Поранешниот американски претседател Џо Бајден (82) се бори со агресивна форма на рак на простата. Неговата канцеларија ја објави дијагнозата вчера, истакнувајќи дека иако станува збор за поагресивна форма на болеста, може да се контролира. Веста предизвика низа реакции, од кои повеќето му посакаа на Бајден се најдобро, но некои се запрашаа како толку агресивна форма на рак не е дијагностицирана додека тој беше претседател на Соединетите Американски Држави. Ова прашање го постави и најстариот син на претседателот Доналд Трамп, Доналд Трамп помладиот. Пред неговото контроверзно соопштение, Трамп се огласи. „Меланија и јас сме тажни од веста за неодамнешната медицинска дијагноза на Џо Бајден. Им испраќаме најтопли желби на Џил и семејството и му посакуваме на Џо брзо и успешно закрепнување“, напиша Трамп на социјалната мрежа Truth Social.
Неколкумина други, исто така, ја доведоа во прашање временската рамка и транспарентноста на дијагнозата. Трамп помладиот на X напиша: „Сакам да знам како, како доктор, Џил Бајден го пропушти ракот во петта фаза со метастази или е ова уште едно прикривање???“
What I want to know is how did Dr. Jill Biden miss stage five metastatic cancer or is this yet another coverup??? pic.twitter.com/fSqtDmcX4p
— Donald Trump Jr. (@DonaldJTrumpJr) May 18, 2025
Многумина ја критикуваа неговата објава и твреа дека е „срамна“. Дополнително, имаше и такви кои истакнаа дека Џил Бајден ја има титулата затоа што има докторат по образование, а не затоа што е доктор. „Еден човек се бори со рак, а вашиот изопачен одговор е да ја обвините неговата сопруга за прикривање? Тоа не е само изопачено – тоа е нехумано“, гласеше еден од коментарите. И покрај ова, Трамп помладиот напиша во друга објава на X дека „100% се согласува“ со фотографијата, на која пишуваше: „Без оглед на политиката, му посакуваме брзо закрепнување!“.