Како што велат очевидци најпрво се слушнал силен тресок пред да избувне огнот. Ветрот го разнесол пламенот на останатите два автомобили на паркингот „Пасат“ и Дачија“. Ноќеска, половина час по полноќ било пријавено дека се опожарени три автомобили паркирани пред колективна зграда на улицата „Леринска“ во Битола. Огнот најпрво избувнал во „тојота“, потоа зафатил уште две возила паркирани до него. Како што велат очевидци најпрво се слушнал силен тресок пред да избувне огнот. Ветрот го разнесол пламенот на останатите два автомобили на паркингот „Пасат“ и Дачија“.
„Во 24 и 20 часот имавме дојава за пожар. Упатено беше едно возило на улица „Леринска“ со 5 пожарникари. Интервенцијата траеше еден час до 1 и 20 часот. Зафатени беа три возила“, изјави командирот на противпожарната единица Горан Димкоски за медиумот „Независен“. Според трврдења на медиуми и очевидци, првиот опожарен автомобил бил во сопственост на семејството на бизнисмен и поранешен кандидат за градоначалник од Битола. Според портпаролот на СВР Битола, Сања Стаматова, трите опожарени возила се водат на приватни фирми, битолска, скопска и тетовска фирма.
„Пожарот избувнал на паркинг на улица ‘Леринска’ каде од страна на непознат стрoтел била фрлена запалива течност при што опожарени биле три возила ‘тојота рав’ хибрид со битолски ознаки сопственост на приватна фирма, корисник била С.К. Другото опожарено возило е ‘фолксваген пасат’ со тетовски регистерски ознаки сопственост на приватна фирма и третото зафатено со оган возило е ‘дачија’ со скопски ознаки исто така сопственост на приватна фирма. Извршен е увид на местото на настанот се превземаат мерки да се расчисти случајот“, изјави Стаматова за „Независен“. Извор: Новинска генција МЕТА