„Сметам дека јавноста за жал, ниту политичките субјекти, за ваков договор за заем, немаат доволно детали. Сметам дека Владата треба да излезе со детали, бидејќи ваква рамка, за волкав заем, немаме потпишано со ниту една институција, ниту една Влада. Станува збор за огромни суми на пари, камати кои не знаеме колкави се, а ќе ги враќаат неколку генерации. Задолжувањето од 6 милијарди евра се сума на пари поголема од нашиот буџет“, рече лидерот на СДСМ, Венко Филипче за заемот од Обединетото кралство. Во однос на најавеното стратешко партнерство со Велика Британија, побара од Владата да излезе со детали, бидејќи станува збор за огромни суми и јавноста не ги знае каматите.
Филипче нагласи дека СДСМ не е против Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство и тој дел од договорот ќе го поддржи во Собранието со што направи разлика меѓу тој и договорот за заем од 6 милијарди евра. Како и за унгарскиот заем и за овој нема детали под кои услови е договорен заемот, рече Филипче, но јасно е дека овој голем заем, речиси колку цел годишен буџет на Северна Македонија, ќе го враќаат неколку идни генерации.