Поранешниот украински политичар и советник на екс-претседателот Виктор Јанукович, Андриј Портнов, утрово беше убиен во пукање пред Американското училиште во Мадрид.
#SUMMA112 confirma el fallecimiento de un varón con heridas por arma de fuego en #PozueloDeAlarcón.
Colabora @SEAPAPozuelo y #PolicíaLocal.@policia se encarga de la investigación. pic.twitter.com/yJJnoCcval
— 112 Comunidad de Madrid (@112cmadrid) May 21, 2025
Според официјални информации од шпанските власти, пукањето се случило околу 9:15 часот во елитното маало Позуелo де Аларкон, додека Портнов ги оставал своите деца на училиште. Напаѓачите, најмалку двајца, отвориле оган кон неговото возило „Мерцедес“, испалувајќи најмалку пет куршуми. Четири од куршумите го погодиле Портнов во градите, а еден во вратот. Тој починал на лице место.
Андриј Портнов (52) беше близок соработник на Виктор Јанукович за време на неговото претседателствување од 2010 до 2014 година. Тој одигра клучна улога во изработката на законите со кои се репресираа демонстрантите за време на протестите на Евромајдан во 2014 година. По падот на режимот, Портнов ја напушти Украина, а против него беа покренати повеќе истраги за корупција и велепредавство, кои подоцна беа затворени. Досега нема официјални реакции од украинските власти во врска со убиството, но со оглед на контроверзната улога на Портнов и актуелните тензии меѓу Украина и Русија, случајот буди сериозна загриженост за безбедноста на политичките азиланти во Европа.