На Светскиот ден на пчелата, во Скопје се отвора првиот македонски Парк на пчелата, лоциран при Земјоделскиот факултет. Овој уникатен простор нуди можност за учење и истражување, со содржини за сите генерации – од медоносни растенија, традиционални и модерни кошници, сандалиум, до хотел за инсекти.
Поддржан од Министерството за надворешни работи на Словенија и словенската амбасада во Скопје и реализиран од АДРА Македонија, паркот ја промовира важноста на пчелите како чувари на нашиот екосистем.
View this post on Instagram