10.2 C
Скопје
20/05/2025 02:06
МАКТЕЛ

     

Вистиномер: Дезинформациската „Бура-1516“ беснееше и во Северна Македонија

      

„Бура-1516“ сега е кохерентен и зрел систем што може да биде активиран од спонзорите за дискредитација на европските и северноамериканските личности и организации особено во пресрет на големи настани како избори. Главниот таргет биле владата на Украина со семејството Зеленски, со цел да заслабне поддршката и помошта од западните земји. За таа цел тие беа претставувани како „корумпирани богаташи кои се расфрлаат со странската помош“. Пишува: Мирослава Симоновска

Француската државна агенција за борба против дезинформации ВИГИНУМ објави анализа на руските манипулации со информации спроведени преку 77 засебни кампањи меѓу август 2023 и март 2025 година, кои заедно го носат името „Бура-1516“. Главниот таргет на дезинформациите „Бура-1516“ биле владата на Украина со семејството Зеленски, со цел да заслабне поддршката и помошта од западните земји. За таа цел тие беа претставувани како „корумпирани богаташи кои се расфрлаат со странската помош“.

Иако Северна Македонија не се споменува во анализата на ВИГИНУМ, сепак, дел од наративите и кампањите во извештајот се објавувани на социјалните мрежи и во земјава. Важната напомена што ВИГИНУМ ја пласира е дека „Бура-1516“ ги исполнува критериумите за странско дигитално мешање и претставува значителна закана за дигиталната јавна дебата и во Франција и во другите држави на Европа.

Кои дезинформации од „Бура-1516“ проциркулираа во Северна Македонија?

   

Кога ќе се погледнат „кампањите“ за оцрнување на Володимир Зеленски и неговото семејство споменати во извештајот на ВИГИНУМ, евидентно е дека некои од нив проциркулирале и во Северна Македонија. Тие честопати го таргетираат Зеленски кој е лажно обвинуван дека е „неонацист“, „наркоман“, човек кој ги злоупотребува европските пари за помош на Украина за сопствени луксузи. Во малициозните наративи честопати е вклучена и неговата жена Олена Зеленска, која исто така е невистинито претставувана како ненаситна трошаџика на луксузен накит во софистицирани ексклузивни продавници.

Најчестиот наратив е обвинувањето кон Володимир Зеленски и оние што се блиски до него за „пренасочување на западната помош и трошење огромни пари за луксузни имоти во странство“, како и неговата наводна намера да избега од Украина, која пак е презентирана како да е „држава на работ да ја изгуби војната“. Тврдеа дека украинскиот претседател купил јахта од 75 милиони долари, казино во Кипар, вилата на Стинг во Тоскана, поранешната резиденција на Гебелс, автомобилот на Хитлер. Во август 2023, преку лажен новинар по име Мухамед Ал Алави, се тврдеше дека мајката на Олена Зеленска купила имот во египетски резорт за 5 милиони долари. Во декември 2023 следуваше нова операција од наводниот „брат на Ал Алави“ кој го обвини украинското разузнавање дека го убиле брат му после неговото „истражувачко новинарство“. Овие информации за кои најверојатно било платено да се објават, се појавија во египетските весници, па Министерството за внатрешни работи на Египет мораше официјално да ги демантира, се наведува во извештајот.

Во С. Македонија „Вистиномер“ ги рецензираше дел од дезинформациите кои во извештајот на ВИГИНУМ се посочени како креирани од руска организирана „кујна“. На пример, и кај нас беа актуелни дезинформациите од извештајот за наводните јахти што „ги купил Зеленски“, а кои воопшто не беа продадени. Во долгата листа на дезинформации за Зеленски и неговиот непостоечки „шопинг по имот“, во земјава проциркулира и невистината за купување казино во Кипар, вилата и винаријата на Стингдезинформацијата дека Зеленски го купил автомобилот на Хитлерневистината дека тештата на Зеленски купила вила во Египет итн. Но, тоа не се единствените дезинформации нотирани од француската државна агенција за борба против дезинформации.

На пример, во јули 2024 година проциркулира фалсификувана сметка чија цел беше да ги натера луѓето да поверуваат дека Олена Зеленска ја искористила официјалната посета на Володимир Зеленски на Франција, за да си купи Бугати автомобил од 4,5 милиони евра. Документот од наводната „сметка“ е фалсификуван, пишува во извештајот на ВИГИНУМ

Рецензиите на „Вистиномер“ за оваа конкретна дезинформација покажуваат дека во С. Македонија дури и официјални медиуми ги споделувале. Освен „бугати“ автомобилот, „Вистиномер“ ја забележа и ја рецензираше дезинформацијата дека Олена Зеленска наводно потрошила 1,1 милиони долари на Картие накит. Во извештајот на француски ВИГИНУМ доаѓаат до заклучокот дека некои од индивидуите што во рамките на „Бура-1516“ ја ширеле пропагандата дека сопругата на Зеленски, Олена, наводно „купила накит во Картие од над милион долари“ биле луѓе што се платени актери. 

Всушност се работеше за студентка која живее во Санкт Петербург и најверојатно била регрутирана да го сними видеото. ВИГИНУМ има хипотеза дека актерите што живеат во странство може да бидат регрутирани за вакви операции преку онлајн сервиси. Актерите од „Бура 1516“ се обидуваат да регрутираат платформи што се блиско поврзани со содржината што треба да се пласира, односно индивидуи што го зборуваат јазикот на земјата во која се пласираат содржините. Така тие користеа профили на германски јазик кога ги таргетираа парламентарните избори во Германија. Кога го пласираа видеото дека наводно Зеленски го купил имотот на пејачот Стинг во Италија, се служеа со профилот на „Рамбл“ на италијански заговорнички портал, наведува ВИГИНУМ.

Меѓу дезинформациите кои се нотирани во францускиот документ има и уште една што стигнала до македонското говорно подрачје на социјалните мрежи, а која „Вистиномер“ ја има забележано – тоа е дезинформацијата дека Зеленски купил вила од британскиот крал Чарлс Трети за 20 милиони долари.

Освен Украина, мета беа Франција, Германија и САД во пресрет на изборите

Таргети на дезинформациите, како што се наведува во извештајот покрај Украина биле и Франција, Германија, САД, особено во пресрет на изборите. Така, беа споделувани дезинформации од „Бура-1516“ дека ФБИ прислушувале објект на Доналд Трамп, дека Барак Обама бил вмешан во обидот за атентат врз Трамп од 13 јули 2024. Конкретно за изборите во Европа, нотирана е дезинформација во која Урсула фон дер Лајен е обвинета дека „ѝ помогнала на руска металуршка компанија да ги заобиколи европските санкции што беа воведени по руската воена инвазија врз Украина“. Цели на лажни информации била и руската опозиција во егзил, поконкретно личности поврзани со „Фондот за борба против корупција на Александар Навални“. Навални почина во затвор во февруари 2024.

Операцијата „Бура-1516“ за остварување на своите цели според ВИГИНУМ, користи фото и видеомонтажи, невистинити информации, видео и аудиоснимки креирани со вештачка интелигенција, но и видеа со платени актери. На нив им се лепат и текстови и гласови на француски, англиски, украински, германски, шпански и арапски јазик. Тие се шират преку таканаречени „burner“ профили, кои се создаваат и веднаш по остварувањето на целта се бришат, а потоа содржините се преземаат односно се „перат“ преку медиуми после што проруските актери ги засилуваат преку свои мрежи. Истрагата на француската агенција за борба против дезинформации потврдува вмешаност на поединци и организации блиски на руската влада, вклучувајќи го Џон Марк Дуган, поранешен американски полицаец кој е во егзил во Русија, како и членови на екосистемот на Пригожин и Дугин.

Извор https://www.sgdsn.gouv.fr/files/files/Publications/20250507_TLP-CLEAR_NP_SGDSN_VIGINUM_Technical%20report_Storm-1516.pdf
Извор https://www.sgdsn.gouv.fr/files/files/Publications/20250507_TLP-CLEAR_NP_SGDSN_VIGINUM_Technical%20report_Storm-1516.pdf

Овој сет на манипулации со информации „Бура-1516“ што е активен над година и половина е комплексен, адаптибилен и ефективен при ширење антиукраински и антизападни наративи наменети за западната публика. Од почетокот на руската воена инвазија врз Украина, овој еко-систем значајно инвестираше во координирање на акции во голема мрежа актери и организации што оперираат од руска територија во таргет земјите.

„Бура-1516“ сега е кохерентен и зрел систем што може да биде активиран од спонзорите за дискредитација на европските и северноамериканските личности и организации особено во пресрет на големи настани како избори. Најверојатно ќе продолжат да работат во насока на подигање на кредибилноста на своите содржини, да ги заобиколат механизмите за модерирање на платформите. Во светло на овие настани, ВИГИНУМ смета дека „Бура-1516“ ги исполнува целите на странско дигитално мешање и претставува значајна закана за француската и европската дигитална јавна дебата.

   

Најново

Анализа на дописникот на „Скај њуз“ од Москва: Украина и сојузниците ќе бидат разочарани и загрижени за исходот од разговорот меѓу Трамп и Путин

Sase Ivanovski

ЕУ воведува нов граничен систем: Се укинуваат печатите во пасошите, ќе има фотографирање

Sase Ivanovski

Мицковски јавно го обвинува за велепредавство а дали ќе одговара вели тоа е работа на обвинителството

Sase Ivanovski

Билјана Каракашова Шулев впишана како нова заменик-претседателка на ДКСК во Централниот регистар

Sase Ivanovski

Утре облачно, од среда со попладневен локален пороен дожд

Sase Ivanovski

Путин по разговорот со Трамп: Подготвени смe на работа на мемордандум со Украина, вклучувајќи и примирје

Sase Ivanovski

Бајден на Х: Ракот сите нè погодува

Sase Ivanovski

ЕУ и задава нов удар на Русија, земјите од Г7 играат клучна улога

Sase Ivanovski

ФИЛИПЧЕ: Износот од 6 милијарди евра е алармантен, дали знаеме колкава е каматата?

Sase Ivanovski

ПОЧИНАТИОТ ОД АЛЕРГИЈА, НЕ ПОЧИНАЛ ОД АЛЕРГИЈА: Причина за смртта била некроза на срцев мускул

Sase Ivanovski

Ивица Челиковиќ: ЕУ и мигрантите одат рака под рака

Sase Ivanovski

Ивор Мицковски: За Мухика и апологетите на скромноста

Sase Ivanovski

Бранко Героски: Маршираме против топовите на европското лицемерие, сењор Кошта!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КУПИЛА 6 КУЌИ ПО ЕДНО ЕВРО ВО ИТАЛИЈА, А СЕГА ОТКРИВА ДАЛИ ВРЕДЕЛО Американка сподели колку ја чинеше реновирањето

Sase Ivanovski

ОВАА ЗЕМЈА СТАНА НОВИОТ ЕЛДОРАДО Огромни резерви на злато, сребро и бакар пронајдени по 30 години

Sase Ivanovski

МАКЕДОНИЈА ДОБИВА НОВИ МОЖНОСТИ ЗА ИНВЕСТИЦИИ Муцунски во дипломатска офанзива во Германија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Митко Муриќ му гостува на Владимир Станковиќ во 180-та епизода од подкастот Бизнис Приказни

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кинески ловец J-10C: Одвојување на митот од реалноста

Sase Ivanovski

Кумановецот Ведат Адеми не починал од алергија на аналгин, вели извештајот од обдукцијата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО+ФОТО) Граѓаните и активистите во одбрана на дрвјата во Градски парк: Се „спасија“ дел од 113-те обележени за сечење

Sase Ivanovski

Управен го „зашемети“ Уставен – Се одложува подготвителната седница за Законот за јазиците

Sase Ivanovski

Јавен апел: Сите повредени во пожарот во „Пулс“ да се јават во кочанската болница

Sase Ivanovski

Оставка поднесе заменик-министерот за земјоделие Беџети, оди во опозиција со Таравари

Sase Ivanovski

Со палка претепан член на партијата на Вучиќ

Sase Ivanovski

Трамп прво разговараше со Зеленски, а не со Путин

Sase Ivanovski

До крај на 2025 година четири украински региони под Русија со премолчена помош од Европа?

Sase Ivanovski

Кривична пријава за градоначалникот на Крива Паланка поради овозможување на бесправно поставување на урбана опрема

Sase Ivanovski

ХРВАТСКИТЕ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИ ГО ИЗГУБИЈА СВОЈОТ БАСТИОН РИЕКА По локалните избори, Хрватска останува „доминантно сина“

Sase Ivanovski

ОД ВИШОК СТРУЈА ОСТАНАВМЕ БЕЗ СТРУЈА Енергијата од сонце ќе ги изгори инвестициите ако не се обезбеди пренос или чување

Sase Ivanovski

ОПШТИНА ЧАИР НЕМА ДОГОВОР СО ДРИСЛА Комунална хигиена го прашува Ганиу каде го фрла ѓубрето

Sase Ivanovski

СУДСКИОТ СОВЕТ, СОБРАНИЕТО И УПРАВНИОТ СУД СОЗДАДОА ПРАВЕН ПРЕСЕДАН Уставниот суд очекува правни импликации по поништувањето на изборот на судијката Дуковска

Sase Ivanovski

ЗЕЛЕНСКИ СО НОВ ПРЕГОВАРАЧКИ ТИМ Украина го забрзува патот кон траен мир со Русија

Sase Ivanovski

СПЕЦИЈАЛИСТИ ОД СКОПЈЕ ЌЕ ГИ ПРЕГЛЕДААТ ПОВРЕДЕНИТЕ ВО КОЧАНИ Пациентите влегуваат во нова фаза на рехабилитација

Sase Ivanovski

(ФОТО) Ѓорѓиевски: Кисела Вода добива уште еден парк – со зеленило, реквизити и прв инклузивен сообраќаен полигон за деца

Sase Ivanovski

Нетанјаху: Израел ќе ја преземе контролата врз цела територија на Појасот Газа

Sase Ivanovski

Ивановски: Планираме да се вратиме на железничката мапа

Sase Ivanovski

Џо Бајден и неговата сопруга Џил се заблагодарија за поддршката по објавувањето дека тој боледува од рак

Sase Ivanovski

НАЈГОЛЕМИТЕ ПРИВАТНИ ЛАБОРАТОРИИ „ИЗБОЦКАА” ЗА 9,5 МИЛИОНИ ЕВРА, колкав профит направија?

Sase Ivanovski

Финска ќе ги користи замрзнатите руски средства за обезбедување муниција за Украина

Sase Ivanovski

Муртезани: Нема начин како да се избегнат уставните измени, меѓутоа наша одговорност е тие уставни измени да бидат последниот билатерален услов

Sase Ivanovski

„Од горчина и мед“ – поделениот и сложен идентитет и скршените срца

Sase Ivanovski

Левит: Претседателот Трамп и натаму е отворен за средба со Путин, но да се почека денешниот телефонски разговор

Sase Ivanovski

Ванс: Доколку Русија не сака да се вклучи во преговорите, САД ќе мора да кажат дека „ова не е нивна војна

Sase Ivanovski

На аџилак и годинава ќе заминат 2020 муслимани од Македонија

Sase Ivanovski

Се задолжуваат за сума поголема од нашиот буџет, а не знаеме ни колкава е каматата: Филипче за заемот од Обединетото кралство

Sase Ivanovski

Тројца кандидати за гувернер: Сиљановска Давкова се мисли помеѓу Ангеловска-Бежовска, Ставревски и Славески

Sase Ivanovski

Починат маж најден во стан во Велес

Sase Ivanovski

Фетаи и Алиу на средба во амбасадата на САД во Скопје откако го напуштија Таравари

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ФИЛИПЧЕ: ГО ПОЗДРАВУВАМЕ ДОГОВОРОТ ЗА СТРАТЕШКО ПАРТНЕРСТВО СО БРИТАНИЈА, ЌЕ ГО ГЛАСАМЕ КОГА ЌЕ ИМА РАТИФИКАЦИЈА ВО СОБРАНИЕ

Sase Ivanovski

Сообраќајка во Аеродром – се судрија моторцикл и автомобил

Sase Ivanovski

Моторските одреди на Русија можеби се самоубиствени, но и нанесуваат штета на Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ОТКРИВА: Дали и како урбаната мафија му врши притисок?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филипче: Гневот кај граѓаните кон власта ќе се излее на локалните избори

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филипче: Историско задолжување од 6 милијарди, а Владата крие детали

Sase Ivanovski

Чупеска: Мултикултурализмот е предуслов за стабилност и просперитет

Sase Ivanovski

Естонија соопшти дека Русија задржала танкер во Балтичкото Море

Sase Ivanovski

Убиството на колумбискиот модел, само неколку дена откако мексикански инфлуенсер беше застрелан на пренос во живо, предизвика осуда на фемицидот

Sase Ivanovski

Гастрономско ремек-дело на Дијана Иваноска: Брзи погачици

Sase Ivanovski

ТФТ го „преслуша“ Работнички и закажа историско финале во МЗТ

Sase Ivanovski

Џудо клубот Сеишин освои 15 медали на меѓународниот турнир „Скопје опен“

Sase Ivanovski

Во организација на ФУСМАК и ОСУС – Куманово, денес се одржа ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО АТЛЕТИКА за учениците од основните и средните училишта

Sase Ivanovski

Колку пари добиваат словенечките општини од сообраќајни прекршоци?

Sase Ivanovski

Нова студија: Пилешкото може да го зголеми ризикот од рак и смрт, особено кај мажите

Sase Ivanovski

Педро Паскал ја убедувал Дакота Џонсон да отвори профил на „Онлифенс“: Само да мрднеш со прстот на ногата ќе заработиш пари

Sase Ivanovski

Синот на Трамп на удар поради реакцијата на дијагнозата на Бајден

Sase Ivanovski

Договорот за заем со Обединетото Кралство е антиевропски, вели Филипче

Sase Ivanovski

Иран: Збогатувањето на ураниум е национално достигнување од кое нема да се откажеме

Sase Ivanovski

Судскиот совет да постапи согласно пресудата и препораките на Управниот суд за избор на уставен судија, рече Филков

Sase Ivanovski

Пандов веќе ја тестира електронската алка што овозможува да има затвореници во куќен затвор

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова денеска нема да достави предлог за гувернер, ќе размислувала уште два-три дена

Sase Ivanovski

Мицкоски се сретнал со семејства на загинатите од Кочани – средбата била тајна на барање на семејствата

Sase Ivanovski

Контраспин: Сиљановска со нефункционален предлог за надминување на евроинтегративната блокада

Sase Ivanovski

Муртезани: Револтот кај поддржувачите на Алијанса за Албанците е многу голем, ќе продолжи трендот на заминувања

Sase Ivanovski

Вистиномер: Aко планот А е неприфатлив, тогаш Владата треба со консензус да осмисли план Б

Sase Ivanovski

Вреди размислува министерот Алиу да биде нов министер за здравство

Sase Ivanovski

Вистиномер: Името на компанијата АстраЗенека на латински не значи патот до смртта

Sase Ivanovski

Како терористите го користат X-от на Маск за пропаганда

Sase Ivanovski

Вистиномер: Објава погрешно тврди дека Албанија и Косово не ѝ пружиле помош на Македонија по трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

Британците воведуваат строго ограничување на брзинaтa – во близина на училишта и болници ќе се вози со 16 км/ч

Sase Ivanovski

Вистиномер: Груби не изјавил дека „настаните од 27 април ги организирал тој со Шекеринска“

Sase Ivanovski
Вчитувам....