20/05/2025 01:40
МАКТЕЛ

     

ПРЕНАСОЧУВАЊЕ НА САТЕСКА: СПАС ЗА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО ИЛИ ИЗМАМА НА НАЦИЈАТА?

      

Од 2022 година, македонските власти со поддршка од УНДП работат на враќање на реката Сатеска во своето природно корито. Резултатот би бил Сатеска повторно да се влева во реката Црн Дрим, наместо во Охридското Езеро. Проектот беше претставен како начин за заштита на регионот од екстремни временски услови и спасување на езерото од загадување. Но, што вистински се случува? Уште едно недоволно квалитетно, квази-решение кое ги остава истите проблеми. А можеби и носи нови. Во шеесеттите години на минатиот век реката Сатеска беше вештачки пренасочена кон езерото со цел да се исушат мочуриштата за земјоделски цели и да се подобри работата на хидроцентралите долж Црн Дрим, каде што реката некогаш природно се влевала. Оттогаш Охридското Езеро се гуши во седименти, отпадоци, пестициди, хранливи материи и други отрови што Сатеска ги носи.

 

Конечно, по сите овие години, со пари од Фондот за адаптација при Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени, Македонија заедно со УНДП тргна да ja исправи грешката и да ја врати Сатеска во нејзиниот вистински тек. Ова воедно, требаше и да одговори на препораките на УНЕСКО за заштита на Светското природно и културно наследство во Охридскиот Регион. На хартија, идејата беше одлична: подобра заштита од поплави и почисто езеро. Двоен успех. Но, што навистина се случи? Прво, наместо да се реконструира старото корито така што ќе може да издржи 100 м³/сек при големи бури (утврдено со претходни технички проценки), речното корито беше направено да издржи само 15 м³/сек. Волумен поголем од тоа, повторно би одел во езерото. Така што при екстремни временски услови загадувачките материи ќе продолжат да се влеваат во Охридско Езеро – токму кога проблемот со штетните материи и седиментите е најголем.

   

Понатаму, оцената на влијанието врз животната средина (ОВЖС) што требаше да ги анализира можните последици од пренасочувањето на реката беше апсурдна. Наместо да се изработи проценка, за што изработувачот беше платен, беше изработен фарсичен документ – ископирани делови од документи за сосема други проекти, користени застарени и неточни податоци, и не беше направена никаква проценка на влијанието врз автохтоните видови како охридската пастрмка. Згора на тоа, конечната нацрт-верзија на таа нискоквалитетна ОВЖС беше доставена до Министерството за животна средина и просторно планирање пред воопшто да се одржи јавна консултација за проектот! Ова обелодени дека ниту носителот на оцената на влијанието, ниту министерството навистина имаа било каква намера да ги чујат ставовите на локалното население, земјоделците, сопствениците на земјиште и граѓанското општество. Коментарите на Охрид ЅОЅ доставени во рамки на таа консултација мистериозно исчезнаа.

На крај, пренасочувањето започна без добиено мислење од Комисијата за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион. Улогата на комисијата е да ги разгледа плановите и проектите пред нивната реализација за да се осигура дека нема да му наштетат на Светското наследство. Мислењето од комисијата е задолжително според закон. Како резултат на сето ова, Охрид ЅОЅ поднесе жалба до УНДП за сите овие нерегуларности, по што Единица за усогласеност со социјалната и животната средина на УНДП отвори истрага и утврди дека:

а) Со оцената на влијанието врз животната средина „не се третираат сите релевантни влијанија врз физичките, биолошките и социоекономските ресурси, вклучувајќи директни, индиректни, кумулативни и индуцирани влијанија“;

б) Доказите дека делови од оцената се плагијат „се убедливи“;

в) Министерството за животна средина и просторно планирање речиси воопшто не врши контрола на квалитетот на ОВЖС; и

г) Министерството ја довело УНДП во заблуда со неточно тврдење дека коментарите од Охрид ЅОЅ пристигнале по истекот на рокот. (Нам ни одговорија дека никогаш не ги добиле).

Конечно, истрагата заклучи дека пренасочувањето на Сатеска се спроведува врз основа на оцена, толку лоша што реализацијата на проектот дури „има потенцијал за зголемување на изложеноста и ранливоста на влијанијата од климатските промени“ односно – да предизвика резултати спротивни од целите на самиот проект. Последната Реактивна мониторинг мисија на УНЕСКО во Охридскиот Регион (2024) подеднакво утврди дека пренасочувањето „најверојатно нема да го реши проблемот со седиментите и загадувањето кои и понатаму ќе се влеваат во Охридското Езеро во услови на поголеми метеоролошки настани“.

Заклучокот е фрапантен – повторно, по којзнае кој пат, негрижата и неспособноста го оставија Охридскиот Регион, неговата флора, фауна и жителите со изгубено време, залудно потрошени пари и привид дека проблемот се решава, за истиот да се врати со првиот поголем дожд. Згора на тоа, иако Македонија во моментов го ревидира Законот за животната средина и има можност сериозно да го зајакне во доменот на оцените на влијанието врз животната средина, предложените измени ни оддалеку не се доволни за да донесат вистинска промена во квалитетот на оцените.

Што уште треба да се случи за властите конечно да сфатат дека проценката на ризиците за луѓето и живиот свет не е непријатност што може да се избрише со неколку штиклирани полиња и лажна консултација? Веројатно – уште една трагедија. А, кога тоа ќе се случи, немојте да кажете дека не бевте предупредени.

Врска кон конечниот извештај на македонски јазик

Врска кон целиот процес и поврзана документација

Со почит,

Активисти на Граѓанската иницијатива Охрид SOS

   

Најново

Анализа на дописникот на „Скај њуз“ од Москва: Украина и сојузниците ќе бидат разочарани и загрижени за исходот од разговорот меѓу Трамп и Путин

Sase Ivanovski

ЕУ воведува нов граничен систем: Се укинуваат печатите во пасошите, ќе има фотографирање

Sase Ivanovski

Мицковски јавно го обвинува за велепредавство а дали ќе одговара вели тоа е работа на обвинителството

Sase Ivanovski

Билјана Каракашова Шулев впишана како нова заменик-претседателка на ДКСК во Централниот регистар

Sase Ivanovski

Утре облачно, од среда со попладневен локален пороен дожд

Sase Ivanovski

Путин по разговорот со Трамп: Подготвени смe на работа на мемордандум со Украина, вклучувајќи и примирје

Sase Ivanovski

Бајден на Х: Ракот сите нè погодува

Sase Ivanovski

ЕУ и задава нов удар на Русија, земјите од Г7 играат клучна улога

Sase Ivanovski

ФИЛИПЧЕ: Износот од 6 милијарди евра е алармантен, дали знаеме колкава е каматата?

Sase Ivanovski

ПОЧИНАТИОТ ОД АЛЕРГИЈА, НЕ ПОЧИНАЛ ОД АЛЕРГИЈА: Причина за смртта била некроза на срцев мускул

Sase Ivanovski

Ивица Челиковиќ: ЕУ и мигрантите одат рака под рака

Sase Ivanovski

Ивор Мицковски: За Мухика и апологетите на скромноста

Sase Ivanovski

Бранко Героски: Маршираме против топовите на европското лицемерие, сењор Кошта!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КУПИЛА 6 КУЌИ ПО ЕДНО ЕВРО ВО ИТАЛИЈА, А СЕГА ОТКРИВА ДАЛИ ВРЕДЕЛО Американка сподели колку ја чинеше реновирањето

Sase Ivanovski

ОВАА ЗЕМЈА СТАНА НОВИОТ ЕЛДОРАДО Огромни резерви на злато, сребро и бакар пронајдени по 30 години

Sase Ivanovski

МАКЕДОНИЈА ДОБИВА НОВИ МОЖНОСТИ ЗА ИНВЕСТИЦИИ Муцунски во дипломатска офанзива во Германија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Митко Муриќ му гостува на Владимир Станковиќ во 180-та епизода од подкастот Бизнис Приказни

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кинески ловец J-10C: Одвојување на митот од реалноста

Sase Ivanovski

Кумановецот Ведат Адеми не починал од алергија на аналгин, вели извештајот од обдукцијата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО+ФОТО) Граѓаните и активистите во одбрана на дрвјата во Градски парк: Се „спасија“ дел од 113-те обележени за сечење

Sase Ivanovski

Управен го „зашемети“ Уставен – Се одложува подготвителната седница за Законот за јазиците

Sase Ivanovski

Јавен апел: Сите повредени во пожарот во „Пулс“ да се јават во кочанската болница

Sase Ivanovski

Оставка поднесе заменик-министерот за земјоделие Беџети, оди во опозиција со Таравари

Sase Ivanovski

Со палка претепан член на партијата на Вучиќ

Sase Ivanovski

Трамп прво разговараше со Зеленски, а не со Путин

Sase Ivanovski

До крај на 2025 година четири украински региони под Русија со премолчена помош од Европа?

Sase Ivanovski

Кривична пријава за градоначалникот на Крива Паланка поради овозможување на бесправно поставување на урбана опрема

Sase Ivanovski

ХРВАТСКИТЕ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИ ГО ИЗГУБИЈА СВОЈОТ БАСТИОН РИЕКА По локалните избори, Хрватска останува „доминантно сина“

Sase Ivanovski

ОД ВИШОК СТРУЈА ОСТАНАВМЕ БЕЗ СТРУЈА Енергијата од сонце ќе ги изгори инвестициите ако не се обезбеди пренос или чување

Sase Ivanovski

ОПШТИНА ЧАИР НЕМА ДОГОВОР СО ДРИСЛА Комунална хигиена го прашува Ганиу каде го фрла ѓубрето

Sase Ivanovski

СУДСКИОТ СОВЕТ, СОБРАНИЕТО И УПРАВНИОТ СУД СОЗДАДОА ПРАВЕН ПРЕСЕДАН Уставниот суд очекува правни импликации по поништувањето на изборот на судијката Дуковска

Sase Ivanovski

ЗЕЛЕНСКИ СО НОВ ПРЕГОВАРАЧКИ ТИМ Украина го забрзува патот кон траен мир со Русија

Sase Ivanovski

СПЕЦИЈАЛИСТИ ОД СКОПЈЕ ЌЕ ГИ ПРЕГЛЕДААТ ПОВРЕДЕНИТЕ ВО КОЧАНИ Пациентите влегуваат во нова фаза на рехабилитација

Sase Ivanovski

(ФОТО) Ѓорѓиевски: Кисела Вода добива уште еден парк – со зеленило, реквизити и прв инклузивен сообраќаен полигон за деца

Sase Ivanovski

Нетанјаху: Израел ќе ја преземе контролата врз цела територија на Појасот Газа

Sase Ivanovski

Ивановски: Планираме да се вратиме на железничката мапа

Sase Ivanovski

Џо Бајден и неговата сопруга Џил се заблагодарија за поддршката по објавувањето дека тој боледува од рак

Sase Ivanovski

НАЈГОЛЕМИТЕ ПРИВАТНИ ЛАБОРАТОРИИ „ИЗБОЦКАА” ЗА 9,5 МИЛИОНИ ЕВРА, колкав профит направија?

Sase Ivanovski

Финска ќе ги користи замрзнатите руски средства за обезбедување муниција за Украина

Sase Ivanovski

Муртезани: Нема начин како да се избегнат уставните измени, меѓутоа наша одговорност е тие уставни измени да бидат последниот билатерален услов

Sase Ivanovski

„Од горчина и мед“ – поделениот и сложен идентитет и скршените срца

Sase Ivanovski

Левит: Претседателот Трамп и натаму е отворен за средба со Путин, но да се почека денешниот телефонски разговор

Sase Ivanovski

Ванс: Доколку Русија не сака да се вклучи во преговорите, САД ќе мора да кажат дека „ова не е нивна војна

Sase Ivanovski

На аџилак и годинава ќе заминат 2020 муслимани од Македонија

Sase Ivanovski

Се задолжуваат за сума поголема од нашиот буџет, а не знаеме ни колкава е каматата: Филипче за заемот од Обединетото кралство

Sase Ivanovski

Тројца кандидати за гувернер: Сиљановска Давкова се мисли помеѓу Ангеловска-Бежовска, Ставревски и Славески

Sase Ivanovski

Починат маж најден во стан во Велес

Sase Ivanovski

Фетаи и Алиу на средба во амбасадата на САД во Скопје откако го напуштија Таравари

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ФИЛИПЧЕ: ГО ПОЗДРАВУВАМЕ ДОГОВОРОТ ЗА СТРАТЕШКО ПАРТНЕРСТВО СО БРИТАНИЈА, ЌЕ ГО ГЛАСАМЕ КОГА ЌЕ ИМА РАТИФИКАЦИЈА ВО СОБРАНИЕ

Sase Ivanovski

Сообраќајка во Аеродром – се судрија моторцикл и автомобил

Sase Ivanovski

Моторските одреди на Русија можеби се самоубиствени, но и нанесуваат штета на Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ОТКРИВА: Дали и како урбаната мафија му врши притисок?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филипче: Гневот кај граѓаните кон власта ќе се излее на локалните избори

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филипче: Историско задолжување од 6 милијарди, а Владата крие детали

Sase Ivanovski

Чупеска: Мултикултурализмот е предуслов за стабилност и просперитет

Sase Ivanovski

Естонија соопшти дека Русија задржала танкер во Балтичкото Море

Sase Ivanovski

Убиството на колумбискиот модел, само неколку дена откако мексикански инфлуенсер беше застрелан на пренос во живо, предизвика осуда на фемицидот

Sase Ivanovski

Гастрономско ремек-дело на Дијана Иваноска: Брзи погачици

Sase Ivanovski

ТФТ го „преслуша“ Работнички и закажа историско финале во МЗТ

Sase Ivanovski

Џудо клубот Сеишин освои 15 медали на меѓународниот турнир „Скопје опен“

Sase Ivanovski

Во организација на ФУСМАК и ОСУС – Куманово, денес се одржа ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО АТЛЕТИКА за учениците од основните и средните училишта

Sase Ivanovski

Колку пари добиваат словенечките општини од сообраќајни прекршоци?

Sase Ivanovski

Нова студија: Пилешкото може да го зголеми ризикот од рак и смрт, особено кај мажите

Sase Ivanovski

Педро Паскал ја убедувал Дакота Џонсон да отвори профил на „Онлифенс“: Само да мрднеш со прстот на ногата ќе заработиш пари

Sase Ivanovski

Синот на Трамп на удар поради реакцијата на дијагнозата на Бајден

Sase Ivanovski

Договорот за заем со Обединетото Кралство е антиевропски, вели Филипче

Sase Ivanovski

Иран: Збогатувањето на ураниум е национално достигнување од кое нема да се откажеме

Sase Ivanovski

Судскиот совет да постапи согласно пресудата и препораките на Управниот суд за избор на уставен судија, рече Филков

Sase Ivanovski

Пандов веќе ја тестира електронската алка што овозможува да има затвореници во куќен затвор

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова денеска нема да достави предлог за гувернер, ќе размислувала уште два-три дена

Sase Ivanovski

Мицкоски се сретнал со семејства на загинатите од Кочани – средбата била тајна на барање на семејствата

Sase Ivanovski

Контраспин: Сиљановска со нефункционален предлог за надминување на евроинтегративната блокада

Sase Ivanovski

Муртезани: Револтот кај поддржувачите на Алијанса за Албанците е многу голем, ќе продолжи трендот на заминувања

Sase Ivanovski

Вистиномер: Aко планот А е неприфатлив, тогаш Владата треба со консензус да осмисли план Б

Sase Ivanovski

Вреди размислува министерот Алиу да биде нов министер за здравство

Sase Ivanovski

Вистиномер: Името на компанијата АстраЗенека на латински не значи патот до смртта

Sase Ivanovski

Како терористите го користат X-от на Маск за пропаганда

Sase Ivanovski

Вистиномер: Објава погрешно тврди дека Албанија и Косово не ѝ пружиле помош на Македонија по трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

Британците воведуваат строго ограничување на брзинaтa – во близина на училишта и болници ќе се вози со 16 км/ч

Sase Ivanovski

Вистиномер: Груби не изјавил дека „настаните од 27 април ги организирал тој со Шекеринска“

Sase Ivanovski
Вчитувам....