Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, во интервју за емисијата „360 степени“ на МРТ 1, рече дека од шесте милијарди евра финансиска рамка со Обединетото Кралство сега може да се зборува за два сигурни проекти – железничката инфраструктура и инвестиции во здравството, во износ од околу 2,2 милијарди евра.
Кочоска: Многу сме внимателни во тој дел. Не одиме, да кажеме, наеднаш и оптимистички во реализација на сите шест милијарди имајќи предвид дека треба да имаме проекти што се зрели и да можат да се реализираат. 360°: Се спомнуваат 2,2 милијарди во првиот циклус.
Кочоска: Така. Првиот циклус подразбира некаде околу пет години. Тоа значи дека две милијарди на пет години се по 400 милиони евра. Толку е годишното зголемување на јавниот долг по однос на овие инвестиции кои, од друга страна, ќе придонесат за раст на економијата затоа што вие, да речеме, при реализација на железничката инфраструктура имате активирано повеќе македонски компании кои ќе работата итн. Значи, додадената вредност ќе биде поголема.
извор и фото: 360степени.мк