32-годишниот Ведат Адеми починал од некроза на срцевиот мускул, објави ТВ „21“ повикувајќи се на извештајот на Судска медицина за смртта на кумановецот, кој почина во март во болницата во градот. Во извештајот, според телевизијата, немa наоди што укажуваат дека пациентот починал од алергија на аналгин, како што тврдеа членовите на неговото семејство. Од Основното обвинителство велат дека ќе го отфрлат овој извештај и повторно ќе бидат побарани точни резултати за присуството на аналгин во телото на починатиот и за ефектите на лекот на денот на неговата смрт, пишува ТВ „21“.
Состојбата на Адеми се влошила еден час откако примил инфузија во која била додадена ампула од лекот против болки. Таткото на починатиот Ведат тогаш изјави дека дека ниту лекарот ниту медицинската сестра не ја отвориле здравствената книшка за да проверат дали пациентот е алергичен на некој лек, каде што пишувало дека тој има алергија на аналгин. Веднаш по ова, директорот на кумановската болница беше разрешен од функцијата, а Основното обвинителство во Куманово отвори истрага поради сомневања за медицинска грешка, исто така според извештајот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.