Јиржи Плецити, шеф на Генералниот директорат на Европската комисија за проширување и источна соседска политика, одговорил, како што е наведено во дописот, во име на претседателката на ЕК – Урсула фон дер Лајен, на писмото кое United Media (UM) го испратила на 12 март, а во кое се нагласува дека дезинформациите и говорот на омраза што ги шири власта довеле до засилување на кампањата на закани. Европската комисија ги следи случувањата во Србија и од суштинско значење е новинарите да можат да ја извршуваат својата работа без никакви закани со насилство, вознемирување и заплашување, наведоа во одговорот на писмото од United Media, во кое дополнително се истакнува дека од Србија се очекува да создаде поттикнувачка околина во која слободата на медиумите и слободата на изразување ќе можат да се остваруваат без пречки, пренесува Н1.
Јиржи Плецити, шеф на Генералниот директорат на Европската комисија за проширување и источна соседска политика, одговорил, како што е наведено во дописот, во име на претседателката на ЕК – Урсула фон дер Лајен, на писмото кое United Media (UM) го испратила на 12 март, а во кое се нагласува дека дезинформациите и говорот на омраза што ги шири власта довеле до засилување на кампањата на закани, но и физички напади врз новинарите на UM. Дополнително, како што се наведува во писмото од UM, и покрај јасните видео-докази, ниту еден сторител на вербалните и физички напади врз новинарите не одговарал, а државни функционери и провладини медиуми продолжуваат да ги таргетираат и загрозуваат нашите новинари, претставувајќи ги како непријатели на државата. Во одговорот од Европската комисија се наведува дека писмото внимателно било прочитано.
„Сакам да ве уверам дека Европската комисија со големо внимание ги следи случувањата во Србија. Слободата на медиумите е еден од основните столбови на демократското општество и претставува фундаментално право во ЕУ. Затоа, таа е и клучен елемент во процесот на пристапување на Србија во Европската Унија. Европската комисија очекува од Србија да создаде поттикнувачка околина во која слободата на медиумите и слободата на изразување ќе можат да се остваруваат без пречки. Во таа смисла, од суштинско значење е новинарите да можат да ја вршат својата работа без никакви закани со насилство, вознемирување и заплашување, за граѓаните да имаат пристап до сите информации, вклучувајќи ги и оние што се однесуваат на тековните политички случувања во Србија“, се наведува во одговорот. Како што додаваат, како што комесарката Марта Кос нагласила во своите јавни изјави, токму европскиот пат на Србија нуди решенија за многу прашања кои се во основата на барањата на денешните демонстранти во Србија.
„Реформите што сакаме да ги видиме за време на процесот на пристапување, доколку се спроведат правилно, ќе ја зајакнат борбата против корупцијата, ќе ја обезбедат независноста на судството, одговорноста на институциите и транспарентни јавни набавки, ќе ја унапредат слободата и плурализмот на медиумите, како и ќе ги подобрат изборните услови. Тие исто така треба да обезбедат поттикнувачка околина за граѓанското општество и да придонесат за отпорност против дезинформации и манипулација со информации. Комисијата ќе продолжи внимателно да ги следи овие прашања во рамки на преговорите за пристапување на Србија во ЕУ“, се истакнува во одговорот. Исто така, како што додаваат, ќе продолжат да комуницираат со властите, претставниците на опозицијата и граѓанското општество, „поттикнувајќи ги заеднички да најдат пат напред за Србија, со цел да ги спроведат реформите што се неопходни за европската иднина на земјата“. Извор: Новинска агенција МЕТА