21.8 C
Скопје
21/05/2025 16:21
МАКТЕЛ

     

МЕЃУНАРОДНА ЕКСКУРЗИЈА ЗА НАЈДОБРИТЕ УЧЕНИЦИ – СПОРТИСТИ ОД КАРПОШ

      

Во рамки на 65-тата седница која се одржа во амфитеатарот на Универзитетот Скопје, советниците од Карпош расправаа и полноважно одлучуваа по 22 точки кои се најдоа на денешниот дневен ред. Во таа насока, широка поддршка доби Предлог – Одлуката според која Општина Карпош обезбеди наградно летување во детскиот камп „Каливас“ во соседна Грција, за победничките училишни екипи во фудбал, кошарка и одбојка- (девојчиња), како и за индивидуално прогласените основци – спортисти кои постигнаа најдобар успех на овогодинешните училишни спортски лиги – Карпош 2025.

Со одлука на Советот, локалната самоуправа ќе додели вкупно 19 парични награди на професорите – тренери по физичко образование, како и на индивидуално прогласените ученици – спортисти за постигнатиот успех во рамки на училишните спортски лиги – Карпош 2025. Имено, деветмина професори чија екипа во фудбал, одбојка и кошарка има освоено едно од трите најдобри позиции во годинешниве училишните спортски лиги, ќе добијат еднократна финансиска награда од Општина Карпош. Поточно, за освоено прво место, тројца професори ќе добијат 8.000 денари, другите тројца чија екипа го освои второто место ќе добијат 6.000 денари, додека пак останатите тројца професори чија екипа ја зазеде третата позиција во фудбал, кошарка и одбојка, ќе бидат наградени со 5.000 денари. Десет основци од Карпош кои беа прогласени за најдобри спортисти во училишните лиги, исто така ќе бидат парично наградени со 6.000 денари.

   

Мнозинството советници го дадоа својот глас за Предлог – Правилникот за еднократна финансиска поддршка за спорт и рекреација, со кој се уредуваат условите, начинот, критериумите и постапката според кои Општината ќе ги распределува финансиските средства за таа намена.   Финансиската поддршка се доделува по пат на јавен повик кој го распишува Комисијата за еднократна финансиска поддршка за спорт и рекреација, чии корисници се спортски клубови од подрачјето на општина Карпош. Според Правилников  се предвидува и доделување на стипендии за талентирани спортисти – жители на  Карпош кои учат во VIII и IX одделение. Вкупната предвидена финансиска рамка која е обезбедена од буџетот на Општината за 2025 година изнесува 1.000.000 денари. Во случајов, максималниот износ за еднократна финансиска поддршка кој може Комисијата да го предложи е лимитиран до 30.000 денари. Исто така, со оваа Програма ќе се финансираат и здруженија на граѓани со основна дејност спорт и рекреација, кои во оваа област се регистрирани најмалку три години на територијата на локалната самоуправа.

Со истата динамика беше изгласан и Правилникот за финансиска поддршка на спортски клубови од подрачјето на општина Карпош. Оттука, клубовите кои немаат сениорски тимови а работат со млади категории и притоа имаат соодветни спортски постигнувања, Комисијата за еднократна финансиска поддршка за нив може да одобри максимален паричен износ во висина до 60.000 денари. Советот ја изгласа и Предлог – Одлуката за давање на согласнот за издавање под закуп на Спортско адреналински парк-Карпош. Станува збор за објект со вкупна површина од 1.600 м2, кој се издава под закуп за вршење на дејност за која е наменет за период најмногу до 5 години, во согласност со закон. Притоа закупнината треба да се исплаќа девет месеци во годината (од март до ноември), а останатиот период, закупецот е должен да ги подмирува трошоците за одржување на објектот.

Советниците дадоа „зелено светло“ за користење повеќенаменската сала, која е дел од култниот спортски објект „Партизан“ во Карпош 3. Термините за користење на салата се распоредени од  понеделник до сабота со почеток од 8 до 23 часот, при што во недела и за државни празници салата нема да работи. Просторот ќе се користи исклучиво според утврден распоред на термини, од каде еден термин  ќе трае 75 минути. Висината на надоместокот за користење е утврдена во зависност од временскиот период кога ќе се користи салата. Имено, во термините од 08:00 до 11:45 часот, надоместокот ќе изнесува 1.300 денари. Од 11:45 до 15:30 часот термините ќе чинат 1.500 денари. Во периодот од 15:30 часот до 19:15 часот изнајмување на термин ќе чини 2.000 денари, а од 19:15 до 23:00 часот за користење на салата ќе се наплаќа по 2.400 денари од термин. Термините се доделуваат во времетраење од една година, од денот на потпишување на договорот. Истите правила и критериуми ќе важат и за користење на малата сала во рамки на спортскиот објект „Партизан“. Советот даде согласност за издавање под закуп на кафетеријата и салата  на првиот кат, кои се составен дел од спортска сала „Наум Наумовски Борче“ – Партизан. Станува збор за изнајмување на кафетерија и сала со вкупна внатрешна површина од 225 м2  (175 м2 сала и 50 м2 кафетерија).   Висината на месечната закупнина на кафетерија и салата ќе изнесува 54.500 денари почетна цена, при што основен критериум за избор на најповолен наддавач ќе биде највисоката понудена месечна закупнина.

Советниците ја поддржаа Одлуката  за отстапување на просторија во рамки на спортската сала „Партизан“, на Меѓународното здружение на граѓани „Културно Ехо-Скопје’’. Во случајов, оваа невладина организација која допринесува за развојот на спортот и културата во Карпош може да ги користи просториите  најмногу во период од 5 години, при што се ослободува од плаќање на надоместок.

Советот ја поддржа измената и дополната во Програма за активностите на Општина Карпош за 2025 година, во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на РСМ. Со измените во Програмата се создаваат реални услови да се обезбедат повеќе паркинг места на барање на постојното население. Општината тоа ќе го стори преку продажба на градежното неизградено земјиште предвидено со намена  Е2-Комунална супраструктура, со што ќе можат да се задоволат потребите на локалното население.

Мнозинството советници гласаше за измени и дополнување на Програмата  во областа на информатичката технологија за 2025 година. Со измените во рамки на оваа Програма се додаваат 400.000 денари, за набавка на софтвер за транскрипција на седниците на Советот на Општина Карпош.

По деталната презентација на стручните служби од Секторот за финансиски прашања беше усвоен Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Карпош, за првиот квартал за 2025 година. Во него се прикажани вкупните приходи кои се планирани со овогодинешниот Буџет во износ од  1.587.617.000 денари, додека пак реализираните приходи за првиот квартал изнесуваат 361.008.972 денари. Планираните Општински приходи изнесуваат 803.537.000 денари,  при што во првиот квартал  е остварена реализација на приходите во висина од 186.755.409 денари.

Советниците постигнаа консензус околу донесување на Деталниот урбанистички план  за Градска четврт З 09 (опфат помеѓу бул. Партизански одреди, ул. Франклин Рузвелт, бул. Митрополит Тедосиј Гологанов и бул. 8-ми Септември). Станува збор за просторна површина која се уредува со планска документација со урбан опфат П= 43,98 ха. Веднаш потоа беше усвоен и Предлог – Заклучокот  за задолжување на Секторот за урбанизам од Општина Карпош, во врска со стручниот елаборат за суспензија на делови од ДУП-от З 09. Имено со овој Заклучок, Советот на Општина Карпош го задолжува Секторот за урбанизам при Општина Карпош, да НЕ издава акти за сите градежни парцели со намена А2 – (домување во станбени згради) од ДУП-от З 09, додека не добие мислење од Министерство за транспорт и врски за суспензија на применувањето на горенаведените парцели. Во случајов, Советот на Општина Карпош го задолжува Секторот за урбанизам, да го достави изготвениот стручен елаборат со Барање, за давање мислење за суспензија на делови од гореспоменатиот ДУП до Министерство за транспорт и врски.

Потребно мнозинство доби и Предлог – Одлуката за давање на согласност за доделување на пластични канти од 120 литри, за селекција на отпад на домаќинства кои живеат на територија на Карпош. Доделувањето на пластичните канти ќе се изврши по пат на јавен повик. Советниците ја поддржаа и Предлог – Одлуката за отстапување на објектот во сопственост на Општина Карпош со површина од 80 м2 кој се наоѓа на ул. Фјодор Достоевски (У.З. Влае 1), за пренамена во Дневен центар за лица со попреченост. Советниците го изгласаа Решението за изменување и дополнување на Решението на Годишниот план  за вработување за 2025 година во Општина Карпош.

   

Најново

ЈАКИМОВСКИ РАЗГОВАРАШЕ СО ОСНОВЦИТЕ ОД КОЗЛЕ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА УСЛОВИТЕ НА МЛАДИТЕ КАРПОШАНИ

Sase Ivanovski

ОСНОВЦИТЕ ОД „ВЛАДО ТАСЕВСКИ“ ОД КАРПОШ ДЕЛ ОД ПРВИОТ НАУЧЕН КАРАВАН

Sase Ivanovski

Општина Карпош започна акција за испитување на нисконапонската електрична инсталација во сите основни училишта и детски градинки на своја територија

Sase Ivanovski

ДРЖАВНО СРЕБРО ЗА ОДБОЈКАРКИТЕ ОД ООУ „ВЛАДО ТАСЕВСКИ“ ОД КАРПОШ

Sase Ivanovski

ЈАКИМОВСКИ: ЛЕГАЛИЗАЦИЈАТА НА ЕДЕН ОД ОБЈЕКТИТЕ ЗА КОЈ БЕВ ОСУДЕН ЈА ВОДЕЛ АДВОКАТ ПАНЧЕ ТОШКОВСКИ

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ ЗБОРУВА (БОБАН СТЕФКОВСКИ)

Sase Ivanovski

Стефковски: Изградивме градинки, спортски сали, асфалтиравме улици во општина Гази Баба, тоа е доказ дека покажавме како се работи

Sase Ivanovski

Средба на Градоначалникот на Гази Баба со младите таленти од ООУ „Дане Крапчев“

Sase Ivanovski

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Општина Гази Баба и Македонскиот полициски синдикат!

Sase Ivanovski

Одбележан 70-годишниот јубилеј на детската градинка „Детска радост“ во Гази Баба

Sase Ivanovski

ЖРК Металург – Автокоманда првак на Македонија во младинска конкуренција

Sase Ivanovski

80 години – Црвен крст на Македонија!

Sase Ivanovski

Изградба на пристапни патеки во Железара и улица во Ченто!

Sase Ivanovski

Општина Гази Баба ги додели решенијата за субвенции за набавка на нови велосипеди

Sase Ivanovski

Костадинов: Денеска Струмица беше домаќин на претставници од организацијата „Вело училишта” од Скопје, која има за цел промовирање на велосипедизмот како безбеден, здрав и алтернативен начин на превоз на учениците ширум државата

Sase Ivanovski

Трипуновски: Со заеднички договор помеѓу откупувачите и земјоделците за откупот на пролетната зелка имаме девизен прилив од околу 32 милиони евра

Sase Ivanovski

Вежбата во ООУ „Никола Вапцаров“ Струмица уште еднаш ја потврди пожртвуваноста и професионалноста на струмичките пожарникари

Sase Ivanovski

Латас уште не им простува на СЈО сака да ги гони трите грации

Sase Ivanovski

Костадинов до Мисајловски: Да не ги ставаме граѓаните во заблуда, ова не се приоритетите на ова време невреме

Sase Ivanovski

(ФОТО) Костадинов на фамилијарен кампинг на преубавата Беласица

Sase Ivanovski

Костадинов: Нека е честит и вековит меѓународниот ден на музеите!

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: Културата е најмоќниот ресурс на малите народи

Sase Ivanovski

Костадинов: И за новата учебна 2025/2026 година обезбедивме еднократна парична помош од 2.000 денари за семејства со прваче за прв пат запишано во учебната 2025/2026 година со постојано живеалиште на родителите на подрачјето на општина Струмица

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Арсовска во Чаир спречува градење на дивоградба, градоначалникот Ганиу го нарече „принцеза“

Sase Ivanovski

Костадинов: “Оваа дупка не е дупка”. Требаше да биде затворен базен, ама ВМРО-ДПМНЕ реши да води инает со цела Струмица, затоа на изборите ќе бидат жестоко поразени убедливо во прв круг

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Близок соработник на Виктор Јанукович, поранешниот претседател на Украина, убиен пред Американското училиште во Мадрид

Sase Ivanovski

Костадинов: Бидејќи владата на ВМРО-ДПМНЕ свесно ги блокира сите проекти за Струмица, еве им предлог – откажете се од проектите и дајте ни ги нам на општина Струмица

Sase Ivanovski

Костадинов: Куклиш конечно ќе го добие Домот на култура кој е во завршна, трета фаза

Sase Ivanovski

Захарова: Трамп можеби сака да влезе во историјата како миротворец во Украина

Sase Ivanovski

Психолошка проценка и работа со децата кои се изживувале со штркот и одговорност од родителите, побара Анима Мунди

Sase Ivanovski

Костадинов: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ од Кочани гласаа против меморандумот за меѓу општинска соработка помеѓу Струмица и Кочани со што паднаа во вода напорите на сите струмичани да институционално помогнеме на град кој пред многу кратко време се соочи со најголемата трагедија во историјата на независна Македонија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Христијан Мицкоски – Изјава од почеток на реконструкција на ЈЗУ УК Гинекологија и акушерство Скопје

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) На Светскиот ден на пчелата, во Скопје се отвора првиот македонски Парк на пчелата, лоциран при Земјоделскиот факултет

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Во центарот на Прилеп, заменик градоначалникот Диме Бозоски, наместо да го реконструира покривот на деловниот објект, започна нелегална доградба

Sase Ivanovski

Трамп иницирал набавка на претседателски авион од Катар, и покрај тврдењата дека тоа е „подарок“

Sase Ivanovski

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони за да се намалат повеќечасовните чекања

Sase Ivanovski

Голема акција на италијанската полиција против калабриската мафија, уапсени се 97 осомничени

Sase Ivanovski

КРЕИРАВМЕ МОБИЛНА АПЛИКАЦИЈА, СО ФОКУС НА СЕКОЈ ЧЛЕН НА ТРИГЛАВ ПЕНЗИСКО ДРУШТВО

Sase Ivanovski

Учесниците на вториот модул на ПроКредит Бизнис академијата се стекнаа со нови знаења за комуникациски вештини и „growth mindset“

Sase Ivanovski

САД одобрија продажба на воени хеликоптери за БиХ во вредност од 100 милиони долари

Sase Ivanovski

Неколку лица избодени во напад во Холандија

Sase Ivanovski

Повеќе од 50 уапсени во акција против трговија со дрога меѓу Италија и Албанија

Sase Ivanovski

Најмалку петмина загинати откако бомба погоди училишен автобус во југозападен Пакистан

Sase Ivanovski

Движење ЗНАМ За наша Македонија – СДСМ со дефокусирање и манипулации ги прикрива од јавноста сопствените криминали

Sase Ivanovski

Трипуновски од Босилово: Со откупувачите на младиот компир се постигна договор во корист на земјоделците

Sase Ivanovski

Факултет за музичка уметност – Скопје: Годишен концерт на Факултетот за музичка уметност – Скопје

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Претреси во Скопје, лишени од слобода четири лица- членови на криминална група, осомничени за убиства

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Приведен измамник од Велес, на интернет продавал наводно благословени предмети

Sase Ivanovski

Јанчев: Продолжува крпењето на ударни дупки и прокопи на повеќе локации во Кавадарци со што ќе бидат санирани оштетувањата на коловозите на улиците

Sase Ivanovski

Андоновска: Предизвикот со загадувањето е сложен но не и нерешлив, благодарејќи на заедничката акција со државата

Sase Ivanovski

ПРЕГОВОРИ ЗА ВЛЕЗ НА ИНВЕСТИТОР ВО ГФК ТИКВЕШ

Sase Ivanovski

Во рамки на проектот за донација на 2000 водомери, обезбедени од страна на Министерството за животна средина, а со Општина Кавадарци како официјален нарачател, денес започна теренската реализација

Sase Ivanovski

Делегација на хрватскиот Уставен суд во посета на Уставниот суд на Република Северна Македонија

Sase Ivanovski

СВЕЧЕНО ОДБЕЛЕЖАН ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА ООУ „ТОШО ВЕЛКОВ ПЕПЕТО“ – КАВАДАРЦИ

Sase Ivanovski

Наградени најуспешните жени менаџерки за 2025 година во Кавадарци

Sase Ivanovski

Јаневска: градиме образовен систем кој ќе ги исполни целите на Стратегијата за паметна специјализација

Sase Ivanovski

(ФОТО) ЈАНЧЕВ Е СПРЕМЕН ДА ВЛЕЗЕ ВО ОГАН Градоначалникот на Кавадарци на подарок доби лична противпожарна опрема

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Владата да одговори дали ќе разговара за примање мигранти?

Sase Ivanovski

Пожарникарите од Кавадарци го одбележаа денот на пожарникарството 20 – ти мај.

Sase Ivanovski

(ФОТО) Мицкоски: Почнува реконструкцијата на Клиниката за гинекологија и акушерство

Sase Ivanovski

Јанчев: Во тек се работни активности за реконструкција на фекална канализација од страна на ЈП Комуналец на улица ,,12 Другари” со вкупна должина од 150 метри

Sase Ivanovski

Нови кучиња влезени во стационарот кои треба да поминат низ хуманиот третман. Заловени се 4 кучиња на следниве локации: Базен- Кавадарци, Кружен тек – Далпер, Градски парк и Портокал – трафика. Сите 4 кученца се заловени во Општина Кавадарци

Sase Ivanovski

Јанчев: 20 Мај – Ден на пожарникарите: Херојството не познава граници!

Sase Ivanovski

Мицкоски: До јуни очекувам да се заврши со изградба на шест базени, тоа што го ветуваме го исполнуваме

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Акциска контрола во Тетово, пронајдени 453 штеки цигари и 199 килограми тутун без документација, лишени од слобода шест лица

Sase Ivanovski

Министерот Бесар Дурмиши на Сараевскиот бизнис форум 2025: Регионот има потреба од меѓусебно поврзани економии и предвидливи политики

Sase Ivanovski

ЗАПЛЕНЕТИ ТУТУНСКИ ПРОИЗВОДИ, АВТОДЕЛОВИ, ВЕТЕРИНАРНИ ЛЕКОВИ, ДЕВИЗИ, ОБЛЕКА, ПРОИЗВОДИ ЗА СЦЕНСКИ ЕФЕКТИ И ДРУГО

Sase Ivanovski

Лидерот на Алијансата за Албанците – АА, Арбен Таравари, се сретна со премиерот на Република Албанија и претседател на Социјалистичката партија, г. Еди Рама, за да му ја честита победата на изборите одржани на 11 мај

Sase Ivanovski

Македонска Опера и Балет: Последни 50 билети за операта „Мадам Батерфлај“!

Sase Ivanovski

Герасимовски: 15.000 денари на студенти за практикантство во Општина Центар

Sase Ivanovski

ОО СДСМ СТРУМИЦА: ВЛАДАТА ИМА ПАРИ ЗА ПАПАЈА, НЕМА ЗА СТРУМИЧКИТЕ ДЕЧИЊА!!

Sase Ivanovski

ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ Е НАЈТРАНСПАРЕНТНОТО ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ВО ДРЖАВАТА

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – На 22 мај ќе се потпише стратешкиот договор со Обединетото Кралство, земјата бележи и економски раст поттикнат од инфраструктурни проекти и зголемена потрошувачка

Sase Ivanovski

Кирков: Скопје издржало многу, ќе ја издржи и Арсовска уште неколку месеци

Sase Ivanovski

ЗМЕП Трајков: Секое дете заслужува пристојни услови за образование!

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Средба на министерот Тошковски со казакстанскиот амбасадор, Н.Е. Сатибалди Буршаков

Sase Ivanovski

Марковска Илиевска: Арсовска помина цел мандат во изговори заради нејзината неспособност

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Нов скандал, шеми со станови на Максим Димитриевски и неговиот кум во Куманово

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Нов медицински факултет во Штип и изградба на студентски дом со најмалку 200 легла се дел од договорот со Велика Британија

Sase Ivanovski

Лишен од слобода возач во Пробиштип затоа што управувал возило по дејство на алкохол

Sase Ivanovski
Вчитувам....