На 19.05.2025 година, студентите од I и II година на Факултет за дизајн и мултимедија при Американскиот Универзитет на Европа ФОН , реализираа “настава на отворено” во Зоолошката градина Скопје. Притоа, беа обработени методски единици „кроки“ и „акварел“ по предметите Техники на цртање и Техники на сликање под менторства на проф. м-р Антонио Арангеловиќ и проф. м-р Милош Милосављевиќ.
При изработката на задачите студентите беа инспирирани од мотивите во ЗОО Скопје.
Во сабота, на 24.05.2025, во 12:00 часот, во ЗОО Скопје, ќе биде отворена Хуманитарна изложба на студентските трудови сработени на работилницата , насловена „Биди суперхерој за животните“, при што приходот од продажбата ќе биде дониран за подобрување на условоте и благосостојбата на животните. Ве повикуваме сите заедно да бидеме општествено одговорни.