СДС се дрзна да зборува за хаос?! Тие што државата ја оставија во урнатини?! Хаос направивте вие, а народот и денес силно ги чувствува последиците од тој ваш криминален „ред и поредок“. Го претворивте здравството во бункер за тендери на Филипче, Груби и Заев. Го задолживте народот со над 3 милијарди евра – за нула проекти. Се сликавте со кокаин-кумови, додека улиците беа небезбедни. Ја уништивте економијата, иселивте 260.000 луѓе, ги заглавивте општините во долгови.
И денес, без грам срам – зборувате за хаос?! Очигледно, бидејќи за време на викенди целото раководство на СДС е по одмори, повторно дежурен во Центарот за комуникации бил некој млад „ревносен заевист“ со симпатии кон Филипче, кој сè уште верува дека тандемот Заев-Филипче заслужува Нобелова награда. Веројатно истиот тој што мисли дека Македонија почнала преговори со ЕУ, дека Артан Груби и Бујар Османи се „проевропски реформатори“, а Маричиќ, Спасовски, Николовски и Зечевиќ – „прогресивни лидери на современиот свет“.
Во СДС искреноста и ставот секогаш биле туѓи поими – затоа оставаат некој од младинската што се затекнал во државава да пишува викенд соопштенија. Ако тој пишувач барем малку живееше во реалноста, надвор од магијата на неговите идоли, ќе знаеше дека токму тие ја разурнаа државата, ја доведоа до раб на банкрот, ја потопија во корупција и криминал – продавајќи ги своите души и органи, дел на ѓаволот, дел на ДУИ, кои и ден денес им ги чуваат во фиока. Ќе знаеше дека оставија држава која стана синоним за безредие –држава во која за живо изгорени луѓе во модуларна болница се делат пресуди од една година, држава во која за извод од родени треба мито, држава со галопирачка инфлација каде граѓаните се борат за сопствени плати, држава која беше најсиромашна во Европа, каде 600.000 луѓе преживуваа со 100 денари дневно.
Затоа, наместо да лапа пари за соопштенија додека неговите шефови се сончаат со златни визи по Дубаи, дежурниот младинец во штабот на СДС нека се отрезни, нека ја види реалноста и нека направи разлика помеѓу луѓето што се борат за државата и го даваат максимумот – и оние што станаа шеици, со милионски бизниси по управување со државна каса. А додека е кај вистината – нека го прочита и францускиот предлог. Таму ќе најде колку чинеше тоа што машкоста на неговите шефови беа во фиока во штабот на ДУИ, додека Бујар Османи го носеше документот и го заверуваше „во име на сите“.