Рускиот претседател Владимир Путин е убеден дека до крајот на 2025 година, руските вооружени сили ќе ја пробијат одбраната на Украина и ќе стават под целосна контрола четири клучни области – Народните републики Доњецк и Луганск (ДНР и ЛНР), како и регионите Херсон и Запорожје, пишува Блумберг, цитирајќи извор близок до руската влада.
Путин игра на долги патеки Според извори, Москва е подготвена за долготрајна војна за да ги постигне целите на Кремљ, а Путин е оптимист и за идните односи со САД. Рускиот претседател наводно верува дека „има добри карти“ пред закажаниот телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, кој е закажан за денеска подоцна во денот. Европските лидери во паника: страв од „лошиот договор“ на Трамп со Путин Европските лидери, во меѓувреме загрижени за евентуалниот избрзан договор меѓу Вашингтон и Москва, се обидуваат да го одвратат Трамп да донесе избрзани одлуки кои би биле од корист за Русија. Блумберг објави дека Путин не планира да направи сериозни отстапки за време на разговорите со Трамп. Во телефонскиот разговор со Трамп на 16 мај, украинскиот претседател Володимир Зеленски изгледал „депресивен и исцрпен“, според агенцијата. Европските лидери се обидоа да го убедат Трамп дека Путин манипулира со ситуацијата и го турка кон неприфатлив договор што може да го направи да изгледа како губитник.