9.5 C
Скопје
20/05/2025 03:52
МАКТЕЛ

     

АНАЛИЗА: Придонеси за државата, здравје ,,на приватно” – парадоксот на системот

      

ПАРИ ЕКСКЛУЗИВНО: Секоe десетo евро оди во „Систина” – довербата на пациентите се мери во милиони. Кој може да плати, без размислување се определува за услугите на приватното здравство. Приватните болници се избор и на тие што немаат вишок средства, особено кога се работи за одделни интервенции за кои се плаќа партиципација. А, и кога нема таква можност, се подигнуваат банкарски кредити. Руинираното јавно здравство, без оглед на стручноста на преостанатиот медицински кадар, не ги задоволува потребите на пациентите, кои реалноста одамна ја преточија во виц: „Донесовте пиџама, влечки, газа, лекови? Да, носам и доктор ако случајно немате”. Таквата ориентација за речиси 12 милиони евра ги зголеми приходите на седум приватни здравствени установи: „Аџибадем Систина”,„Жан Митрев”, „Неуромедика”, „Ремедика”, „Плодност” од Битола, „Д-р Органџиски” од Штип и „Санте плус Груп”. Во текот на минатата 2024 година, граѓаните за здравствените услуги што ги добиле од нив платиле 102,4 милиони евра – преку придонесите во ФЗОМ или директно. Една година претходно, износот бил 90,7 милиони евра. Треба да се напомене дека освен македонските граѓани, помош бараат и голем број пациенти од Косово.

Анализа на нивните финансиски резултати, што ја направи порталот Пари користејќи ги податоците од БизнисМрежа, покажува дека и овде работењето е проследено со подеми, падови и пресврти. Притоа, може да се констатира: „Систина” ја зацврстува водечката позиција, „Жан Митрев” по загубите се враќа во позитива, „Ремедика” има стабилен развој, „Неуромедика” се движи по блага удолнина, „Плодност” полека, но сигурно расте, кај „Д-р Органџиски” растот е забрзан, а „Санте плус” е во фаза на драматичен пад. НАЈГОЛЕМИТЕ ПРИХОДИ И ТРОШОЦИ – ВО „СИСТИНА” И во 2024 година „Систина” е неприкосновена од аспект на приходите, кои достигнуваат безмалку 64 милиони евра. И, за 10,97 насто се поголеми во споредба со остварените во 2023 година. Всушност, овој резултат е подобар и од регистрираните во Ковид-кризата, која беше „златно време” за приватното здравство. Во овој сегмент, со процентуалниот раст на приходната страна од 85,17%, се издвојува „Плодност”. А, сумата од 5,6 милиони евра е највисока во последниот петгодишен период. И „Д-р Органџиски” може да се пофали со приливите, чија годишна промена е +43,98%. Приходите на штипската болница се во континуран петгодишен раст, а лани достигнале 1,8 милиони евра

   

И „Жан Митрев” има солиден годишниот раст од 20,68 проценти. Приходите се зголемиле од 16,9 милиони во 2023, на 20,4 милиони евра лани. Во периодот од 2020 па наваму, за приходите на оваа Клиничка болница најповолна била 2021 година, кога се инкасирани 32,5 милиони евра. Вкупните лански приходи на „Ремедика” се во износ од 9,1 мили евра. Регистрираната годишна промена е 14,34 проценти (8 милиони евра во 2023). И во овој случај, најголемите приливи (9,9 милиони евра) од обезбедените услуги за пациентите се запишани во 2021 година. Пониски приходи за 11,66 отсто има „Неуромедика”. Се работи за сума од 916,4 илјади евра. За споредба, преклани износот бил еден милион евра и е најголем во последниве четири години. Минус од 43,19% кај приходите бележи специјалната болница за гинекологија, акушерство и ортопедија „Санте плус Груп”. Од 2020 година наваму нема понизок износ од ланските 708 илјади евра.

Приватните здравствени установи имаат и сериозни трошоци, чија заедничка вредност е 92,5 милиони евра и за една година нараснала за безмалку 10 милиони евра. Нивните расходи лани се движеле од 697 илјади во „Санте плус” до 56,8 милиони евра во „Систина”. Всушност, „Санте плус” (-30,55%) и „Неуромедика” (-1,31) се единствените две болници кои успеале да ги скратат давачките. Во „Ремедика” трошоците се зголемени за 6,58%, во „Плодност” за 9,04%, во „Жан Митрев” за 12,13%, во „Систина” за 12,76%, а предничи „Д-р Органџиски” со плус 35,62%.

ДОБИВКАТА НА „Д-Р ОРГАНЏИСКИ” СО НАЈГОЛЕМ СКОК, НА „САНТЕ ПЛУС” ВО ДЛАБОК МИНУС Штипската приватна здравствена установа за една година ја зголемила добивката за респектибилни 248,04%. Всушност, во последниве пет години профитот на „Д-р Органџиски” осцилира, а врвот бил во 2022 година. И во битолската специјална болница може да се задоволни со оплодувањето на добивката за 85,17%. Во 2024 „Плодност” го остварил највисокиот профит во последната петолетка, од близу 870 милјади евра. Висок процентуален раст од 65,63% има и кај „Ремедика”, при што е достигнат износ од 1,4 милиони евра. Профитот на „Систина” е речиси на истото ниво како и во 2023 година, со тоа што ланскиот е понизок за 1,27 отсто. На рамномерната линијата на добивката, има едно поизразено отскокнување – во 2021 година, кога ќарот бил 17,4 милиони евра. Особено интересен е пресвртот кај „Жан Митрев”. По двегодишниот период на загуби, лани го „разби малерот” и забележа симболична, но позитивна добивка од 114,5 илјади евра. Во овој поглед клиничката болница памти и подобри времиња, како на пример, 2021 година со финансиски резултат од 9,2 милиони евра.

Најголемиот пад, пак, е запишан кај „Санте плус” од 99,39%. Од скоро 220 илјади евра во 2023 година, лани добивката се спуштила до 1.345 евра. Од друга страна, „Неуромедика” има пад на добивката од 75,03%. Сепак, останува во позитивната зона со регистрираните 33,3 илјади евра.

НАЈВИСОКИ СЕ ПЛАТИТЕ ВО… „Систина” е најголемиот работодавач меѓу овие здравствени институции. Тимот минатата година броел 1.144 вработени. Споредено со 2023, има промена од 4,67%, или повеќе за 51 ангажирано лице. Во овој поглед расте и „Жан Митрев”, чиј кадар од 301 вработен, повторно се врати на нивото од 2020 година. Во меѓувреме имало мали осипувања, но последната годишна разлика е за 14,89%. Што се однесува до „Плодност”, таму за една година имало седум нови вработувања (+6,48%). А, кај „Д-р Органџиски” биле пополнети уште две работни позиции (+5,56%).

Дека „Санте плус” минува низ криза, покажува и намалувањето на кадарот, за 24,24%. Притоа, дојдени се до најниското ниво во однос на другите четири последователни години и во 2024 тимот броел 25 вработени. Опаѓање на персоналот бележат и „Ремедика” за -3,03% (192 вработени), и „Неуромедика” (-4,35%), која функционира со најмалку вработени – 22.

Кога станува збор за платите, највисоки се примањата во „Жан Митрев”. Просечно исплатената плата во 2024 била 105.609 денари. Но, првпат има пад од скоро 4%. Спротивно на тоа, „Систина” ја зголемила просечната плата за 7,9%. Извесни зголемувања има и кај другите четири приватни болници „Плодност” (4,03%), додека „Неуромедика” (4,13%), „Д-р Органџиски” (4,85%) и „Ремедика” (7,36%). Само во „Санте плус” месечните примања се скратени за 40,85%. А, просечната плата е изедначена со минималната.

(НЕ)РАМНОТЕЖА МЕЃУ ТРОШОЦИТЕ И ПРИХОДИТЕ Профитната маржа е показател кој го мери делот од приходите што останува како добивка по покривањето на сите трошоци. Колку е повисок процентот, толку е поефикасна и попрофитабилна фирмата. Од тој аспект, кај „Систина” е забележлива конзистентна профитабилност, со маржи околу 10% секоја година. Секако, освен исклучителната пандемиска 2021 (32,73%). Трендот е променлив кај „Жан Митрев”. Маржата била многу висока во 2020 и 2021, а потоа оди во минус (-2,24% во 2022), па потоа повторно во плус. Овие податоци упатуваат на нестабилност, но и на опоравувае. Рамнотежата меѓу трошоците и приходите ефикасно се одржува во „Ремедика”, каде што има умерен раст и стабилност. Нето-профитната маржа во петте години се движи од над 12% (2020) до над 15% во 2024. Во овој сегмент се издвојува 2021 со 23,48%. Ефикасноста е влошена кај „Неуромедика”. Од 15,70% (2021) и 12,87% (2023), лани профитната маржа била сведена на само 3,67%.

Уште полоша е состојбата во „Санте плус”, каде што има голем расчекор од од 38,79% во 2022 на минимални 0,22% во 2024 година. Осцилации има и во „Д-р Органџиски”. Драстичен е падот од 23,30% (2022) на 3,40% (2023). По што следи минатата година уследил благ раст на 8,24%. Во овој дел позитивен е примерот на битолската „Плодност”. Линијата на растот е постојана и стабилна – од 6,82% во 2020 до ланските 15,79%.

Податоците се потврда за реалноста на македонскиот здравствен систем, во кој јавниот сегмент речиси и не може да се смета за конкуренција на приватниот. Чија голема предност е можноста за инвестирање во иновации, во кадар и инфраструктура. Или, го има сето тоа што му недостасува на јавното здравство, а е важно за стекнување на довербата на пациентите, кои сѐ повеќе одат „на приватно”, зашто здравјето нема цена. Целата објава на следниот линк: https://pari.com.mk/pari-ekskluzivno-sekoe-deseto-evro-odi/

   

Најново

Анализа на дописникот на „Скај њуз“ од Москва: Украина и сојузниците ќе бидат разочарани и загрижени за исходот од разговорот меѓу Трамп и Путин

Sase Ivanovski

ЕУ воведува нов граничен систем: Се укинуваат печатите во пасошите, ќе има фотографирање

Sase Ivanovski

Мицковски јавно го обвинува за велепредавство а дали ќе одговара вели тоа е работа на обвинителството

Sase Ivanovski

Билјана Каракашова Шулев впишана како нова заменик-претседателка на ДКСК во Централниот регистар

Sase Ivanovski

Утре облачно, од среда со попладневен локален пороен дожд

Sase Ivanovski

Путин по разговорот со Трамп: Подготвени смe на работа на мемордандум со Украина, вклучувајќи и примирје

Sase Ivanovski

Бајден на Х: Ракот сите нè погодува

Sase Ivanovski

ЕУ и задава нов удар на Русија, земјите од Г7 играат клучна улога

Sase Ivanovski

ФИЛИПЧЕ: Износот од 6 милијарди евра е алармантен, дали знаеме колкава е каматата?

Sase Ivanovski

ПОЧИНАТИОТ ОД АЛЕРГИЈА, НЕ ПОЧИНАЛ ОД АЛЕРГИЈА: Причина за смртта била некроза на срцев мускул

Sase Ivanovski

Ивица Челиковиќ: ЕУ и мигрантите одат рака под рака

Sase Ivanovski

Ивор Мицковски: За Мухика и апологетите на скромноста

Sase Ivanovski

Бранко Героски: Маршираме против топовите на европското лицемерие, сењор Кошта!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КУПИЛА 6 КУЌИ ПО ЕДНО ЕВРО ВО ИТАЛИЈА, А СЕГА ОТКРИВА ДАЛИ ВРЕДЕЛО Американка сподели колку ја чинеше реновирањето

Sase Ivanovski

ОВАА ЗЕМЈА СТАНА НОВИОТ ЕЛДОРАДО Огромни резерви на злато, сребро и бакар пронајдени по 30 години

Sase Ivanovski

МАКЕДОНИЈА ДОБИВА НОВИ МОЖНОСТИ ЗА ИНВЕСТИЦИИ Муцунски во дипломатска офанзива во Германија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Митко Муриќ му гостува на Владимир Станковиќ во 180-та епизода од подкастот Бизнис Приказни

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кинески ловец J-10C: Одвојување на митот од реалноста

Sase Ivanovski

Кумановецот Ведат Адеми не починал од алергија на аналгин, вели извештајот од обдукцијата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО+ФОТО) Граѓаните и активистите во одбрана на дрвјата во Градски парк: Се „спасија“ дел од 113-те обележени за сечење

Sase Ivanovski

Управен го „зашемети“ Уставен – Се одложува подготвителната седница за Законот за јазиците

Sase Ivanovski

Јавен апел: Сите повредени во пожарот во „Пулс“ да се јават во кочанската болница

Sase Ivanovski

Оставка поднесе заменик-министерот за земјоделие Беџети, оди во опозиција со Таравари

Sase Ivanovski

Со палка претепан член на партијата на Вучиќ

Sase Ivanovski

Трамп прво разговараше со Зеленски, а не со Путин

Sase Ivanovski

До крај на 2025 година четири украински региони под Русија со премолчена помош од Европа?

Sase Ivanovski

Кривична пријава за градоначалникот на Крива Паланка поради овозможување на бесправно поставување на урбана опрема

Sase Ivanovski

ХРВАТСКИТЕ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИ ГО ИЗГУБИЈА СВОЈОТ БАСТИОН РИЕКА По локалните избори, Хрватска останува „доминантно сина“

Sase Ivanovski

ОД ВИШОК СТРУЈА ОСТАНАВМЕ БЕЗ СТРУЈА Енергијата од сонце ќе ги изгори инвестициите ако не се обезбеди пренос или чување

Sase Ivanovski

ОПШТИНА ЧАИР НЕМА ДОГОВОР СО ДРИСЛА Комунална хигиена го прашува Ганиу каде го фрла ѓубрето

Sase Ivanovski

СУДСКИОТ СОВЕТ, СОБРАНИЕТО И УПРАВНИОТ СУД СОЗДАДОА ПРАВЕН ПРЕСЕДАН Уставниот суд очекува правни импликации по поништувањето на изборот на судијката Дуковска

Sase Ivanovski

ЗЕЛЕНСКИ СО НОВ ПРЕГОВАРАЧКИ ТИМ Украина го забрзува патот кон траен мир со Русија

Sase Ivanovski

СПЕЦИЈАЛИСТИ ОД СКОПЈЕ ЌЕ ГИ ПРЕГЛЕДААТ ПОВРЕДЕНИТЕ ВО КОЧАНИ Пациентите влегуваат во нова фаза на рехабилитација

Sase Ivanovski

(ФОТО) Ѓорѓиевски: Кисела Вода добива уште еден парк – со зеленило, реквизити и прв инклузивен сообраќаен полигон за деца

Sase Ivanovski

Нетанјаху: Израел ќе ја преземе контролата врз цела територија на Појасот Газа

Sase Ivanovski

Ивановски: Планираме да се вратиме на железничката мапа

Sase Ivanovski

Џо Бајден и неговата сопруга Џил се заблагодарија за поддршката по објавувањето дека тој боледува од рак

Sase Ivanovski

НАЈГОЛЕМИТЕ ПРИВАТНИ ЛАБОРАТОРИИ „ИЗБОЦКАА” ЗА 9,5 МИЛИОНИ ЕВРА, колкав профит направија?

Sase Ivanovski

Финска ќе ги користи замрзнатите руски средства за обезбедување муниција за Украина

Sase Ivanovski

Муртезани: Нема начин како да се избегнат уставните измени, меѓутоа наша одговорност е тие уставни измени да бидат последниот билатерален услов

Sase Ivanovski

„Од горчина и мед“ – поделениот и сложен идентитет и скршените срца

Sase Ivanovski

Левит: Претседателот Трамп и натаму е отворен за средба со Путин, но да се почека денешниот телефонски разговор

Sase Ivanovski

Ванс: Доколку Русија не сака да се вклучи во преговорите, САД ќе мора да кажат дека „ова не е нивна војна

Sase Ivanovski

На аџилак и годинава ќе заминат 2020 муслимани од Македонија

Sase Ivanovski

Се задолжуваат за сума поголема од нашиот буџет, а не знаеме ни колкава е каматата: Филипче за заемот од Обединетото кралство

Sase Ivanovski

Тројца кандидати за гувернер: Сиљановска Давкова се мисли помеѓу Ангеловска-Бежовска, Ставревски и Славески

Sase Ivanovski

Починат маж најден во стан во Велес

Sase Ivanovski

Фетаи и Алиу на средба во амбасадата на САД во Скопје откако го напуштија Таравари

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ФИЛИПЧЕ: ГО ПОЗДРАВУВАМЕ ДОГОВОРОТ ЗА СТРАТЕШКО ПАРТНЕРСТВО СО БРИТАНИЈА, ЌЕ ГО ГЛАСАМЕ КОГА ЌЕ ИМА РАТИФИКАЦИЈА ВО СОБРАНИЕ

Sase Ivanovski

Сообраќајка во Аеродром – се судрија моторцикл и автомобил

Sase Ivanovski

Моторските одреди на Русија можеби се самоубиствени, но и нанесуваат штета на Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ОТКРИВА: Дали и како урбаната мафија му врши притисок?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филипче: Гневот кај граѓаните кон власта ќе се излее на локалните избори

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филипче: Историско задолжување од 6 милијарди, а Владата крие детали

Sase Ivanovski

Чупеска: Мултикултурализмот е предуслов за стабилност и просперитет

Sase Ivanovski

Естонија соопшти дека Русија задржала танкер во Балтичкото Море

Sase Ivanovski

Убиството на колумбискиот модел, само неколку дена откако мексикански инфлуенсер беше застрелан на пренос во живо, предизвика осуда на фемицидот

Sase Ivanovski

Гастрономско ремек-дело на Дијана Иваноска: Брзи погачици

Sase Ivanovski

ТФТ го „преслуша“ Работнички и закажа историско финале во МЗТ

Sase Ivanovski

Џудо клубот Сеишин освои 15 медали на меѓународниот турнир „Скопје опен“

Sase Ivanovski

Во организација на ФУСМАК и ОСУС – Куманово, денес се одржа ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО АТЛЕТИКА за учениците од основните и средните училишта

Sase Ivanovski

Колку пари добиваат словенечките општини од сообраќајни прекршоци?

Sase Ivanovski

Нова студија: Пилешкото може да го зголеми ризикот од рак и смрт, особено кај мажите

Sase Ivanovski

Педро Паскал ја убедувал Дакота Џонсон да отвори профил на „Онлифенс“: Само да мрднеш со прстот на ногата ќе заработиш пари

Sase Ivanovski

Синот на Трамп на удар поради реакцијата на дијагнозата на Бајден

Sase Ivanovski

Договорот за заем со Обединетото Кралство е антиевропски, вели Филипче

Sase Ivanovski

Иран: Збогатувањето на ураниум е национално достигнување од кое нема да се откажеме

Sase Ivanovski

Судскиот совет да постапи согласно пресудата и препораките на Управниот суд за избор на уставен судија, рече Филков

Sase Ivanovski

Пандов веќе ја тестира електронската алка што овозможува да има затвореници во куќен затвор

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова денеска нема да достави предлог за гувернер, ќе размислувала уште два-три дена

Sase Ivanovski

Мицкоски се сретнал со семејства на загинатите од Кочани – средбата била тајна на барање на семејствата

Sase Ivanovski

Контраспин: Сиљановска со нефункционален предлог за надминување на евроинтегративната блокада

Sase Ivanovski

Муртезани: Револтот кај поддржувачите на Алијанса за Албанците е многу голем, ќе продолжи трендот на заминувања

Sase Ivanovski

Вистиномер: Aко планот А е неприфатлив, тогаш Владата треба со консензус да осмисли план Б

Sase Ivanovski

Вреди размислува министерот Алиу да биде нов министер за здравство

Sase Ivanovski

Вистиномер: Името на компанијата АстраЗенека на латински не значи патот до смртта

Sase Ivanovski

Како терористите го користат X-от на Маск за пропаганда

Sase Ivanovski

Вистиномер: Објава погрешно тврди дека Албанија и Косово не ѝ пружиле помош на Македонија по трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

Британците воведуваат строго ограничување на брзинaтa – во близина на училишта и болници ќе се вози со 16 км/ч

Sase Ivanovski

Вистиномер: Груби не изјавил дека „настаните од 27 април ги организирал тој со Шекеринска“

Sase Ivanovski
Вчитувам....