20/05/2025 01:29
МАКТЕЛ

     

ОД ВИШОК СТРУЈА ОСТАНАВМЕ БЕЗ СТРУЈА Енергијата од сонце ќе ги изгори инвестициите ако не се обезбеди пренос или чување

      

Околу 41% од електричната енергија во земјава се произведува од обновливи извори, што е добро со оглед на планот за брза замена на јагленот во производството на струја, но неконтролираното вложување може да предизвика проблеми во прифаќањето на таа енергија, предупредуваат експертите. Македонија мора да вложува во електропреносниот систем за да може да го прифати новото производство на електрична енергија кое доаѓа од вложувањата во обновливи извори, посебно од фотоволтаичните централи. Или да гради базни електрани кои ќе ја намалат опасноста од испади на системот. Во спротивно ќе мора да издава помалку дозволи за енергетски капацитети или инвеститорите ќе треба самите да го решаваат вишокот на производство кое не може да го прими системот преку дополнително вложување во системи за чување или трошење на веќе произведената енергија, велат експерти.

Околу 41% од електричната енергија во земјава се произведува од обновливи извори, што е добро со оглед на планот за брза замена на јагленот во производството на струја, но неконтролираното вложување може да предизвика проблеми во прифаќањето на таа енергија, велат тие. – Со новиот Закон за енергетика се скратува можноста за издавање дозволи за инсталирање фотоволтаични централи без да се размислува за потребите од струја на земјата, но и покрај тоа останува да се работи на системот за прифаќање на таа енергија која се произведува и можноста таа да излезе од земјата и да се продаде – вели професорот Константин Димитров. Тој посочува дека не треба инвеститорите самите да се остават да го решаваат проблемот, туку и државата треба да вложува во преодниот систем. – Производителите имаат можност да ја складираат енергијата во батериски системи, но имаат и други можности како производство на хидроген или компримиран воздух. Тие самите ќе одлучат што ќе прават. Сега целото производство оди во системот и во одредени периоди го дебалансира. Навистина има можност за исклучување на фотоволтаичните централи, тоа право го има преносникот МЕПСО, но таа енергија треба да се искористи, а не да не се произведе, зашто има можности – вели тој.

   

За Велигден имавме едно дебалансирање на системот кога производството беше поголемо од потрошувачката, а пазарите и надвор од земјава немаа потреба од енергија, па се донесе одлука да се исклучат фотоволтаичните централи чија цена на струјата тие денови беше 0 денари. Колапсот на електроенергетскиот систем што се случи во Шпанија и во Португалија минатиот месец, ја алармира и земјава, бидејќи како една од причините за испадот беше наведена неискористена енергија од фотоволтаични централи. Одговорните во енергетиката велат дека нема да се дозволи испад сличен на оној во Шпанија, бидејќи се координираат активностите, но не можат да бидат сигурни дали испад на системот не може да дојде од регионот со кој сме поврзани. Според податоците на Регулаторната комисија за енергетика, во употреба се фотоволтаични централи со инсталирана моќност од околу 850 мегавати. Тоа е повеќе од половина од потенцијалот на македонската електропреносна мрежа кој се проценува на 1.500 мегавати. Инсталираната моќност на обновливите извори на енергија е 55,72%, по што следат термоелектраните со 34,65% и остатокот од 9,63% е на ТЕ-ТО. Само, фотоволтаичните централи учествуваат со 28,4%.

Ова го наметнува и прашањето дали досега премногу се дадени дозволи за изградба на фотоволтаични централи, наместо да се градат големи базни хидроелектрани. Од Регулаторната комисија велат дека уште има простор за инсталирање сончеви капацитети за производство на струја бидејќи преносниот систем има уште капацитет да ги прими, но потребно е да се инвестира во батериски или во друг вид систем за чување на енергијата. Професорот Ристо Цицонков вели дека оваа хиперпродукција со инсталирање соларни системи и преоптовареноста на мрежата во часовите кога не се произведува соларна енергија може да се надмине со синхронизација на други извори од други капацитети, како хидроцентралата Чебрен и слично. Во меѓувреме треба да најдеме начин за балансирање на системот преку систем за чување на енергијата. – Треба целокупниот енергетски систем да се контролира на многу пософистициран начин (smart grids). Во моментите кога има вишок на електрична енергија од обновливи извори (сонце и ветер) не треба производството да се стопира, туку вишокот да се складира. Има неколку опции за складирање – батерии – тие се скапи, имаат релативно мал капацитет и складирањето трае кратко време, производство на водород со електролиза. И овој систем е скап, но се претпоставува дека во иднина ќе биде подостапно. Пумпно-акумулациски хидроцентрали (на пример во иднина Чебрен), реверзибилни хидроцентрали. Ова моментално е многу атрактивна опција, но една таква можност е и изградба на т.н. Козјак-запад – вели Цицонков.

Од страна на МЕПСО, веќе презентираа активности за модернизација на преносната мрежа, дигитализација, сајбер-безбедност и зајакнување на инфраструктурата. – Работиме со јасна визија и ограничени ресурси, но со континуирана посветеност да ја модернизираме нашата енергетска мрежа и нашите енергетски капацитети во служба на иднината – рече Божиновска. Од Министерството за енергетика велат дека системот е добро вмрежен со регионот со кој се дискутираат мерките што се препорачуваат на меѓународно ниво, но се прават напори и за подобрување на преносниот систем. – Правиме проекција за десет години во мрежата на МЕПСО, бидејќи за сите тие обновливи извори на енергија потребно е да има каде да се приклучат. Ние веќе почнавме со еден грант во Милетково, ја зајакнуваме мрежата на МЕПСО и сега ќе направиме план да видиме каде ни се потребни додатни инвестиции во инфраструктурата и во мрежата. Исто така ќе имаме нов далновод со Албанија што ќе почне да се гради, што значи интензивно работиме на подобрување на нашата мрежа – велат од таму.

Во неделата (18.05.2025) во раните утрински часови дојде до дефект и краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа. Причина за овој прекин беа високите напони на 400-киловолтната мрежа во целиот регион, што го афектираше нашиот систем и го предизвика краткотрајниот испад на енергетските трансформатори 400 /110 киловолти во трансформаторски станици, објасни АД МЕПСО во врска прекинот на електрична енергија низ целата земја. Електричната енергија се врати во функција за еден, а во некои места за два часа по прекинот.

   

Најново

Анализа на дописникот на „Скај њуз“ од Москва: Украина и сојузниците ќе бидат разочарани и загрижени за исходот од разговорот меѓу Трамп и Путин

Sase Ivanovski

ЕУ воведува нов граничен систем: Се укинуваат печатите во пасошите, ќе има фотографирање

Sase Ivanovski

Мицковски јавно го обвинува за велепредавство а дали ќе одговара вели тоа е работа на обвинителството

Sase Ivanovski

Билјана Каракашова Шулев впишана како нова заменик-претседателка на ДКСК во Централниот регистар

Sase Ivanovski

Утре облачно, од среда со попладневен локален пороен дожд

Sase Ivanovski

Путин по разговорот со Трамп: Подготвени смe на работа на мемордандум со Украина, вклучувајќи и примирје

Sase Ivanovski

Бајден на Х: Ракот сите нè погодува

Sase Ivanovski

ЕУ и задава нов удар на Русија, земјите од Г7 играат клучна улога

Sase Ivanovski

ФИЛИПЧЕ: Износот од 6 милијарди евра е алармантен, дали знаеме колкава е каматата?

Sase Ivanovski

ПОЧИНАТИОТ ОД АЛЕРГИЈА, НЕ ПОЧИНАЛ ОД АЛЕРГИЈА: Причина за смртта била некроза на срцев мускул

Sase Ivanovski

Ивица Челиковиќ: ЕУ и мигрантите одат рака под рака

Sase Ivanovski

Ивор Мицковски: За Мухика и апологетите на скромноста

Sase Ivanovski

Бранко Героски: Маршираме против топовите на европското лицемерие, сењор Кошта!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КУПИЛА 6 КУЌИ ПО ЕДНО ЕВРО ВО ИТАЛИЈА, А СЕГА ОТКРИВА ДАЛИ ВРЕДЕЛО Американка сподели колку ја чинеше реновирањето

Sase Ivanovski

ОВАА ЗЕМЈА СТАНА НОВИОТ ЕЛДОРАДО Огромни резерви на злато, сребро и бакар пронајдени по 30 години

Sase Ivanovski

МАКЕДОНИЈА ДОБИВА НОВИ МОЖНОСТИ ЗА ИНВЕСТИЦИИ Муцунски во дипломатска офанзива во Германија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Митко Муриќ му гостува на Владимир Станковиќ во 180-та епизода од подкастот Бизнис Приказни

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кинески ловец J-10C: Одвојување на митот од реалноста

Sase Ivanovski

Кумановецот Ведат Адеми не починал од алергија на аналгин, вели извештајот од обдукцијата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО+ФОТО) Граѓаните и активистите во одбрана на дрвјата во Градски парк: Се „спасија“ дел од 113-те обележени за сечење

Sase Ivanovski

Управен го „зашемети“ Уставен – Се одложува подготвителната седница за Законот за јазиците

Sase Ivanovski

Јавен апел: Сите повредени во пожарот во „Пулс“ да се јават во кочанската болница

Sase Ivanovski

Оставка поднесе заменик-министерот за земјоделие Беџети, оди во опозиција со Таравари

Sase Ivanovski

Со палка претепан член на партијата на Вучиќ

Sase Ivanovski

Трамп прво разговараше со Зеленски, а не со Путин

Sase Ivanovski

До крај на 2025 година четири украински региони под Русија со премолчена помош од Европа?

Sase Ivanovski

Кривична пријава за градоначалникот на Крива Паланка поради овозможување на бесправно поставување на урбана опрема

Sase Ivanovski

ХРВАТСКИТЕ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИ ГО ИЗГУБИЈА СВОЈОТ БАСТИОН РИЕКА По локалните избори, Хрватска останува „доминантно сина“

Sase Ivanovski

ОПШТИНА ЧАИР НЕМА ДОГОВОР СО ДРИСЛА Комунална хигиена го прашува Ганиу каде го фрла ѓубрето

Sase Ivanovski

СУДСКИОТ СОВЕТ, СОБРАНИЕТО И УПРАВНИОТ СУД СОЗДАДОА ПРАВЕН ПРЕСЕДАН Уставниот суд очекува правни импликации по поништувањето на изборот на судијката Дуковска

Sase Ivanovski

ЗЕЛЕНСКИ СО НОВ ПРЕГОВАРАЧКИ ТИМ Украина го забрзува патот кон траен мир со Русија

Sase Ivanovski

СПЕЦИЈАЛИСТИ ОД СКОПЈЕ ЌЕ ГИ ПРЕГЛЕДААТ ПОВРЕДЕНИТЕ ВО КОЧАНИ Пациентите влегуваат во нова фаза на рехабилитација

Sase Ivanovski

(ФОТО) Ѓорѓиевски: Кисела Вода добива уште еден парк – со зеленило, реквизити и прв инклузивен сообраќаен полигон за деца

Sase Ivanovski

Нетанјаху: Израел ќе ја преземе контролата врз цела територија на Појасот Газа

Sase Ivanovski

Ивановски: Планираме да се вратиме на железничката мапа

Sase Ivanovski

Џо Бајден и неговата сопруга Џил се заблагодарија за поддршката по објавувањето дека тој боледува од рак

Sase Ivanovski

НАЈГОЛЕМИТЕ ПРИВАТНИ ЛАБОРАТОРИИ „ИЗБОЦКАА” ЗА 9,5 МИЛИОНИ ЕВРА, колкав профит направија?

Sase Ivanovski

Финска ќе ги користи замрзнатите руски средства за обезбедување муниција за Украина

Sase Ivanovski

Муртезани: Нема начин како да се избегнат уставните измени, меѓутоа наша одговорност е тие уставни измени да бидат последниот билатерален услов

Sase Ivanovski

„Од горчина и мед“ – поделениот и сложен идентитет и скршените срца

Sase Ivanovski

Левит: Претседателот Трамп и натаму е отворен за средба со Путин, но да се почека денешниот телефонски разговор

Sase Ivanovski

Ванс: Доколку Русија не сака да се вклучи во преговорите, САД ќе мора да кажат дека „ова не е нивна војна

Sase Ivanovski

На аџилак и годинава ќе заминат 2020 муслимани од Македонија

Sase Ivanovski

Се задолжуваат за сума поголема од нашиот буџет, а не знаеме ни колкава е каматата: Филипче за заемот од Обединетото кралство

Sase Ivanovski

Тројца кандидати за гувернер: Сиљановска Давкова се мисли помеѓу Ангеловска-Бежовска, Ставревски и Славески

Sase Ivanovski

Починат маж најден во стан во Велес

Sase Ivanovski

Фетаи и Алиу на средба во амбасадата на САД во Скопје откако го напуштија Таравари

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ФИЛИПЧЕ: ГО ПОЗДРАВУВАМЕ ДОГОВОРОТ ЗА СТРАТЕШКО ПАРТНЕРСТВО СО БРИТАНИЈА, ЌЕ ГО ГЛАСАМЕ КОГА ЌЕ ИМА РАТИФИКАЦИЈА ВО СОБРАНИЕ

Sase Ivanovski

Сообраќајка во Аеродром – се судрија моторцикл и автомобил

Sase Ivanovski

Моторските одреди на Русија можеби се самоубиствени, но и нанесуваат штета на Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ОТКРИВА: Дали и како урбаната мафија му врши притисок?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филипче: Гневот кај граѓаните кон власта ќе се излее на локалните избори

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филипче: Историско задолжување од 6 милијарди, а Владата крие детали

Sase Ivanovski

Чупеска: Мултикултурализмот е предуслов за стабилност и просперитет

Sase Ivanovski

Естонија соопшти дека Русија задржала танкер во Балтичкото Море

Sase Ivanovski

Убиството на колумбискиот модел, само неколку дена откако мексикански инфлуенсер беше застрелан на пренос во живо, предизвика осуда на фемицидот

Sase Ivanovski

Гастрономско ремек-дело на Дијана Иваноска: Брзи погачици

Sase Ivanovski

ТФТ го „преслуша“ Работнички и закажа историско финале во МЗТ

Sase Ivanovski

Џудо клубот Сеишин освои 15 медали на меѓународниот турнир „Скопје опен“

Sase Ivanovski

Во организација на ФУСМАК и ОСУС – Куманово, денес се одржа ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО АТЛЕТИКА за учениците од основните и средните училишта

Sase Ivanovski

Колку пари добиваат словенечките општини од сообраќајни прекршоци?

Sase Ivanovski

Нова студија: Пилешкото може да го зголеми ризикот од рак и смрт, особено кај мажите

Sase Ivanovski

Педро Паскал ја убедувал Дакота Џонсон да отвори профил на „Онлифенс“: Само да мрднеш со прстот на ногата ќе заработиш пари

Sase Ivanovski

Синот на Трамп на удар поради реакцијата на дијагнозата на Бајден

Sase Ivanovski

Договорот за заем со Обединетото Кралство е антиевропски, вели Филипче

Sase Ivanovski

Иран: Збогатувањето на ураниум е национално достигнување од кое нема да се откажеме

Sase Ivanovski

Судскиот совет да постапи согласно пресудата и препораките на Управниот суд за избор на уставен судија, рече Филков

Sase Ivanovski

Пандов веќе ја тестира електронската алка што овозможува да има затвореници во куќен затвор

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова денеска нема да достави предлог за гувернер, ќе размислувала уште два-три дена

Sase Ivanovski

Мицкоски се сретнал со семејства на загинатите од Кочани – средбата била тајна на барање на семејствата

Sase Ivanovski

Контраспин: Сиљановска со нефункционален предлог за надминување на евроинтегративната блокада

Sase Ivanovski

Муртезани: Револтот кај поддржувачите на Алијанса за Албанците е многу голем, ќе продолжи трендот на заминувања

Sase Ivanovski

Вистиномер: Aко планот А е неприфатлив, тогаш Владата треба со консензус да осмисли план Б

Sase Ivanovski

Вреди размислува министерот Алиу да биде нов министер за здравство

Sase Ivanovski

Вистиномер: Името на компанијата АстраЗенека на латински не значи патот до смртта

Sase Ivanovski

Како терористите го користат X-от на Маск за пропаганда

Sase Ivanovski

Вистиномер: Објава погрешно тврди дека Албанија и Косово не ѝ пружиле помош на Македонија по трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

Британците воведуваат строго ограничување на брзинaтa – во близина на училишта и болници ќе се вози со 16 км/ч

Sase Ivanovski

Вистиномер: Груби не изјавил дека „настаните од 27 април ги организирал тој со Шекеринска“

Sase Ivanovski

Руди Лазаревски: За година и пол од денес Црна Гора и Албанија ќе станат нови членки на ЕУ според Макрон.Како и кога ние?!

Sase Ivanovski
Вчитувам....