Амал Клуни беше гостинка на премиерата на документарниот филм „Боно: Приказни за предавање“, за музичарот Бон Вокс и бендот „Ју ту“ што се одржа на Канскиот филмски фестивал. Амал го следеше дрес-кодот на 78-от Кански филмски фестивал, на кој беше забранета голотија и огромни креации, па за таа цел избра безвременски гламур.

На премиерата на филмот во Кан, Амал Клуни дојде во црна вечерна тоалета, без Џорџ Клуни со што ги „подгреа“ гласините за разводот. Фустанот со крој на сирена со прерамки спуштени под рамената и ја следеше линијата на телото со суптилно деколте, создавајќи заводлив, но префинет впечаток.

Креацијата е интересна и поради ткаенината со сатенски сјај, што дава впечаток на фин, потенок кожен материјал, а Амал го надополни сето тоа со црни потпетици кои беа малку видливи под долгиот фустан. Во време кога црвениот тепих може да биде покриен со прекумерна екстраваганција, Амал Клуни докажа дека минимализмот и класиката можат да остават најсилен впечаток.