19.8 C
Скопје
21/05/2025 15:00
МАКТЕЛ

     

КРЕИРАВМЕ МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА, СО ФОКУС НА СЕКОЈ ЧЛЕН НА ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО

      

Небојша Божиноски, Раководител на служба за информациски и комуникациски технологии во Триглав пензиско друштво. По повеќе од 20 години професионален ангажман во банкарскиот сектор, Божиноски го менува својот професионален фокус и определба, и одлучува целосно да се посвети на личниот развој на вештините во сферата на Business Intelligence (BI) сегментите и да успее да пронајде нова професионална пасија во доменот на управувањето со информациските технологии и алатки. А, со тоа, да даде значајна додадена вредност во сферата на дигиталните комуникациски технологии кои денес претставуваат неизоставен дел од секоја развојна стратегија на компаниите.

Неговата определба за личен развој, му ја обезбеди позицијата на раководител на службата за ИТ и комуникациски технологии во Триглав пензиско друштво, каде во последните три години, значително придонесува кон развојот на деловните процеси и компоненти на Друштвото, како од аспект на деловните анализи, така и од аспект на подигнувањето на квалитетот на сите процеси, кои подразбираат беспрекорно корисничко искуство за секој член на пензиските фондови. Од предизвиците со кои Божиноски се соочуваше по промената на професионалниот ангажман, посебно го издвојува процесот на креација и пуштање во употреба на новата Дигитална мобилна апликација на друштвото, која од почетокот на оваа тековна година е активно достапна за сите корисници на мобилни телекомуникациски уреди во Република Македонија.

   

Како започна твојата кариера во Триглав пензиско друштво и зошто ваква промена во кариерата?Следејќи ги светските трендови и развојот на технологијата, увидов дека со изборот и употребата на соодветни ИТ алатки брзо и ефикасно се олеснуваат секојдневните процеси во работењето на една финансиска институција. Па така, по долги години во банкарскиот сектор, заклучив дека ми е потребен нов професионален предизвик и се одлучив да ги освежам своите компетенции со моментално најчесто користените ИТ алатки за обработка на податоци – „Data analytics“ и „Data Sciense“, кои денес се неизоставен дел од финансиските анализи во современиот деловен свет, а некако природно се надоврзаа кон моето претходно образование и работно искуство. Фактот што, за добар BI аналитичар, покрај програмскиот јазик за изработка на анализите и ИТ алатките кои го овозможуваат тоа, потребно е и солидно познавање од областа на финансиите создаде комбинација која идеално се вклопи кај мене. Триглав пензиско друштво е компанија која ги следи трендовите во дигитализацијата и имплементацијата на ИТ решенија и алатки кои го олеснуваат секојдневното работење.

Дополнително, од страна на раководството ми беше укажана доверба и ми беше дадена можност да го имплементирам принципот на „Business Intelligence (BI)“ анализа во процесите, што беше пресудно за мојот избор за понатамошниот професионален развој. Позитивниот ефект врз донесувањето на одлуки и следењето на резултатите на работењето со примена на „Data analytics“и „Data Sciense“ и изработка на BI анализи ме инспирира и понатаму редовно да ги следам најновите ИТ достигнувања и нивната примена, пред сѐ во делот на финансиите. Кои се најголемите проблеми и предизвици со кои се соочуваш во ИТ опкружувањето како BI аналитичар? ИТ индустријата во Македонија има значителен потенцијал, особено изминатиов период во кој оваа професионална гранка има земено голем замав, претежно од страна на многу млади професионалци кои сакаат да ја изучуваат и да ја одберат како професија. Но, како што се зголемува примената и обемот, така и оваа индустрија се соочува со предизвици кои влијаат врз нејзиниот натамошен раст и развој. Индивидуално, како одговорно лице за ИКТ во Триглав пензиско друштво, особено сум засегнат од квалитетот и интеграцијата на податоците кои доаѓаат од различни извори, често неконзистентни, некомплетни или неформатирани, како и некоординирани меѓусебно.

Друг предизвик со кој често се соочуваме како BI аналитичари, се кратките рокови и приоритетите во извршувањето на анализите, па оттука потребно е балансирање помеѓу итни и важни задачи, без да се жртвува квалитетот на секоја од нив. Во делот на Безбедноста и заштитата на податоците, се соочуваме со сè повеќе регулативи (како GDPR, DORA) кои наложуваат строги правила, па поради тоа е потребно усогласување на сите решенија со новите/ажурирани политики за информатичка безбедност на Друштвото. Скалабилноста и автоматизацијата, односно рачните процеси одземаат време, па се насочуваме кон изградба на автоматизирани ETL процеси, Refresh на извештаи, оптимизација на DAX формули и слично.

Која беше најголемата стратегиска одлука што се донесе при лансирањето и развојот на мобилната апликацијата – и како таа влијаеше на крајниот производ? Најголемата стратегиска одлука според која се водевме при развојот и лансирањето на мобилната апликација, беше фокусот на корисничкото искуство, или парафразирано низ речникот на моите колеги од секторот за грижа за членство, секој член и нејзин корисник, да биде на прво место. Таа стратегиска одлука, наметна една различна техничка платформа, која пред сѐ поаѓаше од неопходноста да се изгради и дизајнира една едноставна, интуитивна и транспарентна апликација, која ќе им овозможи на корисниците лесен и едноставен пристап до индивидуалните пензиски сметки во реално време и која покрај информациите за тековниот износ на пензиските заштеди, ќе обезбеди и други поволности поврзани со корисничките потреби и искуства на секој наш член. Оттука, постулатите кои постојано беа во фокусот при реализацијата на овој комплексен процес, се засноваа на следното:

o Технологија – избравме компатибилна и докажана платформа која нуди безброј можности за понатамошно надградување.
o Безбедност – имплементиравме највисоки стандарди за заштита на личните податоци и сигурноста на трансакциите на секој член поединечно.
o Достапност – мобилната апликација е оптимизирана за различни уреди и оперативни системи, со цел поширока употреба. Истата е достапна и на платформата на Google Play Store и на App Store.
o Едноставност – едноставната инсталација на сите паметни мобилни уреди, и леснотијата на користењето, овозможуваат увид во состојбите на пензиските сметки во задолжителниот и во доброволниот пензиски фонд на Триглав, со прикази на податоци за вкупно уплатени средства, вкупен нето прилив на индивидуалната сметка, вредноста на сметководствените единици, како и сите промени кои ги отсликуваат приносите од управувањето со средствата на фондовите. Сѐ ова, во реално време.

Со тоа, можам да заклучам, дека лансирањето на оваа алатка е само еден мал но значаен чекор во реализацијата на стратегиската определба на Триглав Пензиско Друштво, преку иновативни, дигитални и едноставни решенија, да обезбеди олеснета и непосредна комуникација со членовите, да придонесе кон нивната едукација и свесност за пензиското штедење, и да понуди додадена вредност на пазарот на капитално финансирано пензиско осигурување. Што претставуваше најголем предизвик во процесот апликацијата да биде безбедна и доверлива за корисниците? Безбедноста на податоците е еден од основните и најбитни постулати при развивањето на нови апликации или алатки. Секој член на пензиски фонд со кој управува Триглав пензиско друштво, веќе има свое корисничко име и лозинка за најава, со кои може online да си ја следи состојбата на својата пензиска заштеда на порталот на друштвото https://www.triglavpenzisko.mk/mk/za-nas, во сегментот или делот на „Моја Сметка“ или на https://portal.triglavpenzisko.mk/triglav-web/login/.

Ова решение е системско и истото генерира корисничко име и системска лична лозинка за секој нов член поединечно. Мобилната апликација на Триглав пензиско друштво е директно интегрирана со веб сервисите и дата центарот, овозможувајќи им автентикација и целосен приказ на информациите за секој корисник, односно да имаат лесен, едноставен и брз пристап до нивните информации во реално време. За користење на мобилната апликација, членовите може да се најават со истото корисничко име и лозинка кои ги имаат добиено од наша страна, а се достапни и во „Зелениот плик“ односно годишниот извештај за пензиска заштеда, а потоа генерираат своја лична лозинка со која ќе може понатаму да се најавуваат за пристап до личната заштеда. Исто така, за дополнително подигнување на безбедноста, овозможени се и автентикација со пин код од 4 цифри, кој секој член сам го генерира по сопствен избор, а тука е и можноста за биометриска автентикација за најава на апликацијата. Како сте задоволни од приемот на апликацијата од членството, и дали имате иницијален фидбек од страна на корисниците во врска со нејзиниот „квалитет“? Можам да истакнам дека сме задоволни од иницијалниот интерес за апликацијата, а за што се потврда, преку од 1.000 преземања или “downloads” на апликацијата на двете мобилни платформи, и тоа за неполни два месеци од нејзиното пуштање во активна употреба. Ако на тоа се надодаде и фактот, дека за целиот период од нејзиното активно функционирање, имаме регистрирано не повеќе од десетина нотификации за поплаки или технички недостатоци, можеме со задоволство да констатираме дека оваа фаза од дигиталниот развој на корисничките искуства кои ги нуди Триглав Пензиско, е успешно завршена.

Кои се плановите за – има ли нови проекти на повидок? Од аспект на она што е сработено, планираме активно да работиме на понатамошно унапредување, развој и одржување на сите дигитални алатки кои се дел од понудата на Триглав Пензиско друштво. Со тоа, посебен фокус ќе ставиме на континуираното подобрување на корисничките искуства и потреби, особено во доменот на транспарентноста, информираноста и развојот на свеста за пензискиот систем воопшто. Дополнително, ќе се стремиме кон промоција и популаризација на овој систем, кој покрај основните придобивки за членството, во својата суштина, значајно придонесува во процесите на грижа и заштита на човековата околина. Како за илустрација, нашата тенденција, во периодот од следниот 3 годишен деловен циклус, повеќе од 50% од вкупното членство, зелениот плик да го замени со дигитален. Со тоа, ќе дадеме значаен придонес кон намалувањето на јаглеродниот отпечаток што и ние како друштво, а и групацијата Триглав го има поставено како една од стратешките цели на среден и долг рок.

Од аспект на останатите активности во сферата на професионалниот и личниот развој, повеќе од јасна е личната определба, редовно ги следам најновите техничко-технолошки достигнувања во светот, анализирајќи при тоа кои од нив се применливи за нашето Друштво и кои би биле бенефитите од нивната имплементација. Севкупно, а во насока на сѐ што кажав претходно, понатамошната дигитализација на сите работни процеси, секогаш ќе биде приоритет и во наредниот период, посебно во сферата на автоматизирање на работните процеси преку системот RPA (Robotic Process Automation), со што лично сметам, дека ќе го подигнеме степенот на ефикасност, и пред сѐ на ефективност, во извршувањето на нашата фидуцијарна должност како колектив и како друштво. Секако, сѐ тоа во насока на реална и доследна понуда на конкретна додадена вредност за секоја наш член, вработен и чинител во системот на капитално финансирано пензиско осигурување.

   

Најново

Голема акција на италијанската полиција против калабриската мафија, уапсени се 97 осомничени

Sase Ivanovski

Учесниците на вториот модул на ПроКредит Бизнис академијата се стекнаа со нови знаења за комуникациски вештини и „growth mindset“

Sase Ivanovski

САД одобрија продажба на воени хеликоптери за БиХ во вредност од 100 милиони долари

Sase Ivanovski

Неколку лица избодени во напад во Холандија

Sase Ivanovski

Повеќе од 50 уапсени во акција против трговија со дрога меѓу Италија и Албанија

Sase Ivanovski

Најмалку петмина загинати откако бомба погоди училишен автобус во југозападен Пакистан

Sase Ivanovski

Движење ЗНАМ За наша Македонија – СДСМ со дефокусирање и манипулации ги прикрива од јавноста сопствените криминали

Sase Ivanovski

Трипуновски од Босилово: Со откупувачите на младиот компир се постигна договор во корист на земјоделците

Sase Ivanovski

Факултет за музичка уметност – Скопје: Годишен концерт на Факултетот за музичка уметност – Скопје

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Претреси во Скопје, лишени од слобода четири лица- членови на криминална група, осомничени за убиства

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Приведен измамник од Велес, на интернет продавал наводно благословени предмети

Sase Ivanovski

Јанчев: Продолжува крпењето на ударни дупки и прокопи на повеќе локации во Кавадарци со што ќе бидат санирани оштетувањата на коловозите на улиците

Sase Ivanovski

Андоновска: Предизвикот со загадувањето е сложен но не и нерешлив, благодарејќи на заедничката акција со државата

Sase Ivanovski

ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ НА ИНВЕСТИТОР ВО ГФК ТИКВЕШ

Sase Ivanovski

Во рамки на проектот за донација на 2000 водомери, обезбедени од страна на Министерството за животна средина, а со Општина Кавадарци како официјален нарачател, денес започна теренската реализација

Sase Ivanovski

Делегација на хрватскиот Уставен суд во посета на Уставниот суд на Република Северна Македонија

Sase Ivanovski

СВЕЧЕНО ОДБЕЛЕЖАН ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА ООУ „ТОШО ВЕЛКОВ ПЕПЕТО“ – КАВАДАРЦИ

Sase Ivanovski

Наградени најуспешните жени менаџерки за 2025 година во Кавадарци

Sase Ivanovski

Јаневска: градиме образовен систем кој ќе ги исполни целите на Стратегијата за паметна специјализација

Sase Ivanovski

(ФОТО) ЈАНЧЕВ Е СПРЕМЕН ДА ВЛЕЗЕ ВО ОГАН Градоначалникот на Кавадарци на подарок доби лична противпожарна опрема

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Владата да одговори дали ќе разговара за примање мигранти?

Sase Ivanovski

Пожарникарите од Кавадарци го одбележаа денот на пожарникарството 20 – ти мај.

Sase Ivanovski

(ФОТО) Мицкоски: Почнува реконструкцијата на Клиниката за гинекологија и акушерство

Sase Ivanovski

Јанчев: Во тек се работни активности за реконструкција на фекална канализација од страна на ЈП Комуналец на улица ,,12 Другари” со вкупна должина од 150 метри

Sase Ivanovski

Нови кучиња влезени во стационарот кои треба да поминат низ хуманиот третман. Заловени се 4 кучиња на следниве локации: Базен- Кавадарци, Кружен тек – Далпер, Градски парк и Портокал – трафика. Сите 4 кученца се заловени во Општина Кавадарци

Sase Ivanovski

Јанчев: 20 Мај – Ден на пожарникарите: Херојството не познава граници!

Sase Ivanovski

Мицкоски: До јуни очекувам да се заврши со изградба на шест базени, тоа што го ветуваме го исполнуваме

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Акциска контрола во Тетово, пронајдени 453 штеки цигари и 199 килограми тутун без документација, лишени од слобода шест лица

Sase Ivanovski

Министерот Бесар Дурмиши на Сараевскиот бизнис форум 2025: Регионот има потреба од меѓусебно поврзани економии и предвидливи политики

Sase Ivanovski

ЗАПЛЕНЕТИ ТУТУНСКИ ПРОИЗВОДИ, АВТОДЕЛОВИ, ВЕТЕРИНАРНИ ЛЕКОВИ, ДЕВИЗИ, ОБЛЕКА, ПРОИЗВОДИ ЗА СЦЕНСКИ ЕФЕКТИ И ДРУГО

Sase Ivanovski

Лидерот на Алијансата за Албанците – АА, Арбен Таравари, се сретна со премиерот на Република Албанија и претседател на Социјалистичката партија, г. Еди Рама, за да му ја честита победата на изборите одржани на 11 мај

Sase Ivanovski

Македонска Опера и Балет: Последни 50 билети за операта „Мадам Батерфлај“!

Sase Ivanovski

Герасимовски: 15.000 денари на студенти за практикантство во Општина Центар

Sase Ivanovski

ОО СДСМ СТРУМИЦА: ВЛАДАТА ИМА ПАРИ ЗА ПАПАЈА, НЕМА ЗА СТРУМИЧКИТЕ ДЕЧИЊА!!

Sase Ivanovski

ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ Е НАЈТРАНСПАРЕНТНОТО ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ВО ДРЖАВАТА

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – На 22 мај ќе се потпише стратешкиот договор со Обединетото Кралство, земјата бележи и економски раст поттикнат од инфраструктурни проекти и зголемена потрошувачка

Sase Ivanovski

Кирков: Скопје издржало многу, ќе ја издржи и Арсовска уште неколку месеци

Sase Ivanovski

ЗМЕП Трајков: Секое дете заслужува пристојни услови за образование!

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Средба на министерот Тошковски со казакстанскиот амбасадор, Н.Е. Сатибалди Буршаков

Sase Ivanovski

Марковска Илиевска: Арсовска помина цел мандат во изговори заради нејзината неспособност

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Нов скандал, шеми со станови на Максим Димитриевски и неговиот кум во Куманово

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Нов медицински факултет во Штип и изградба на студентски дом со најмалку 200 легла се дел од договорот со Велика Британија

Sase Ivanovski

Лишен од слобода возач во Пробиштип затоа што управувал возило по дејство на алкохол

Sase Ivanovski

Стојановски: Сите колеги советници да го поддржиме ребалансот на буџетот со тоа што би ги зголемиле платите на вработените во градот Скопје и на противпожарната бригада

Sase Ivanovski

Објавена „Орфејска градина“ од Јован Стрезовски

Sase Ivanovski

Пашоли на состанок на претседатели на Комисиите за надворешни работи на земјите членки на ЦЕИ во Белград

Sase Ivanovski

Приведен унгарски државјанин на Граничен премин Табановце, пронајдена е дрога во возилото кое го управувал

Sase Ivanovski

СДСМ: Синдикалната кошничка поскапува-народот осиромашува а власта не презема ништо!

Sase Ivanovski

ЦИКП Соопштение: Законот за работно ангажирање на лица се усвои со меѓупартиски консензус

Sase Ivanovski

Лишен од слобода возач од струшко затоа што управувал возило под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

СДСМ: Зошто Мицкоски одбива да каже дека нема да се примаат мигранти?

Sase Ivanovski

КОЈ И КАКО ЈА ПРЕСМЕТУВА СТРУЈАТА? БАРАМЕ ОБЈАСНУВАЊЕ ОД ЕВН

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Дали Филипче заедно со Заев имале акции во индиска авиокомпанија и оттаму им се средствата за 50-катница во Дубаи?

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: 1500 прехранбени производи поскапеа поради зголемувањето на ДДВ во време на владеењето на СДС

Sase Ivanovski

Герасимовски: Воведуваме училишни униформи со јасна порака – сите деца се еднакви и заедно можат повеќе

Sase Ivanovski

Фетаи: АА останува во Влада – од 50 функционери, само тројца поднеле оставка

Sase Ivanovski

Кина ги повика САД да се откажат од развојот на глобален противракетен систем

Sase Ivanovski

24 Анализа – Колку британски заем е фискално одржлив?

Sase Ivanovski

Тема на денот со Илија Димовски

Sase Ivanovski

ЖИВОТОТ НЕ БИЛ НЕЖЕН СО ЏО БАЈДЕН

Sase Ivanovski

Се апсат нови членови од групата „Беланоца-Барон“, полицијата врши претреси низ Скопје

Sase Ivanovski

Посебен режим на сообраќај на патот Штип-Кочани

Sase Ivanovski

Нестабилно со локален пороен дожд и грмежи

Sase Ivanovski

Путин во посета на Курск за прв пат по целосното ослободување на регионот

Sase Ivanovski

Москва го кани Ким Џонг-ун во посета

Sase Ivanovski

ХРТ со репортажа: Мистична Македонија

Sase Ivanovski

МИНИСТЕРКАТА ГИ ОТКРИВА ДЕТАЛИТЕ ЗА БРИТАНСКИОТ ДОГОВОР: Вакви поволни услови досега сме немале!

Sase Ivanovski

Мециновиќ: Дали намерно се колабира ЕСМ за нов бонбона-бизнис?

Sase Ivanovski

Одговори на новинарски прашања на претседателот Венко Филипче

Sase Ivanovski

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како досега е неприфатливо

Sase Ivanovski

Бујаре Абази го напушти Таравари и е назначена за претседател на Комисијата за хартии од вредност

Sase Ivanovski

Сообраќајот на експресниот пат Градско – Прилеп во целосен прекин поради сообраќајна несреќа

Sase Ivanovski

Поднесено обвинение против Полјак кој им помагал на Русите да подготват атентат на Зеленски

Sase Ivanovski

Струмичка православна епархија: Измамничка шема на профилот на Библиска Македонија од каде за пари се продаваат молитви во тегли

Sase Ivanovski

Тренчевска: Срамно и бедно е Лефков да тврди дека со закон за помош на семејствата во Кочани се рушел правниот поредок

Sase Ivanovski

Скопјанец пронајден починат во неговиот дом во Центар

Sase Ivanovski

Четворица средношколци нападнале жена вработена во училиште во Центар

Sase Ivanovski

Ако во минатото имавме договори кои за нас значеа понижување, денес имаме договори кои значат гордост, вели Митева

Sase Ivanovski

ИЛЈАДНИЦИ УЧЕСНИЦИ НА ВОДНО – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“ ПОКАЖА ДЕКА СПОРТОТ ОБЕДИНУВА

Sase Ivanovski

Новоизбраниот претседател на Романија, Никушор Дан ќе положи заклетва на 26 мај

Sase Ivanovski
Вчитувам....