„32-годишниот Ведат Адеми починал од некроза на срцевиот мускул“, стои во Извештајот на Институтот за судска медицина во Скопје. Информацијата ја објави ТВ 21, повикувајќи се на емисијата Инсајд21. Како што пишува ТВ21, емисијата Inside21, ексклузивно го обезбедила извештајот од обдукцијата, во кој не се пронајдени докази дека починатиот Адеми починал поради алергија на аналгин, како што тврделе членовите на семејството.
Според нив, на 17 март во болницата во Куманово, неговата состојба нагло се влошила веднаш по примањето на инфузијата во која била додадена и ампула аналгин, како терапија против болки. Извори од Основното обвинителство во Скопје за Inside21 на ТВ21 информираат дека извештајот ќе биде оспорен од страна на обвинителството, и ќе биде побарано повторно добивање на прецизни резултати за присуството на аналгин во телото на починатиот и неговото влијание на денот на смртта.