„ВРЕДИ“ денеска ја официјализира пратеничката група на со девет пратеници, а десеттиот, како што најави на денешната прес-конференција координаторот Беким Ќоку, се очекува да им се приклучи по оставката на пратеникот Салим Сулејмани кој викендов се повлече од пратеничката функција. – Денеска сме тука да ја претставиме пратеничката група ВРЕДИ која поради случувањата што веќе и се познати на јавноста, бараше повторна потврда и разјаснување за тоа како ќе продолжи како пратеничка група. Тука сме официјално да ве известам дека до денес пратеничката група на ВРЕДИ брои девет члена, додека во наредните денови верувам ќе ни се придружи десеттиот член, потоа единаесеттиот, а зошто да не и 14 и практично со тоа со десет членови ние сме најголемата албанска албанска пратеничка група во Собранието на Република Северна Македонија. Пратениците кои учествуваат во оваа група се Африм Гаши, координаторот на пратеничката група Беким Ќоку, Аднан Азири, Мерита Колчи Коџаџику, Имрлије Салиу Фетаи, Саранда Имери Стафаи, Беким Сали, Калтрина Беќири и Фериде Хаџиу – рече Ќоку.
– Нивниот глас овде не вреди повеќе отколку овде заедно со нас. Никаде на друго место, туку овде заедно за нас. Пратеникот како претставник е институција е сам по себе и затоа има автономија за донесување на одлуки. ВРЕДИ продолжува уште посилно и по обединето, убеден албанскиот граѓанин мрази поделби и сака единство. Локалните избори наесен ќе бидат доказ дека бевме и сме во право и дека она што го направивме навистина вредеше, рече Ќоку. Тој нагласи дека десеттиот пратеник кој се очекува да се официјализира и да припаѓа на нивната пратеничка група по оставката на пратеникот Салим Сулејмани. Информира дека водат разговори со сите пратеници, а особено со тие кои беа во пратеничката група ВРЕДИ, односно пратениците од Алијансата на Албанците крилото на Арбен Таравари. Потенцира дека со нив имаат колегијален и пријателски однос. Како што рече, ниту тие самите не знаат што се случува со самата партија. Ќоку нагласи дека не очекува оваа смена и организација на работните тела да влијае врз Бадентерот, оти, како што рече, пратеници од не мнозинството има кај сите парламентарни партии.