10.2 C
Скопје
20/05/2025 02:11
МАКТЕЛ

     

Вистиномер: Објава погрешно тврди дека Албанија и Косово не ѝ пружиле помош на Македонија по трагедијата во Кочани

      

Објавата погрешно тврди дека Албанија и Косово не ѝ помогнале на Македонија во врска со пожарот во Кочани. Како што потврди министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, сите држави со кои разговарал, вклучително и Албанија и Косово, понудиле помош. Претседателката Сиљановска објави листа на држави што ѝ помогнале на Макеоднија, а меѓу нив се најде и Албанија. Како што нагласи министерот Таравари, одлуката за тоа каде ќе се праќаат пациентите ја носат лекари и анестезиолози, зависно од условите кои ги нуди секоја држава одделно. Анализираме објава на Фејсбук која вели:
Пред да си замине од власт, ѓубрето Таравари да ни објасни и како доктор и како министер но и како Албанец, зошто на списокот на држави кои ѝ помогнаа на Македонија во несреќата со Кочани ги нема Албанија и Косово?

По трагедијата во Кочани во која во пожар во т.н. кабаре загинаа 62 лица, Владата го активираше системот за цивилна заштита на ЕУ преку кој, како што информираше министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на 22 март, 116 пациенти беа хоспитализираи во болници во 14 држави. Според податоците што беа презентирани, во Србија беа испратени да се лекуваат 31 пациент, во Бугарија 15, во Турција и Грција по 12, во Шпанија 7, во Австрија и Унгарија по 6, во Хрватска 5, а по 4 пациенти беа згрижени во Белгија, Литванија, Италија, Словенија и Шведска. Во Полска се лекуваа 2 пациенти. Дополнително, Чешка и Израел испратија медицински тимови, а Романија, Луксембург, Норвешка и Финска обезбедија логистичка поддршка за транспортот на повредените. Министерот Муцунски, претходно на 17 март, ден по несреќата, соопшти дека лично остварил телефонска комуникација со министрите за надворешни работи на Грција, Бугарија, Србија, Хрватска, Турција, Црна Гора, Холандија, Косово, Малта, Унгарија, Израел, Албанија, БиХ и Словенија, како и со Ричард Гренел во име на администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп. Дополнително, претседателот на Владата Христијан Мицкоски телефонски разговорал со регионални и светски државници, вклучително и со генералниот секетар на НАТО Марк Руте, со претседателите на владите на Хрватска, Бугарија, Белгија, Србија…

Во сите тие разговори беше изразено длабоко сочувство од страна на нашите пријатели и беше понудена помош во форма на материјално – технички средства, човечки капацитети и медицинска нега за пациентите за кои стручните медицински лица ќе одлучат дали и за кого е потребно лекувањето да продолжи во странство. По интензивна комуникација со моите колеги за помалку од 12 часа од несреќата првите пациенти беа на пат кон државите каде што веќе е започнато нивното лекување. Во овој момент вкупно 51 македонски граѓанин е испратен на лекување во следните земји: девет пациенти во Турција, 14 во Бугарија, четворица во Грција, 17 во Србија, четворица во Литванија транспортирани со авион обезбеден од Романија, и засега два пациенти во Унгарија, рече Муцунски.

Значи, како што посочи Муцунски, меѓу државите со кои веднаш стапил во контакт биле и Албанија и Косово. Од сите држави, вклучително и овие две, била понудена помош во форма на материјално- технички средства, човечки капацитети и медицинска нега за пациентите. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на 2 април објави благодарност за помошта што другите држави ѝ ја пружиле на Македонија во врска со пожарот во Кочаи и објави листа од 26 држави на која се најде и Албанија. Дека била понудена помош, потврдија и од албанското министерство здравство. Имено, Министерството за здравство и социјална заштита на Албанија, предводено од Албана Кочиу, на 17 март соопшти дека се во интензивна комуникација со македонските власти во врска со трагичниот случај во Кочани. Оттаму посочија дека се во координација со македонскиот министер за здравство Арбен Таравари.

Министерството за здравство и социјална заштита, изразувајќи солидарност и целосна поддршка, соопштува дека е во постојана и интензивна комуникација со здравствените власти на Северна Македонија. Од првите часови по настанот, министерката за здравство и социјална заштита, г. Албана Кочиу е во директен контакт со нејзиниот колега во Северна Македонија, министерот Арбен Таравари, со цел да ги координира конкретните активности и да обезбеди итна помош во која било форма што ќе им биде потребна на локалните власти. Министерството за здравство и социјална заштита потврдува дека медицинските установи на Република Албанија се целосно подготвени и подготвени да пружат здравствена, логистичка и техничка помош на погодените од оваа трагедија. Во овие тешки моменти, Република Албанија ја потврдува својата солидарност и целосна поддршка на заедницата на Кочани и на властите во Северна Македонија, изразувајќи најискрено сочувство до семејствата на жртвите и желби за брзо закрепнување на сите повреденисоопштија од Министерството за здравство на Албанија.

   

Министерот за здравство Арбен Таравари на 16 март кажа дека повредените кои се во критична состојба ќе бидат пренесени на лекување во Бугарија, Турција, Грција и во Србија, кои понудија помош неколку часа по несреќата.

Се јавија и болници од Холандија, од Албанија. Оставам на анестезиолозите да одлучат за понатамошниот третман на најкритичните пациенти, рече Таравари.

Значи, објавата погрешно тврди дека Албанија и Косово не ѝ помогнале на Македонија во врска со пожарот во Кочани. Како што потврди министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, сите држави со кои разговарал, вклучително и Албанија и Косово, понудиле помош. Претседателката Сиљановска објави листа на држави што и помогнале на Макеоднија, а меѓу нив се најде и Албанија. Како што нагласи министерот за здравство Арбен Таравари, одлуката за тоа каде ќе се праќаат пациентите ја носат лекари и анестезиолози, зависно од условите кои ги нуди секоја држава одделно. Станува збор за пациенти со специфични повреди на кои им се потребни третмани во медицински услови кои ги немаат сите земји. Впрочем, и Македонија нема такви услови, и затоа ги праќаше пациентите на третман во други земји. Поради сето погоре оценуваме дека објавата е невистина.

   

Најново

Анализа на дописникот на „Скај њуз“ од Москва: Украина и сојузниците ќе бидат разочарани и загрижени за исходот од разговорот меѓу Трамп и Путин

Sase Ivanovski

ЕУ воведува нов граничен систем: Се укинуваат печатите во пасошите, ќе има фотографирање

Sase Ivanovski

Мицковски јавно го обвинува за велепредавство а дали ќе одговара вели тоа е работа на обвинителството

Sase Ivanovski

Билјана Каракашова Шулев впишана како нова заменик-претседателка на ДКСК во Централниот регистар

Sase Ivanovski

Утре облачно, од среда со попладневен локален пороен дожд

Sase Ivanovski

Путин по разговорот со Трамп: Подготвени смe на работа на мемордандум со Украина, вклучувајќи и примирје

Sase Ivanovski

Бајден на Х: Ракот сите нè погодува

Sase Ivanovski

ЕУ и задава нов удар на Русија, земјите од Г7 играат клучна улога

Sase Ivanovski

ФИЛИПЧЕ: Износот од 6 милијарди евра е алармантен, дали знаеме колкава е каматата?

Sase Ivanovski

ПОЧИНАТИОТ ОД АЛЕРГИЈА, НЕ ПОЧИНАЛ ОД АЛЕРГИЈА: Причина за смртта била некроза на срцев мускул

Sase Ivanovski

Ивица Челиковиќ: ЕУ и мигрантите одат рака под рака

Sase Ivanovski

Ивор Мицковски: За Мухика и апологетите на скромноста

Sase Ivanovski

Бранко Героски: Маршираме против топовите на европското лицемерие, сењор Кошта!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КУПИЛА 6 КУЌИ ПО ЕДНО ЕВРО ВО ИТАЛИЈА, А СЕГА ОТКРИВА ДАЛИ ВРЕДЕЛО Американка сподели колку ја чинеше реновирањето

Sase Ivanovski

ОВАА ЗЕМЈА СТАНА НОВИОТ ЕЛДОРАДО Огромни резерви на злато, сребро и бакар пронајдени по 30 години

Sase Ivanovski

МАКЕДОНИЈА ДОБИВА НОВИ МОЖНОСТИ ЗА ИНВЕСТИЦИИ Муцунски во дипломатска офанзива во Германија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Митко Муриќ му гостува на Владимир Станковиќ во 180-та епизода од подкастот Бизнис Приказни

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кинески ловец J-10C: Одвојување на митот од реалноста

Sase Ivanovski

Кумановецот Ведат Адеми не починал од алергија на аналгин, вели извештајот од обдукцијата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО+ФОТО) Граѓаните и активистите во одбрана на дрвјата во Градски парк: Се „спасија“ дел од 113-те обележени за сечење

Sase Ivanovski

Управен го „зашемети“ Уставен – Се одложува подготвителната седница за Законот за јазиците

Sase Ivanovski

Јавен апел: Сите повредени во пожарот во „Пулс“ да се јават во кочанската болница

Sase Ivanovski

Оставка поднесе заменик-министерот за земјоделие Беџети, оди во опозиција со Таравари

Sase Ivanovski

Со палка претепан член на партијата на Вучиќ

Sase Ivanovski

Трамп прво разговараше со Зеленски, а не со Путин

Sase Ivanovski

До крај на 2025 година четири украински региони под Русија со премолчена помош од Европа?

Sase Ivanovski

Кривична пријава за градоначалникот на Крива Паланка поради овозможување на бесправно поставување на урбана опрема

Sase Ivanovski

ХРВАТСКИТЕ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИ ГО ИЗГУБИЈА СВОЈОТ БАСТИОН РИЕКА По локалните избори, Хрватска останува „доминантно сина“

Sase Ivanovski

ОД ВИШОК СТРУЈА ОСТАНАВМЕ БЕЗ СТРУЈА Енергијата од сонце ќе ги изгори инвестициите ако не се обезбеди пренос или чување

Sase Ivanovski

ОПШТИНА ЧАИР НЕМА ДОГОВОР СО ДРИСЛА Комунална хигиена го прашува Ганиу каде го фрла ѓубрето

Sase Ivanovski

СУДСКИОТ СОВЕТ, СОБРАНИЕТО И УПРАВНИОТ СУД СОЗДАДОА ПРАВЕН ПРЕСЕДАН Уставниот суд очекува правни импликации по поништувањето на изборот на судијката Дуковска

Sase Ivanovski

ЗЕЛЕНСКИ СО НОВ ПРЕГОВАРАЧКИ ТИМ Украина го забрзува патот кон траен мир со Русија

Sase Ivanovski

СПЕЦИЈАЛИСТИ ОД СКОПЈЕ ЌЕ ГИ ПРЕГЛЕДААТ ПОВРЕДЕНИТЕ ВО КОЧАНИ Пациентите влегуваат во нова фаза на рехабилитација

Sase Ivanovski

(ФОТО) Ѓорѓиевски: Кисела Вода добива уште еден парк – со зеленило, реквизити и прв инклузивен сообраќаен полигон за деца

Sase Ivanovski

Нетанјаху: Израел ќе ја преземе контролата врз цела територија на Појасот Газа

Sase Ivanovski

Ивановски: Планираме да се вратиме на железничката мапа

Sase Ivanovski

Џо Бајден и неговата сопруга Џил се заблагодарија за поддршката по објавувањето дека тој боледува од рак

Sase Ivanovski

НАЈГОЛЕМИТЕ ПРИВАТНИ ЛАБОРАТОРИИ „ИЗБОЦКАА” ЗА 9,5 МИЛИОНИ ЕВРА, колкав профит направија?

Sase Ivanovski

Финска ќе ги користи замрзнатите руски средства за обезбедување муниција за Украина

Sase Ivanovski

Муртезани: Нема начин како да се избегнат уставните измени, меѓутоа наша одговорност е тие уставни измени да бидат последниот билатерален услов

Sase Ivanovski

„Од горчина и мед“ – поделениот и сложен идентитет и скршените срца

Sase Ivanovski

Левит: Претседателот Трамп и натаму е отворен за средба со Путин, но да се почека денешниот телефонски разговор

Sase Ivanovski

Ванс: Доколку Русија не сака да се вклучи во преговорите, САД ќе мора да кажат дека „ова не е нивна војна

Sase Ivanovski

На аџилак и годинава ќе заминат 2020 муслимани од Македонија

Sase Ivanovski

Се задолжуваат за сума поголема од нашиот буџет, а не знаеме ни колкава е каматата: Филипче за заемот од Обединетото кралство

Sase Ivanovski

Тројца кандидати за гувернер: Сиљановска Давкова се мисли помеѓу Ангеловска-Бежовска, Ставревски и Славески

Sase Ivanovski

Починат маж најден во стан во Велес

Sase Ivanovski

Фетаи и Алиу на средба во амбасадата на САД во Скопје откако го напуштија Таравари

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ФИЛИПЧЕ: ГО ПОЗДРАВУВАМЕ ДОГОВОРОТ ЗА СТРАТЕШКО ПАРТНЕРСТВО СО БРИТАНИЈА, ЌЕ ГО ГЛАСАМЕ КОГА ЌЕ ИМА РАТИФИКАЦИЈА ВО СОБРАНИЕ

Sase Ivanovski

Сообраќајка во Аеродром – се судрија моторцикл и автомобил

Sase Ivanovski

Моторските одреди на Русија можеби се самоубиствени, но и нанесуваат штета на Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ОТКРИВА: Дали и како урбаната мафија му врши притисок?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филипче: Гневот кај граѓаните кон власта ќе се излее на локалните избори

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филипче: Историско задолжување од 6 милијарди, а Владата крие детали

Sase Ivanovski

Чупеска: Мултикултурализмот е предуслов за стабилност и просперитет

Sase Ivanovski

Естонија соопшти дека Русија задржала танкер во Балтичкото Море

Sase Ivanovski

Убиството на колумбискиот модел, само неколку дена откако мексикански инфлуенсер беше застрелан на пренос во живо, предизвика осуда на фемицидот

Sase Ivanovski

Гастрономско ремек-дело на Дијана Иваноска: Брзи погачици

Sase Ivanovski

ТФТ го „преслуша“ Работнички и закажа историско финале во МЗТ

Sase Ivanovski

Џудо клубот Сеишин освои 15 медали на меѓународниот турнир „Скопје опен“

Sase Ivanovski

Во организација на ФУСМАК и ОСУС – Куманово, денес се одржа ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО АТЛЕТИКА за учениците од основните и средните училишта

Sase Ivanovski

Колку пари добиваат словенечките општини од сообраќајни прекршоци?

Sase Ivanovski

Нова студија: Пилешкото може да го зголеми ризикот од рак и смрт, особено кај мажите

Sase Ivanovski

Педро Паскал ја убедувал Дакота Џонсон да отвори профил на „Онлифенс“: Само да мрднеш со прстот на ногата ќе заработиш пари

Sase Ivanovski

Синот на Трамп на удар поради реакцијата на дијагнозата на Бајден

Sase Ivanovski

Договорот за заем со Обединетото Кралство е антиевропски, вели Филипче

Sase Ivanovski

Иран: Збогатувањето на ураниум е национално достигнување од кое нема да се откажеме

Sase Ivanovski

Судскиот совет да постапи согласно пресудата и препораките на Управниот суд за избор на уставен судија, рече Филков

Sase Ivanovski

Пандов веќе ја тестира електронската алка што овозможува да има затвореници во куќен затвор

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова денеска нема да достави предлог за гувернер, ќе размислувала уште два-три дена

Sase Ivanovski

Мицкоски се сретнал со семејства на загинатите од Кочани – средбата била тајна на барање на семејствата

Sase Ivanovski

Контраспин: Сиљановска со нефункционален предлог за надминување на евроинтегративната блокада

Sase Ivanovski

Муртезани: Револтот кај поддржувачите на Алијанса за Албанците е многу голем, ќе продолжи трендот на заминувања

Sase Ivanovski

Вистиномер: Aко планот А е неприфатлив, тогаш Владата треба со консензус да осмисли план Б

Sase Ivanovski

Вреди размислува министерот Алиу да биде нов министер за здравство

Sase Ivanovski

Вистиномер: Името на компанијата АстраЗенека на латински не значи патот до смртта

Sase Ivanovski

Како терористите го користат X-от на Маск за пропаганда

Sase Ivanovski

Британците воведуваат строго ограничување на брзинaтa – во близина на училишта и болници ќе се вози со 16 км/ч

Sase Ivanovski

Вистиномер: Груби не изјавил дека „настаните од 27 април ги организирал тој со Шекеринска“

Sase Ivanovski

Руди Лазаревски: За година и пол од денес Црна Гора и Албанија ќе станат нови членки на ЕУ според Макрон.Како и кога ние?!

Sase Ivanovski
Вчитувам....