Познатата римска магистрала Вија Егнација или Вија Игнација на латински е Via Egnatia, што значи патот Егнација. Но, иако пат на италијански јазик, како еден од романските јазици кои се директни наследници на латинскиот, е „strada“ – па некои онлајн речници ги користат „via“ и „strada“ како синоними – тоа сепак не ја потврдува теоријата на заговор против вакцините, односно дека името на компанијата АстраЗенека, произволно поделено во слогови како во објавата што ја рецензираме – а stra ze neca – значи „пат до смртта“ Анализираме објава на Фејсбук која тврди дека преводот на името на компанијата АстраЗенека на латински значело „пат до смртта“.
Во превод од латински
пат до смртта
Притоа, објавата сложенката од името „АстраЗенека“ ги дели на следниот начин: „A stra ze neca“.
Инаку, „АстраЗенека“ е еден од производителите на вакцина против ковид-19 и преку ваквиот „стручен“ латински превод се алудира на тоа дека овие вакцини биле смртоносни. Ако вака поделен зборот го ставиме на Гугл транслејт и му побараме тој да го детектира јазикот, алатката ќе го детектира италијанскиот јазик, а преводот на англиски е следен:
Односно, тој не значи ништо Ако во делот на јазикот ставиме латински, тогаш преводот што се појавува на Гугл транслејт е „патот до смртта“ (a road to death).
Но, тоа не значи дека преводот е точен. Имено, Гугл транслејт често знае да греши и поради тоа не смее да се зема здраво за готово. Ако на Гугл транслејт напишеме обратно, на пример патот до смртта (a road to death) да ни го преведе на латински јазик, ќе го добиеме следното:
„Патот до смртта“ пробавме да го преведеме на латински и преку друг онлајн речник и таму добивме резултат – via ad mortem.
Познатата римска магистрала Вија Егнација или Вија Игнација на латински е Via Egnatia, што значи патот Егнација. Но, иако пат на италијански јазик, како еден од романските јазици кои се директни наследници на латинскиот, е „strada“ – па некои онлајн речници ги користат „via“ и „strada“ како синоними – тоа сепак не ја потврдува теоријата на заговор против вакцините, односно дека името на АстраЗенека, произволно поделено во слогови како во објавата што ја рецензираме – а stra ze neca – значи „пат до смртта“. Од друга страна, пак, терминот astra на латински јазик значи ѕвезда, и е содржан во една од најчесто употребуваните латински изреки која гласи „Per aspera ad astra“, кај нас најчесто преведувана како „Низ трње (неволји, тешкотии) до ѕвезди“.
Името на компанијата „АстраЗенека“ е добиено по спојувањето на две фармацевтски компании, шведската „Astra Ab“ и британската „Zeneca“. Етимолошки Астра доаѓа од старогрчкиот збор ắstron, што значи ѕвезда, а Зенека „е измислено име креирано од ПР агенција на која ѝ е наложено да пронајде име кое започнува со буква од горниот или долниот дел на азбуката и фонетски лесно се памети, со не повеќе од три слога и нема навредливо значење на ниту еден јазик“. Инаку, „АстраЗенека“ ја повлече својата вакцина против ковид-19 од пазарот, но не зашто е смртоносна, туку од комерцијални, економски причини, односно, бидејќи нема доволно голема побарувачка за неа.
После администрирани повеќе од три милијарди дози, вакцината против ковид на „АстраЗенека“ се повлече од пазарот. Од компанијата рекоа дека се неверојатно горди на вакцината, но оваа одлука е комерцијална поради тоа што, откако се појавија новите варијанти на ковид-19, побарувачката се пренасочила кон новите апдејтирани вакцини, а не кон нивната. Вакцината на „АстраЗенека“ спаси милиони животи за време на пандемијата, но предизвика и ретки, понекогаш фатални згрутчувања на крвта. Во трката да се ослободи светот од затворања и ограничувања на движењето, ковид вакцината беше создадена од научниците во рекордно време на Универзитетот Оксфорд. Процес кој вообичаено одзема 10 години, заврши за 10 месеци, пишува Би Би Си. Вистиномер веќе објави дека повлекувањето на вакцината против ковид-19 на „АстраЗенека“ не е поврзано со некакви несакани ефекти туку поради комерцијални причини. Од сето погоре можеме да заклучиме дека објавата што ја анализираме е невистина.