Мајка на починато дете од Кочани реагира на тајните средби на Мицкоски со дел од родителите на загинатите во трагедијата во Кочани. Родителите се со име и презиме! Бараме сега јасно и гласно и јавно да се претстават пред сите нас родители на кои некрофилски ни забиваат не ножеви во грб, туку секири ни забиваат, а глодарски ни ги распарчуваат и така скршените и распарчени наши души, а тоа што ни го прават ниту нашите агнели не ни ги оставаат да почиваат во мир. Арам и срам да се нема бре!
Кога идевме за Скопје зошто не малтретираа на тоа пеколно жешко и не не удостоија а има издвоен состанок со сите родители? Секоја задоцнета реакција си има последици. И како тие жени, мајки, медицински сестри, наставнички, професорки и од други професии не ли се пронајдоа како понижени дека се враќаат во нокните часови и дена нивните деца се безбедни? И тоа не ми е јасно – стои во објавата на Фејсбук.
