Ленче Ростовска, обвинтелката на СЈО, најавува дека ќе ме тужи за клевета по мојата изјава дека незаконски, како и другите обвинители од СЈО, земала 100.000 евра потпишани од Катица Јанева. Како и дека нема стаж од десет години ви правосудството. Тоа лошо и влијаело на кандидатурата за судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур. ОК, ете прилика да се реафирмира целото работење на СЈО преку нејзиниот случај и нејзината тужба. Ленче Ристовска, со Фатиме Фетаи и Катица Јанева кариера и пари направија со клеветење неосудени луѓе.
Да се реафирмира нејзиниот статус и позиција кај сегашниот државен јавен обвинител Коцевски.
Да се преобјават сите интересни детали од пресови и изјави на ‘трите грации’ и Ленче Ристовска од СЈО со клевети и подметнувања спротивно на презумцијата на невиност. Да се реафирмираат изјавите дека платите на обвинителите во СЈО биле дупло и кусур поголеми од другите обвинители бидејќи тие биле неспособни, неписмени и корумпирани… Кога тираните од УДБА решиле да ги тужат прогонетите на Голи оток, прогонетите едвај чекаат на јавна сцена конечно да се соочат. И дочекаа 🙂