Ги собравме легендите и направивме нешто што досега никогаш не било постигнато во Македонија од домашна продукција – три распродадени вечери по ред во арена „Борис Трајковски“. Со гордост и огромна чест бев креатор и извршен продуцент на целиот проект, заедно со мојот драг пријател Влатко Огњановски. Од декември и првото објавување во Еден на Еден, преку кампањата која ја распродаде првата арена за само 7 дена (најбрзо распродаден настан во македонската историја!), па сè до полнењето на три арени – ова беше една емотивна авантура со многу предизвици, смеа, нервози, но и многу повеќе прекрасни незаборавни моменти. Овој успех е доказ за фантастичната работа на целиот тим на BDG Agency, нескромно мислам дека единствената агенција која можеше да го направи ова. Успехот е доказ и на огромната доверба од нашите партнери и соработници и секако, незаменливата енергија и генијалноста на тројцата легенди: Васко Тодоров, Бубо Каров и Бранко Огњановски.
Голема благодарност и до маестро Џијан Емин за извонредната оркестрација и до целиот оркестар за беспрекорните изведби. Благодарам од срце и на режисерот Синиша Евтимов кој создаде спектакл за паметење, и до сите пријатели што работеа со нас. Посебна благодарност до главниот партнер на проектот „30 години К-15“, @a1makedonija, како и до @alkaloidskopje, @komercijalnabanka, @goldenartmk, @vitaminka.mk и сите останати спонзори! Во завршна фаза сме со подготовка на документарниот филм за К-15 и со нетрпение очекуваме да ви го претставиме наскоро. Уште еднаш, благодарам на сите што бевте дел од оваа незаборавна приказна!
View this post on Instagram