павловски, директор и основач на „Рамбл“ компанија која е онлајн видео платформа, веб-хостинг и бизнис за услуги во облак со седиште во Торонто, Канада, ја оживеа во македонската јавност идејата на Ванчо Михајлов за Македонија како „Швајцарија на Балканот“. Не дека таа идеја во последниве триесетина години не беше одвреме-навреме споменувана во овдешната десничарска јавност, но нејзиното промовирање од човекот кого Владата и премиерот Христијан Мицкоски го споменуваат како нивен многу важен пријател кој се наоѓал во периметарот на Доналд Трамп, поттикна нагаѓања дали можеби една од идеите на овие македонски власти не е државата да тргне по некаков швајцарски пат, кога веќе не може да излезе од европскиот ќор-сокак. Македонскиот „часовник со кукавица“ Каков би бил македонскиот „часовник со кукавица“, кој може да ја донесе невидената благосостојба? Можеби тргувањето со крипто валути, или претворање на Македонија во светски веб-хостинг. Павловски, чии родители потекнуваат од Преспа, а тој самиот се претставува како Канаѓанец, за кого провладините медиуми пишуваа оди со пофалби, отиде и чекор понатаму велејќи дека на Македонија не ѝ треба Европската унија. Павловски, како овдешен Индијана Џонс, навестуваше дека можеби ќе го бара и гробот на Александар Македонски. Но тоа се филмски сновиденија. Оние што можат да бидат реални ги кажа во интервју за Сител. Не е неважно да се чуе што мисли еден од влијателните советници на владата за можната иднина на Македонија.

Крис Павловски, директор и основач на „Рамбл“ ја оживеа во македонската јавност идејата на Ванчо Михајлов за Македонија како „Швајцарија на Балканот“.
Крис Павловски, директор и основач на „Рамбл“ ја оживеа во македонската јавност идејата на Ванчо Михајлов за Македонија како „Швајцарија на Балканот“.Фотографија: Rod Lamkey/ZUMA/IMAGO

Тој рече: „Има многу можности за инвестирање во Македонија, земјата може да биде Швајцарија на Балканот. Фокусирајте се на енергија, на вештачка интелегенција и на крипто и ќе имате многу просперитет во државата. Можете да станете следна Швајцарија за идните генерации. Можам да помогнам со вработувања, да донесам бизниси или инвестиции. Мислам дека Македонија не треба толку да се грижи за остатокот од светот, не треба толку да се грижи за ЕУ, ниту за кое било друго место во светот, туку треба да се грижи за самата себе, и оти може да биде Швајцарија на Балканот, или во светот. Швајцарија многу добро ја користи перцепцијата дека е неутрална, и мислам дека Македонија може да го направи тоа. Мислам дека на ваков начин може да просперира, слично како што направи Ел Салвадор во Централна Америка. Мислам дека Македонија го има тој потенцијал да биде неутрална држава која ќе се држи настрана од политичките случувања и да се фокусира на економијата на државата, да ги отстрани бариерите за граѓаните и тоа треба да биде фокус“.

За споменувањето на Швајцарија може да има некаква плодна почва кај некого, дури и во владата. Но Македонија да тргне по патот на Ел Салвадор веќе изгледа контроверзно. Дури и политички непристојно да се зема примерот на една земја од Централна Америка, речиси изедена од децениската граѓанска војна, крвавите пресметки меѓу нарко картелите, илјадниците убиени луѓе по улиците и сега драконскиот систем на затворање на престапниците во озлогласени затвори. Каде Доналд Трамп ги носи на служење казна некои од најпознатите злосторници во САД. Но споменувањето на Ел Салвадор од страна на Крис Павловски не е за оваа жестока пресметка од претседателот Наиб Букеле, кој самиот себеси се нарече „кул диктатор“, туку во обидот на владата да го воведе биткоинот како легална и регуларна валута во платниот систем на државата. Од светската крипто заедница тоа се славеше како визионерски потег, кој, сепак, на почетокот од оваа година пропадна. Па, да одиме подлабоко во сугестијата на Павловски.

Во септември 2021 година, Ел Салвадор стана првата земја што го усвои биткоинот како законско средство за плаќање. Во тоа време, претседателот Букеле тврдеше дека смелата одлука ќе промовира финансиска инклузија, ќе ја зголеми ефикасноста на дознаките и ќе ги поттикне приватните инвестиции, особено оние поврзани со новите технологии. Но, мерката предизвика основани загрижености во врска со имплементацијата и макроекономските прашања. Од самиот почеток, употребата на биткоинот во Ел Салвадор се соочи со практични предизвици. Повеќето луѓе не беа подготвени да ги поддржат владините трошоци за негово промовирање, а недостатокот на доверба кон крипто-средството значително ја намали неговата употреба во бизнисот, одржувајќи го американскиот долар како преферирана валута. Податоците од минатата година покажаа дека само осум отсто од населението го користеле биткоинот во трансакциите, а дознаките преку владината е-валута, Chivo, исто така беа бавни, што објаснува зошто само 1% од вкупните дознаки вклучуваа крипто-средства. Букеле дури и сонуваше за футуристички „Град на биткоин“ во една од најдрагоцените шуми во државата кои растат во солена вода и кој требаше да биде напојуван од вулканска енергија.

Сето тоа, или поголемиот дел, пропадна по само три години. На Ел Салвадор и на претседателот Букеле му требаа свежи пари за потклекнатата економија и тој се обрати кај оној кој најмалку го сакаше – Меѓународниот монетарен фонд. Затоа што немаше подобар избор. Кога Ел Салвадор побара надворешно финансирање, ММФ јасно го постави својот став: Биткоинот претставува макроекономски ризик и ако земјата сака меѓународна поддршка, ќе мора да ги намали своите крипто амбиции. Договор со ММФ за заем од 1,4 милијарди долари за 6,3 милионската земја на почетокот од оваа година бара од владата да ги намали купувањата на биткоини, постепено да ја укине е-валутата Chivo и да го елиминира условот бизнисите да прифаќаат биткоин. Ова е важен момент во глобалниот монетарен пејзаж. ММФ уште еднаш го демонстрираше своето влијание врз малите економии, зајакнувајќи ја реалноста дека дури и во децентрализиран свет, централизираните финансиски институции сè уште ги имаат контролите. Ел Салвадор мораше да избере помеѓу финансиски суверенитет преку биткоин и финансиска стабилност преку поддршка од ММФ. Го избра второто.

Контроверзниот претседател на Ел Салвадор, Наиб Букеле
Контроверзниот претседател на Ел Салвадор, Наиб Букеле Фотографија: Marvin Recinos/AFP

„Економист“ на почетокот од март објави текст насловен „Дивиот крипто експеримент на Ел Салвадор заврши со неуспех“. Тоа беше силна порака до сите инвеститори во светот. Во текстот стоеше дека Ел Салвадор го намали својот крипто проект, а биткоинот повеќе не е законско средство за плаќање, дозволувајќи ѝ на земјата да обезбеди заем од ММФ во 1,4 милијарди долари. ММФ го одобри заемот за да ги намали финансиските ризици откако Ел Салвадор покажа посветеност за плаќање на своите долгови. Големата популарност на претседателот Букеле е поттикната од неговото сузбивање на криминалот, а не од крипто иницијативата. Иако биткоинот останува резервна актива, неговата употреба како законско средство за плаќање е завршена поради тоа што за земјата имаше повеќе трошоци отколку придобивки. Сега Ел Салвадор ќе треба да функционира како регуларна, а не како крипто економија за да може да ги отплаќа долговите и по можност да просперира. „Рамбл“ во Ел Салвадор Но да одиме подлабоко во сугестијата на Крис Павловски за примерот на Ел Салвадор да се пренесе во Македонија. Таа можеби е директно поврзана со влегувањето на неговата компанија „Рамбл“ во Ел Салвадор.

Во јануари годинава Павловски беше во Сан Салвадор и имаше една пријателска и опуштена средба со претседателот Наиб Букеле. Тогаш салвадорската влада склучи стратешко партнерство со „Рамбл“ за да подобри технолошката инфраструктура на земјата. „Рамбл“ ќе му обезбеди на Ел Салвадор низа клауд услуги, вклучувајќи складирање во облак (складирање на објекти и блокови), бази на податоци, балансери на оптоварување и интеграција со Kubernetes. Крис Павловски нагласи дека договорот не само што нуди можности за иновации во земјата, туку претставува и клучен момент за раст на компанијата. „Овој договор означува важна пресвртница за ‘Рамбл’, бидејќи покажува дека владите веруваат во нашата инфраструктура, можности и сигурност за справување со нивните најкритични потреби за компјутерски и податочни потреби“, изјави тогаш Павловски. Заедно со Павловски во Сан Салвадор беше извршниот директор на компанијата „Тетер“ која работи со крипто средства, Паоло Ардоино. „Тетер“ во јануари оваа година го пресели своето седиште во Ел Салвадор, бидејќи властите на Букеле им дозволуваат на крипто фирмите да работат без даноци и регулативи – и користат дополнителните даночни олеснувања за да акумулираат недвижен имот во центарот на Сан Салвадор, заедно со преселени американски крипто инфлуенсери и членови на семејството на Букеле. Еден од сопствениците на „Тетер“, Џанкарло Девасини, беше заедно со Павловски оваа недела во Скопје и се сретна со премиерот Мицкоски.

За време на јануарската средба со Букеле, салвадорскиот претседател го охрабрил Крис Павловски да го пресели седиштетот на „Рамбл“ од Канада во Ел Салвадор слично на „Тетер“. Таквата преселба можеби има смисла затоа што „Тетер“ е голем инвеститор во „Рамбл“.

Логото на апликацијата Рамбл на смартфон
Логото на апликацијата Рамбл на смартфон Фотографија: rafapress/DepositphotosIMAGO

Уште подлабоко во сугестијата, во приказната се појавува уште еден пријател од Америка на Христијан Мицкоски – министерот за трговија на САД, Хауард Лутник. Тој и неговото семејство имаат обемни деловни интереси поврзани со Ел Салвадор. Централноамериканската земја има бројни врски со сојузниците на Доналд Трамп кои се обидуваат да заработат пари од разни потфати кои понекогаш го привлекуваат вниманието на властите или етичките надзорници. Неодамнешните поднесоци на американската Комисија за хартии од вредност и Канцеларијата за владина етика, заедно со јавните записи во САД и Ел Салвадор, укажуваат дека „Кантор Фицџералд“, фирмата што Лутник ја водеше до пред неколку недели пред да ја предаде на менаџерски тим, вклучувајќи ги и двајцата негови синови, поседува ефективен 5% удел во компанијата „Тетер“. Една од инвестициите на Кантор беше купување акции во вредност од 775 милиони долари во „Рамбл“, која е платформа на социјалната мрежа на Трамп, во договор што се склучи во февруари. Освен што го олесни купувањето – што им овозможи на инсајдерите на „Рамбл“ да заработат неочекувани приходи со девет и десет цифри – „Кантор“ на Лутник е долгорочен инвеститор во „Рамбл“. Пред ова имаше и други зделки. А по неа ќе има и други. Сето тоа се врти во еден круг – бизнис пријателите и сојузници на Трамп и режимот на „кул диктаторот“ Наиб Букеле. Крис Павловски вели дека Македонија треба да се угледа на Ел Салвадор за да „просперира“. Онаму каде што тој, неговата компанија и неговите бизнис пријатели имаат плодна почва да прават милиони и милијарди долари. И можеби да добие „кул диктатор“. Љупчо Поповски

   

Најново

Граѓани од Македонија заминаа да го поддржат Вучиќ во Ниш

Sase Ivanovski

Американец под изолација во болница во Прага, постои опасност дека е заразен со ебола

Sase Ivanovski

Рубио: Трамп сака да се сретне со Путин што поскоро, се размислува за местото и датумот на средбата

Sase Ivanovski

Макрон во центарот на изборната пресметка помеѓу двајцата кандидати за претседател на Романија

Sase Ivanovski

Авионот со 199 патници летал 10 минути без пилот, копилотот се онесвестил заклучен во пилотската кабина

Sase Ivanovski

Торнада направија пустош во делови од Мисури и Кентаки, загинати луѓе, урнати објекти

Sase Ivanovski

Половина Македонија ноќеска остана без струја

Sase Ivanovski

Села: Таравари не треба да биде пречекан со раширени раце во Европскиот фронт

Sase Ivanovski

Загрижувачки 30 проценти од трудниците се соочуваат со депресивни потешкотии

Sase Ivanovski

Aнела Ставревска-Панајотова: Националниот парк Шар Планина е простор каде луѓето и природата живеат во рамнотежа

Sase Ivanovski

Вицепремиерот Фетаи на гости кај Курти со функционери на Алијанса

Sase Ivanovski

Таравари: Не сакавме да бидеме само декор во Владата

Sase Ivanovski

Николоски: Партнерството со Британија значи инвестиции, силна економија и стратешка позиционираност

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Инцидент со обезбедувањето на Александар Вучиќ

Sase Ivanovski

Цела Финска денеска ја слушаше песната Darude

Sase Ivanovski

Зошто во зградите во Македонија има стубови иако ги нема никаде во светот?!

Sase Ivanovski

Трамп ќе им даде на Саудијците нуклеарен реактор и акции во воената индустрија во размена за 1 трилион долари

Sase Ivanovski

Во 1966-та Русите употребиле нуклеарна бомба за да угасат запалено наоѓалиште на гас

Sase Ivanovski

Бил Гејтс и татко му стојат зад приказната на Старбакс

Sase Ivanovski

Рама го пречека Мицкоски пред почетокот на Самитот на Европската политичка заедница 🇪🇺 во Тирана

Sase Ivanovski

Неверојатен гаф на преговарач на Трамп за Украина: Користел руски шпион како преведувач на средба со Путин

Sase Ivanovski

Casa Batlló, уште еден доказ дека Гауди бил пред своето време. Денес архитектите цртаат на компјутер тој цртал од душа

Sase Ivanovski

Пет години, жителите во зграда на улицата Орце Николов број 206 спроти Машински факултет во скопски Карпош живеат во страв дека зградата ќе се запали, поради несоодветно изградена вентилација на ќебапчилница која се наоѓа во деловен објект во нивната зграда

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Премиерот Мицкоски најави инвестициски циклус од 6 милијарди евра

Sase Ivanovski

Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Клиника Жан Митрев: Прим. д-р Весна Деловска Стојкова, педијатар-неонатолог – 25 годнини на патот на иновациите и медицинските достигнувања

Sase Ivanovski

Клиника Жан Митрев: Високиот крвен притисок е тивок убиец и предизвикувач на срцеви и бубрежни болести, мозочен удар, деменција и многу друг состојби

Sase Ivanovski

Клиника Жан Митрев: Три средни медицински училишта во посета на клиниката

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Клиниката Жан Митрев е горд дел од паневропската кампања за превенција од меланом и сите видови на кожни карциноми, во склоп на Еуромеланома

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Клиника Жан Митрев: Д-р Анџелка Илиева – Кога бенката не е само бенка?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Клиника Жан Митрев: Д-р Димче Марковски – Зад ‘рчењето се крие ризик – Што е ноќна апнеа?

Sase Ivanovski

Клиника Жан Митрев: Спортувате и сте физички активни?

Sase Ivanovski

БИЗНИСМЕНОТ СЕНАД РАМОВИЌ ПОДНЕСЕ КАНДИДАТУРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ДОЛНЕНИ ОД РЕДОВИТЕ НА СДСМ

Sase Ivanovski

Клиника Жан Митрев: Кога станува збор за најважниот ден во вашиот живот – изборот не смее да биде случаен!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Клиника Жан Митрев: Блаже Арсов, дипломиран физиотерапевт – 25 години на патот на иновациите и медицинските достигнувања

Sase Ivanovski

Клиника Жан Митрев: Катаракта или попозната народски како ,,перде,, се нарекува зматувањето на природната леќа во окото

Sase Ivanovski

Клиника Жан Митрев: Контракциите се природен процес на патот кон раѓањето, но што ако се појават порано од очекуваното?

Sase Ivanovski

Клиника „Жан Митрев“ со свои претставници учествуваше на Саемот за Вработување и кариера во склоп на 22 годишниот јубилеј на American University of Europe – FON

Sase Ivanovski

Клиника Жан Митрев: Што е пародонтална болест и како да ја спречите?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Клиника Жан Митрев: Д-р Ристе Зимоски, специјализант по општа хирургија, зборува на тема – Болест на каротидните артерии

Sase Ivanovski

Клиниката “Жан Митрев”, вработува готвач

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Клиника Жан Митрев: Д-р Владимир Кижески, специјалист по гинекологија и акушерство – 25 години на патот на иновациите и медицинските достигнувања

Sase Ivanovski

Клиника Жан Митрев: Здравјето и спортот одат заедно

Sase Ivanovski

Клиника Жан Митрев: Зачувајте ги матичните клетки од вашето бебе и овозможете побезбедна иднина за него и вашето семејство!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Клиника Жан Митрев: Д-р Никола Христов, кардиоваскуларен хирург – 25 години на патот на иновациите и медицинските достигнувања

Sase Ivanovski

Тетовец пријавил лихварство-за долг од 25.000 евра исплатил над 150.000 евра

Sase Ivanovski

Маж пукал кон деца, бидејќи береле цреши во неговиот двор

Sase Ivanovski

Ексминистерот од Алијанса, Азир Алиу, објави дека останува во ВЛЕН

Sase Ivanovski

ЗНАМ ќе има сопствени советнички листи на локалните избори

Sase Ivanovski

„Марш на ангелите“ во Кочани: Нема трагедија, има злосторство

Sase Ivanovski

Ексклузивно: Таравари му предложил на Мицкоски да направат Влада со Ахмети!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Изет Меџити: Пратеници од коалицијата на ДУИ преминуваат во Вреди

Sase Ivanovski

Мрежа за климатска акција на Европа: Земјите од Западен Балкан да се обврзат на целосно укинување на јагленот до 2040 година

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Игор Стефановски Иџе: Неверојатен пречек во Шпанија

Sase Ivanovski

Бранко Тричковски: Деновиве се навршуваат 50 (педесет) години присуство на мојата маленкост на новинарската сцена

Sase Ivanovski

Драган Анастасов – Ладич: Денес општина Пробиштип е домаќин на Првата докторска олимпијада, која е во организација на Лекарска комора на Македонија, а поддржана од општина Пробиштип

Sase Ivanovski

(ФОТО) Две куќи изградени од архитектот Густав Штраувен

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Муцунски: Добредојде за австриската министерка за европски и меѓународни работи, Беате Мајнл-Рајсингер, во Скопје

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Јанко Јади Бурек: Жената што роди на 60 години во Аџибадем Систина не е себична, да родиш бебе не е себичност, абортусот е себичност!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) По два месеци од најголемата трагедија, и оваа сабота, родителите на загинатите во “Пулс”, потсетија дека чекаат правда и разврска на случајот

Sase Ivanovski

Деветмина загинаа во руски напад врз цивилен автобус во северна Украина

Sase Ivanovski

Отворен дневен центар „Гнездо“ за деца и семејства во социјален ризик

Sase Ivanovski

Светиниколец пукал со пушка во деца што собирале цреши од неговиот двор

Sase Ivanovski

Герила inFusion Фестивал: Момче во количка и девојка без попреченост „урнаа ѕидови“ во скопскиот Градски парк

Sase Ivanovski

Минчев во Кичево: “Ќе ја вратиме довербата во локалните самоуправи – ЗНАМ со сопствени листи за советници и план за локален развој“

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Акциска контрола во Македонска Каменица

Sase Ivanovski

Приведен дилер во Тетово за издржување затворска казна

Sase Ivanovski

Лишен од слобода кумановец, управувал возило со 3,46 промили алкохол во крвта

Sase Ivanovski

Фатен на дело крадец во Битола, украденото вратено на сопственикот

Sase Ivanovski

Ангелевска: Законот за енергетика нуди транспарентна рамка за поголеми инвестиции во обновливи извори, енергетска стабилност и независност

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Стратешко партнерство со Обединетото Кралство, кое во Македонија ќе овозможи инвестициски циклус во вредност од околу шест милијарди евра

Sase Ivanovski

Орце Ѓорѓиевски: Пожар во ООУ ,,Круме Кепески”! – Симулациска вежба за евакуација

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Уште една срамна и спротивно на правото судска одлука за Модуларната во Тетово, надлежните да поведат постапка за разрешување на сите инволвирани

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС должи одговори на македонската јавност, дали Филипче е во Дубаи, каде со Заев ги проверуваат градежните активности на 50 катницата?

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова ја прими Беате Мајнл-Рајсингер, министерка за европски и меѓународни работи на Република Австрија

Sase Ivanovski

Орце Ѓорѓиевски: Децентрализацијата на социјалните услуги – клуч за подобра грижа за граѓаните!

Sase Ivanovski

Најнов политички бриф и наоди на БЦСДН: Сериозна ерозија на демократските стандарди во Западен Балкан и Турција: Бараме поодлучна акција од ЕУ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Орце Ѓорѓиевски: Уредувањето на речното корито на реката ,,Мала Рада” се одвива со одлична динамика

Sase Ivanovski

Мицкоски: Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство ќе ни донесе инвестиции во инфраструктурата, здравството и транспортот од 6 милијарди евра

Sase Ivanovski

Орце Ѓорѓиевски: Во тек е голема акција за уредување на зеленилото низ цела општина Кисела Вода

Sase Ivanovski
Вчитувам....