Повикот е отворен за најмногу 4 (четири) локални уметници/практичар(к)и/културни работничк/ци од различни дисциплини – театар, перформанс, танц, визуелни уметности, филм, музика, литература, критичка теорија, архитектура – кои имаат искуство на работа на независната културна сцена од најмалку 3 години.
Надоместувајќи го недостатокот од формално образование од областа на современите изведувачки практики, Школата за феминистичко драматуршко размислување им нуди можност на локалните уметници/практичар(к)и/културни работничк/ци од различни дисциплини, активни на независната културна сцена, да се здобијат со теориски и практични знаења за развој на авторски и/или колаборативни дела низ феминистички драматуршки пристапи, кои не само директно референцираат феминистички теми и преокупации, туку неизбежно ги редефинираат творечките процеси.
Водени од позитивните искуства од минатогодишното издание на школата, годинава интерактивната програмата за учење и одучување како серија работилници и/или предавања на Викторија Илиоска, Антониа Рохветер и Оља Грубиќ ја организираме од 6-ти до 12-ти ЈУЛИ на падините на живописната планина Осогово. Платформата ги покрива целосните трошоци за организираниот превоз и хотелско сместување за учесничк/ците.
Потребни документи за пријава:
- Кратка биографија (200 – 350 зборови)
- Портфолио – преглед на релевантни проекти (ве молиме вклучете фотографии, линкови до видеа, рецензии, медиумски објави)
- Мотивациско писмо (500 – 1.000 зборови)
Ве охрабруваме да ги испратите своите пријави на [email protected] најдоцна до 2.6.2025. Како наслов на e-mail пораката наведете “ИФИ Летна школа_ИМЕ И ПРЕЗИМЕ_апликација” и вклучете ги во прилог горенаведените документи потребни за пријава. За сите дополнителни информации, ви стоиме на располагање на [email protected] Резултатите ќе бидат објавени најдоцна до 6.6.2025 година. Тиииит! Инк. го здржува правото да не го исполни целосно бројот на отворени места за учество.