Со стихови од Григор Прличев и Константин Миладинов, како и од Адем Гајтани, Саме Лимани Жарноски, Гого Ивановски, Игор Исаковски, Абдулазис Ислами, Славко Јаневски, Фахри Каја, Бистрица Миркуловска, Георги Сталев и Лилјана Чаловска денес ќе биде отворено второто издание на Деновите на поезијата, во главниот влез („Партизанска“) на Скопје Сити Мол, со почеток во 18 часот.
Под мотото „Поезијата е и стварност и фантазија, мит на јавето за блиското и далечно минато, за блиската или уште подалечна иднина“ (Ацо Шопов), организаторите на оваа културна манифестација, фондацјата „Ацо Шопов – Поезија“ и Скопје Сити Мол, и овојпат ќе ги поврзат во една нишка сите генерации поети, од основоположниците, преку афирмираните современи поети, до оние кои допрва почнуваат да ја градат утрешнината на македонската поезија, а свеченото отворање ќе им биде посветено на значајни јубилеи кои ги одбележуваме годинава.
Нивните стихови ќе ги чита Никола Ристановски, со придружба на Анастасија Трајковска и Давид Димоски, студенти од класата на Ангелчо Илиевски, на Факултетот за драмски уметности, и Никола Ѓоргиев и Антонио Трајкоски, студенти од класата на Драган Даутовски, на Факултетот за музичка уметност при УКИМ, а за нив ќе зборува Наташа Аврамовска, директорка на Институтот за македонска литература.
Аврамовска ќе се осврне и на другите значајни овогодишни јубилеи, како што се: 150 години од објавувањето од „Речник на три јазика“ и 145 години од објавувањето на „Слогница речовска“ од Ѓорѓија Пулевски; 135 години од првата докторска дисертација за македонскиот јазик на балто-германскиот лингвист Леонард Готхилф Мазинг; 100 години од објавувањето Абецедарот – буквар на македонски јазик за македонското национално малцинство во Грција, подготвен од специјална комисија на грчката влада, под покровителство на Друштвото на народите во Женева, отпечатен во Атина; и 80 години од усвојувањето на македонската азбука и македонскиот правопис, како и од печатењето на првиот Буквар во слободна Македонија.
Специјален гостин на отворањето ќе биде Јанко Ивановски, ученик во 7 б одделение, во училиштето „Ацо Шопов“ од Скопје, и правнук на поетот Гого Ивановски, роден пред точно сто години во Скопје, припадник на првата повоена генерација македонски поети кои го градеа современиот македонски јазик и го почнаа поинтензивно да го потврдуваат македонскиот идентитет на светската поетска сцена.
Во својство на претседател на Македонскиот ПЕН центар, Владимир Мартиновски, декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ ќе ги најави средбите и разговорите со нашите современици што ќе се одвиваат во следните два дена.
Омаж ќе им биде оддаден и на двајца поети кои нè напуштија меѓу две едиции на манифестацијата, Линдита Ахмети и Михаил Ренџов, чиј поетски збор ќе оживее преку нивните најблиски: писателот Џабир Ахмети и музичарот Петар Ренџов, со вокална придружба на Сашо Гигов-Гиш.
Свеченото отворање ќе се заокружи со поетскиот перформанс „Сенгор – Шопов: паралели со допирни точки“, во изведба на двајца првенеци на Македонскиот народен театар, актерите Никола Ристановски и Игор Џамбазов, со музичка придружба на Петар Ренџов. Со тоа ќе им се укаже почит на Леополд Седар Сенгор, сенегалски франкофон поет кој пред 50 години го доби „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата, и Ацо Шопов, неговиот препејувач и пријател, кој пред 70 години ја објави збирката Слеј се со тишината со која беше одбележан историски пресврт во развојот на македонската поезија.
Програмата на Деновите н поезијата продолжува до среда. Деталната агенда е достапна тука
Повеќе информации за Деновите на поезијата 2025
Најново
Анализа на дописникот на „Скај њуз“ од Москва: Украина и сојузниците ќе бидат разочарани и загрижени за исходот од разговорот меѓу Трамп и Путин
Мицковски јавно го обвинува за велепредавство а дали ќе одговара вели тоа е работа на обвинителството
Путин по разговорот со Трамп: Подготвени смe на работа на мемордандум со Украина, вклучувајќи и примирје
(ВИДЕО) КУПИЛА 6 КУЌИ ПО ЕДНО ЕВРО ВО ИТАЛИЈА, А СЕГА ОТКРИВА ДАЛИ ВРЕДЕЛО Американка сподели колку ја чинеше реновирањето
(ВИДЕО+ФОТО) Граѓаните и активистите во одбрана на дрвјата во Градски парк: Се „спасија“ дел од 113-те обележени за сечење
Кривична пријава за градоначалникот на Крива Паланка поради овозможување на бесправно поставување на урбана опрема
ХРВАТСКИТЕ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИ ГО ИЗГУБИЈА СВОЈОТ БАСТИОН РИЕКА По локалните избори, Хрватска останува „доминантно сина“
ОД ВИШОК СТРУЈА ОСТАНАВМЕ БЕЗ СТРУЈА Енергијата од сонце ќе ги изгори инвестициите ако не се обезбеди пренос или чување
СУДСКИОТ СОВЕТ, СОБРАНИЕТО И УПРАВНИОТ СУД СОЗДАДОА ПРАВЕН ПРЕСЕДАН Уставниот суд очекува правни импликации по поништувањето на изборот на судијката Дуковска
СПЕЦИЈАЛИСТИ ОД СКОПЈЕ ЌЕ ГИ ПРЕГЛЕДААТ ПОВРЕДЕНИТЕ ВО КОЧАНИ Пациентите влегуваат во нова фаза на рехабилитација
(ФОТО) Ѓорѓиевски: Кисела Вода добива уште еден парк – со зеленило, реквизити и прв инклузивен сообраќаен полигон за деца
Џо Бајден и неговата сопруга Џил се заблагодарија за поддршката по објавувањето дека тој боледува од рак
Муртезани: Нема начин како да се избегнат уставните измени, меѓутоа наша одговорност е тие уставни измени да бидат последниот билатерален услов
Левит: Претседателот Трамп и натаму е отворен за средба со Путин, но да се почека денешниот телефонски разговор
Ванс: Доколку Русија не сака да се вклучи во преговорите, САД ќе мора да кажат дека „ова не е нивна војна
Се задолжуваат за сума поголема од нашиот буџет, а не знаеме ни колкава е каматата: Филипче за заемот од Обединетото кралство
Тројца кандидати за гувернер: Сиљановска Давкова се мисли помеѓу Ангеловска-Бежовска, Ставревски и Славески
(ВИДЕО) ФИЛИПЧЕ: ГО ПОЗДРАВУВАМЕ ДОГОВОРОТ ЗА СТРАТЕШКО ПАРТНЕРСТВО СО БРИТАНИЈА, ЌЕ ГО ГЛАСАМЕ КОГА ЌЕ ИМА РАТИФИКАЦИЈА ВО СОБРАНИЕ
Убиството на колумбискиот модел, само неколку дена откако мексикански инфлуенсер беше застрелан на пренос во живо, предизвика осуда на фемицидот
Во организација на ФУСМАК и ОСУС – Куманово, денес се одржа ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО АТЛЕТИКА за учениците од основните и средните училишта
Педро Паскал ја убедувал Дакота Џонсон да отвори профил на „Онлифенс“: Само да мрднеш со прстот на ногата ќе заработиш пари
Судскиот совет да постапи согласно пресудата и препораките на Управниот суд за избор на уставен судија, рече Филков
Мицкоски се сретнал со семејства на загинатите од Кочани – средбата била тајна на барање на семејствата
Муртезани: Револтот кај поддржувачите на Алијанса за Албанците е многу голем, ќе продолжи трендот на заминувања
Вистиномер: Објава погрешно тврди дека Албанија и Косово не ѝ пружиле помош на Македонија по трагедијата во Кочани
Вчитувам....