Видеото на кое турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и францускиот претседател Емануел Макрон се ракуваат на самитот што се одржа во Албанија во петокот, брзо стана вирално.
🇹🇷🇫🇷Erdogan shows macron who’s boss and … holds his finger.
— Lord Bebo (@MyLordBebo) May 17, 2025
На видеото се гледа како Ердоган ја зграпчува десната рака на Макрон, ја влече кон себе, додека го тапка со десната рака. Потоа Макрон со левата ја зграпчува десната рака на Ердоган. Сепак, Ердоган потоа со десната рака го зграпчува показалецот и средниот прст од левата рака на Макрон. Макрон успева брзо да го ослободи показалецот, но Ердоган го држи неговиот среден прст неколку секунди и не го пушта. Според турските медиуми, Ердоган реагирал на овој начин бидејќи верувал дека Макрон се обидел да воспостави психолошка доминација ставајќи ја раката на рамото на турскиот претседател.