20/05/2025 01:57
МАКТЕЛ

     

Управен го „зашемети“ Уставен – Се одложува подготвителната седница за Законот за јазиците

      

Пресудата на Управниот суд, кому му требаа две години да го поништи изборот на уставната судијка Елизабета Дуковска за судија во Уставниот суд ја одложи подготвителната седница за предметот за Законот за јазиците во кој токму оваа судијка беше судија известител, но Уставниот суд нема да ги преиспитува одлуките во чие носење учествувал судијата. Уставниот суд не ја коментира пресудата на Управен, но оценува дека постапувањето на Судскиот совет, Собранието и управните судови во овој случај, предизвикале правен преседан кој создаде правна состојба со која ниту еден досегашен состав на Уставниот суд се нема соочено. – Уставниот суд денеска го прими дописот од претседателот на Собранието од 15.05.2025 година на Управниот суд. Уставниот суд не ја коментира Пресудата на Управниот суд. Постапувањето на сите инволвирани органи како што се Судскиот совет, Собранието и управните судови во овој случај, предизвикаа правен преседан кој создаде правна состојба со која ниту еден досегашен состав на Уставниот суд се нема соочено.

Таквиот правен преседан несомнено создава правни импликации во постапувањето на Уставниот суд во согласност со неговите надлежности. На денешниот работен состанок, поради големиот интерес на јавноста за приоритетни прашања, Судот одлучи: Да се одложи подготвителната седница по предметот за Законот за употреба на јазиците, која беше закажана за 19 јуни 2025 година, од причина што судијата на кој се однесува поништената одлука за избор со пресудата на Управниот суд е судија-известител на конкретниот предмет, а дополнително Судот има донесено Заклучок според кој постапувањето по овој предмет треба да биде во полн состав на Судот. Во врска со правните импликации по Пресудата на Управниот суд, укажуваме дека согласно со член 112 став 2 од Уставот, одлуките на Уставниот суд се конечни и извршни, Уставниот суд нема по службена должност да ги преиспитува одлуките во чие носење учествувал судијата на кој се однесува поништената одлука за избор со Пресудата на Управниот суд – велат од Уставен суд.

   

Поништувањето на изборот на Дуковска ги затекна и Уставниот суд и Судскиот совет, Собранието, но и правните експерти, со оглед на тоа што ваква правна ситуација се случува првпат во период кога се подготвува подготвителната седница за Законот за јазиците, но и одлука за овој случај што може да предизвика политички потрес. Управниот суд официјално соопшти дека пресудата со која е поништена одлуката за избор на судија на Уставниот суд била донесена на 15 мај. Според објавената пресуда, претходно Управниот суд двапати ја отфрлал тужбата поради ненавременост и други причини, а Вишиот управен суд двапати ги укинувал решенијата на Управен и третиот пат, по две години, Управниот суд го поништува изборот на Дуковска направен во Судскиот совет, додека во меѓувреме таа одлучува и постапува во Уставниот суд. Управниот суд одлучил дека двете институции – Судскиот совет и Собранието, со одлуката за изборот на Дуковска, избрана за судија во 2023 година, направиле прекршувања на процедурите и на Уставот, едната на чело со поранешната претседателка Весна Дамева, а втората со поранешниот претседател Талат Џафери.

Според Управниот суд, кој се повикува на записникот на седницата на Судскиот совет за избор на уставен судија од редот на судиите, било утврдено дека има тројца кандидати, и тоа Елизабета Дуковска, судија на Апелацискиот суд Скопје, Татјана Сусулеска, судија на Апелацискиот суд Битола, и Антоанета Димовска, судија на Основен граѓански суд Скопје. На седницата не биле оценети секој од кандидатите и не била утврдена ранг-листа, а како потврда на ова тврдење бил и фактот дека на ниту еден од членовите на Судскиот совет со право на глас, не му била доставена биографија на трите предложени кандидатки. По утврдувањето на редоследот на гласање, се пристапило кон гласање за првопредложениот кандидат Елизабета Дуковска, па од вкупно 13 гласа, 11 гласа биле „за“, додека „против“ гласале 2 члена на Судскиот совет, па со оглед дека бил исполнет законскиот услов да гласаат најмалку 8 члена со право на глас, претседателот на Судскиот совет констатирал дека е утврден предлогот за кандидат за избор на судија на Уставниот суд од редот на судиите. Според тоа, тој не допуштил гласањето да продолжи за другите двајца кандидати и на тој начин им го ускратил правото на еднакви можности, да бидат утврдени како предлог за избор на уставен судија.

– Судот наоѓа дека со ваквиот начин на гласање на членовите на Советот, односно со негласање по другите два предлога, оневозможена е еднаква примена на правилата на постапката за сите кандидати, со оглед дека само еден кандидат добил можност за реална поддршка преку гласање, а на другите два кандидати им е ускратена можност да имаат ист третман и еднакви можности при изборот, иако претходно сите три кандидати биле подржани од членовите на Советот, што влијае врз законитоста и транспарентноста на постапката со оглед дека предлог избор не е донесен врз основа на целосно разгледување и гласање по сите предлози, туку по хронолошки редослед на изнесените предлози, поточно само по првиот предлог, со што е повредено не само начело на еднаквост туку и начело на мерит-системот – се вели во пресудата на Управниот суд. Според ова, претходната постапка резултирала со донесување неправилна и незаконска одлука и во Собранието. Уставниот суд сега останува со 8 судии. Претседателот на Собранието Африм Гаши ги известил Уставниот суд и Судскиот совет за одлуката на Управниот суд, која ќе мора да се спроведе.

Дуковска која има 64 години, треба да се врати во Апелацискиот суд Скопје од каде што дојде во Уставниот суд, а Судскиот совет да распише нов оглас. Дуковска беше известител за Законот за јазиците. Тој сега ќе треба да му се додели на друг судијата, што веројатно ќе ја одолжи процедурата затоа што тој детално треба да се запознае со предметот. И одлуката за собирањето потписи за независните кандидати за изборите може да дојде во прашање. Министерот за правда Игор Филков изјави дека Судскиот совет треба да постапи во согласност со пресудата и препораките на Управниот суд за изборот на Елизабета Дуковска. – Министерството за правда нема надлежност да ги преиспитува одлуките на судовите, тоа е елемент на независност на судската власт. Надлежност за извршување на пресудата од Управниот суд има Собранието, односно, во конкретниот случај има Судскиот совет. Должност на Судскиот совет е да постапи во согласност со пресудата и препораките и да ја повтори постапката. Да ги земе предвид препораките на Управниот суд и да достави нов предлог до Собранието – изјави Филков. Тој немаше коментар за тоа што ќе се случува со одлуките на Уставниот суд во кои судијката Дуковска е известител. – Да почекаме да видиме – рече Филков. На новинарско прашање дали има законски рок до кога Собранието треба да изврши избор на уставен судија, министерот Филков рече дека нема рок.

   

Најново

Анализа на дописникот на „Скај њуз“ од Москва: Украина и сојузниците ќе бидат разочарани и загрижени за исходот од разговорот меѓу Трамп и Путин

Sase Ivanovski

ЕУ воведува нов граничен систем: Се укинуваат печатите во пасошите, ќе има фотографирање

Sase Ivanovski

Мицковски јавно го обвинува за велепредавство а дали ќе одговара вели тоа е работа на обвинителството

Sase Ivanovski

Билјана Каракашова Шулев впишана како нова заменик-претседателка на ДКСК во Централниот регистар

Sase Ivanovski

Утре облачно, од среда со попладневен локален пороен дожд

Sase Ivanovski

Путин по разговорот со Трамп: Подготвени смe на работа на мемордандум со Украина, вклучувајќи и примирје

Sase Ivanovski

Бајден на Х: Ракот сите нè погодува

Sase Ivanovski

ЕУ и задава нов удар на Русија, земјите од Г7 играат клучна улога

Sase Ivanovski

ФИЛИПЧЕ: Износот од 6 милијарди евра е алармантен, дали знаеме колкава е каматата?

Sase Ivanovski

ПОЧИНАТИОТ ОД АЛЕРГИЈА, НЕ ПОЧИНАЛ ОД АЛЕРГИЈА: Причина за смртта била некроза на срцев мускул

Sase Ivanovski

Ивица Челиковиќ: ЕУ и мигрантите одат рака под рака

Sase Ivanovski

Ивор Мицковски: За Мухика и апологетите на скромноста

Sase Ivanovski

Бранко Героски: Маршираме против топовите на европското лицемерие, сењор Кошта!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КУПИЛА 6 КУЌИ ПО ЕДНО ЕВРО ВО ИТАЛИЈА, А СЕГА ОТКРИВА ДАЛИ ВРЕДЕЛО Американка сподели колку ја чинеше реновирањето

Sase Ivanovski

ОВАА ЗЕМЈА СТАНА НОВИОТ ЕЛДОРАДО Огромни резерви на злато, сребро и бакар пронајдени по 30 години

Sase Ivanovski

МАКЕДОНИЈА ДОБИВА НОВИ МОЖНОСТИ ЗА ИНВЕСТИЦИИ Муцунски во дипломатска офанзива во Германија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Митко Муриќ му гостува на Владимир Станковиќ во 180-та епизода од подкастот Бизнис Приказни

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кинески ловец J-10C: Одвојување на митот од реалноста

Sase Ivanovski

Кумановецот Ведат Адеми не починал од алергија на аналгин, вели извештајот од обдукцијата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО+ФОТО) Граѓаните и активистите во одбрана на дрвјата во Градски парк: Се „спасија“ дел од 113-те обележени за сечење

Sase Ivanovski

Јавен апел: Сите повредени во пожарот во „Пулс“ да се јават во кочанската болница

Sase Ivanovski

Оставка поднесе заменик-министерот за земјоделие Беџети, оди во опозиција со Таравари

Sase Ivanovski

Со палка претепан член на партијата на Вучиќ

Sase Ivanovski

Трамп прво разговараше со Зеленски, а не со Путин

Sase Ivanovski

До крај на 2025 година четири украински региони под Русија со премолчена помош од Европа?

Sase Ivanovski

Кривична пријава за градоначалникот на Крива Паланка поради овозможување на бесправно поставување на урбана опрема

Sase Ivanovski

ХРВАТСКИТЕ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТИ ГО ИЗГУБИЈА СВОЈОТ БАСТИОН РИЕКА По локалните избори, Хрватска останува „доминантно сина“

Sase Ivanovski

ОД ВИШОК СТРУЈА ОСТАНАВМЕ БЕЗ СТРУЈА Енергијата од сонце ќе ги изгори инвестициите ако не се обезбеди пренос или чување

Sase Ivanovski

ОПШТИНА ЧАИР НЕМА ДОГОВОР СО ДРИСЛА Комунална хигиена го прашува Ганиу каде го фрла ѓубрето

Sase Ivanovski

СУДСКИОТ СОВЕТ, СОБРАНИЕТО И УПРАВНИОТ СУД СОЗДАДОА ПРАВЕН ПРЕСЕДАН Уставниот суд очекува правни импликации по поништувањето на изборот на судијката Дуковска

Sase Ivanovski

ЗЕЛЕНСКИ СО НОВ ПРЕГОВАРАЧКИ ТИМ Украина го забрзува патот кон траен мир со Русија

Sase Ivanovski

СПЕЦИЈАЛИСТИ ОД СКОПЈЕ ЌЕ ГИ ПРЕГЛЕДААТ ПОВРЕДЕНИТЕ ВО КОЧАНИ Пациентите влегуваат во нова фаза на рехабилитација

Sase Ivanovski

(ФОТО) Ѓорѓиевски: Кисела Вода добива уште еден парк – со зеленило, реквизити и прв инклузивен сообраќаен полигон за деца

Sase Ivanovski

Нетанјаху: Израел ќе ја преземе контролата врз цела територија на Појасот Газа

Sase Ivanovski

Ивановски: Планираме да се вратиме на железничката мапа

Sase Ivanovski

Џо Бајден и неговата сопруга Џил се заблагодарија за поддршката по објавувањето дека тој боледува од рак

Sase Ivanovski

НАЈГОЛЕМИТЕ ПРИВАТНИ ЛАБОРАТОРИИ „ИЗБОЦКАА” ЗА 9,5 МИЛИОНИ ЕВРА, колкав профит направија?

Sase Ivanovski

Финска ќе ги користи замрзнатите руски средства за обезбедување муниција за Украина

Sase Ivanovski

Муртезани: Нема начин како да се избегнат уставните измени, меѓутоа наша одговорност е тие уставни измени да бидат последниот билатерален услов

Sase Ivanovski

„Од горчина и мед“ – поделениот и сложен идентитет и скршените срца

Sase Ivanovski

Левит: Претседателот Трамп и натаму е отворен за средба со Путин, но да се почека денешниот телефонски разговор

Sase Ivanovski

Ванс: Доколку Русија не сака да се вклучи во преговорите, САД ќе мора да кажат дека „ова не е нивна војна

Sase Ivanovski

На аџилак и годинава ќе заминат 2020 муслимани од Македонија

Sase Ivanovski

Се задолжуваат за сума поголема од нашиот буџет, а не знаеме ни колкава е каматата: Филипче за заемот од Обединетото кралство

Sase Ivanovski

Тројца кандидати за гувернер: Сиљановска Давкова се мисли помеѓу Ангеловска-Бежовска, Ставревски и Славески

Sase Ivanovski

Починат маж најден во стан во Велес

Sase Ivanovski

Фетаи и Алиу на средба во амбасадата на САД во Скопје откако го напуштија Таравари

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ФИЛИПЧЕ: ГО ПОЗДРАВУВАМЕ ДОГОВОРОТ ЗА СТРАТЕШКО ПАРТНЕРСТВО СО БРИТАНИЈА, ЌЕ ГО ГЛАСАМЕ КОГА ЌЕ ИМА РАТИФИКАЦИЈА ВО СОБРАНИЕ

Sase Ivanovski

Сообраќајка во Аеродром – се судрија моторцикл и автомобил

Sase Ivanovski

Моторските одреди на Русија можеби се самоубиствени, но и нанесуваат штета на Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ОТКРИВА: Дали и како урбаната мафија му врши притисок?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филипче: Гневот кај граѓаните кон власта ќе се излее на локалните избори

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филипче: Историско задолжување од 6 милијарди, а Владата крие детали

Sase Ivanovski

Чупеска: Мултикултурализмот е предуслов за стабилност и просперитет

Sase Ivanovski

Естонија соопшти дека Русија задржала танкер во Балтичкото Море

Sase Ivanovski

Убиството на колумбискиот модел, само неколку дена откако мексикански инфлуенсер беше застрелан на пренос во живо, предизвика осуда на фемицидот

Sase Ivanovski

Гастрономско ремек-дело на Дијана Иваноска: Брзи погачици

Sase Ivanovski

ТФТ го „преслуша“ Работнички и закажа историско финале во МЗТ

Sase Ivanovski

Џудо клубот Сеишин освои 15 медали на меѓународниот турнир „Скопје опен“

Sase Ivanovski

Во организација на ФУСМАК и ОСУС – Куманово, денес се одржа ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО АТЛЕТИКА за учениците од основните и средните училишта

Sase Ivanovski

Колку пари добиваат словенечките општини од сообраќајни прекршоци?

Sase Ivanovski

Нова студија: Пилешкото може да го зголеми ризикот од рак и смрт, особено кај мажите

Sase Ivanovski

Педро Паскал ја убедувал Дакота Џонсон да отвори профил на „Онлифенс“: Само да мрднеш со прстот на ногата ќе заработиш пари

Sase Ivanovski

Синот на Трамп на удар поради реакцијата на дијагнозата на Бајден

Sase Ivanovski

Договорот за заем со Обединетото Кралство е антиевропски, вели Филипче

Sase Ivanovski

Иран: Збогатувањето на ураниум е национално достигнување од кое нема да се откажеме

Sase Ivanovski

Судскиот совет да постапи согласно пресудата и препораките на Управниот суд за избор на уставен судија, рече Филков

Sase Ivanovski

Пандов веќе ја тестира електронската алка што овозможува да има затвореници во куќен затвор

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова денеска нема да достави предлог за гувернер, ќе размислувала уште два-три дена

Sase Ivanovski

Мицкоски се сретнал со семејства на загинатите од Кочани – средбата била тајна на барање на семејствата

Sase Ivanovski

Контраспин: Сиљановска со нефункционален предлог за надминување на евроинтегративната блокада

Sase Ivanovski

Муртезани: Револтот кај поддржувачите на Алијанса за Албанците е многу голем, ќе продолжи трендот на заминувања

Sase Ivanovski

Вистиномер: Aко планот А е неприфатлив, тогаш Владата треба со консензус да осмисли план Б

Sase Ivanovski

Вреди размислува министерот Алиу да биде нов министер за здравство

Sase Ivanovski

Вистиномер: Името на компанијата АстраЗенека на латински не значи патот до смртта

Sase Ivanovski

Како терористите го користат X-от на Маск за пропаганда

Sase Ivanovski

Вистиномер: Објава погрешно тврди дека Албанија и Косово не ѝ пружиле помош на Македонија по трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

Британците воведуваат строго ограничување на брзинaтa – во близина на училишта и болници ќе се вози со 16 км/ч

Sase Ivanovski

Вистиномер: Груби не изјавил дека „настаните од 27 април ги организирал тој со Шекеринска“

Sase Ivanovski

Руди Лазаревски: За година и пол од денес Црна Гора и Албанија ќе станат нови членки на ЕУ според Макрон.Како и кога ние?!

Sase Ivanovski
Вчитувам....