Студентите од четврта година на Факултетот за дизајн и мултимедија, при АУЕ – ФОН, во рамки на практичната настава, остварија посета на печатницата „Пропоинт“. Тие имаа можност да се запознаат со техничките аспекти на производство на разни типови на печатени материјали. Голема благодарност до Пропоинт за споделеното знаење и гостопримство.