По новото ажурирање во играта „Wоrld of Warcraft“ познато како Patch 11.1.7, играта ќе може да се игра само со едно копче. Што точно значи тоа? Се однесува на имплементацијата на копче што прави целосна ротација на удари и скилови со мали пенали ако се користи целовремено.
Во продолжение се нуди увид за историјата на играта и како дојде самата игра до овој стадиум каде може да изгуби голем број играчи поради поедноставувањата за сите играчи што ќе ги израмни почетниците и професионалните играчи на драстичен начин. Практично во вашата книга на способности „Spell Book“ каде стојат сите ваши „магии и скилови“ ќе има ново копче што вклучува цел последователна ротација на компатибилни магии што се надополнуваат за максимален ефект најчесто за нанесување штета и задавање удари.
Ротација во MMORPG игрите значи стискање на најскладни копчиња во даден редослед за максимален ефект и заштеда на време. Професионалните играчи на World of Warcraft го вежбаат ова со години и активно ги прават промените коа ќе дојде нова „мета“ (најпопуларен и најефикасен сетап на скилови и опрема во даден период од игра) за да се одржат во позицијата на Рејдови на повисоки нивоа на тешкотија. Ова едно копче одамна се користи во форма на „Macro Key“ (повеќе функции на копчиња во едно) што беше легално дека се однесуваше на споредни работи како бафови, дефанзивни и офанзивни ротации, но сепак најдобрите играчи рачно си стискаа копчиња за дадена ротација. Каде што WoW Retail беше направена и претворена во прелесна игра за PVE содржини и досега е многу променета во однос на првичните експанзии, сега ќе стане уште подрастично полесна. Дури ќе има „rotation assist“, односно индикатори на кој скил треба следен да го стиснете што ќе фунционира без негативни пенали на страна на употребувањето на едно копче што „испукува цела ротација“.
Ова е дел од напорите на компанијата „Близард“ да ја елиминираат употребата на „адони“ кои беа надворешни мали програмчиња. На пример не се примаше Тенк во сериозни Рејдови доколку го нема адонот Deadly Boss Mob што буквално спамаше пораки од типот на “помести се лево , помести се десно”. На екран со текст за обично избегнување на телеграфи, најавени удари со најчесто црвени зони на земја. Исто така чести беа и адоните за ротации кои ви кажуваат преку светкање што да стиснете следно. Најчесто овие мали програмчиња ширум светот се симнуваа од вебсајтот на „Curse“. Во обид на компанијата Близард да ги оттргнат играчите од екстерни сајтови што нудат предности, ги имплементираат истите можности на сличен и изненадувачки начин што ги зачуди сите играчи на оваа игра ширум светот.
Според гејм директорот „Иан Хазикостас“ со овие нови предности се нуди можност на играчите повеќе да уживаат во самиот огромен свет на играта и да се фокусираат на истражување и дигитални прошетки низ различни региони. WoW е една од ретките MMO игри каде станувате толку моќен со достигнувањето максимум левел што сите постари содржини и непријатели ќе ги поминете и уништите со леснотија. По оваа имплентација уште повеќе се достига истиот ефект. Светот е огромен како во ниедна друга игра, има два главни континенти Истер Киндомс и Калимдор и острови меѓу нив секој наменет за кампањи од различни експанзии Пандарија, Каз Алгар, Зандалар, Кул Тирас, Брокен ајлс, Нортренд и Драгон ајлс.
Меѓу островите има и зона во вртлогот на океаните наречена The Maelstrom. Сите овие места се сместени во планетата/светот Азерот. Има и две други планети со разновидни зони наречени Аутленд и Дранеор. Патувате и во подземниот свет на преминатите во експанзијата Shadowlands која има специфични зони за главни фракции од кои шумата Арденвелд е најдобро сработена и плус во најновата експанзија The War Within истражувате цело кралство сместено под површината на планетата Азерот “физички” во шуплината на светот под земјената површина-тотално различно од Shadowlands. Така што јавањето коњ или тигар или летањето со змеј низ различни зони знае да биде многу смирувачко и релаксирачко искуство -дека симулира прошетка во природа -како што имаме објаснето за оваа појава за други игри во овој напис. Активност што многу играчи ја прават во сите фантазиски средновековни игри наспроти “грајндањето на статистики”(играње исти содржини континуирано за повеќе поени) кое и тоа како може да биде заморно и монотоно. Но посветените гејмери кога ќе си зададат цел се крајно решителни во нешто што сакаат да достигнат во игра, процес што може да трае и буквално со години. Од таа перспектива овие промени во играта и не се толку лоши. Затоа што во последно време се’ повеќе играчи уживаат во “квестање”(решавање на потраги и задачи) наместо да спамаат данџини или да собираат опрема. Еве како изгледат мапите на сите главни зони:
Иако за ова ќе се сретнат фрази како „Retail WoW is done“ како кај Јутуберот Асмонголд, дека со ова е уништена играта, едно нешто ќе остане живо со предивикувачки содржини а тоа е PvP делот од играта. Лесно е да се победуваат главни кои знаете што точно ќе направат секогаш како во PvE но сосема поразлично е кога играте против луѓе- така што исходот на борбите е непредвидлив. Но во најновиот пач дури и PvP опремата ќе изгуби многу предности што ги имаше претходно и нема да биде битна- што е добар фактор дека се оди кон тоа сите да бидат еднакви во сила кога се борат едни против други во играта слично како PvP-то во Guild Wars 2 што е далеку пофер.
Во моментов главниот интерес за Wolrd of Warcraft е во Classic WoW каде има настани за 20 годишнината на оваа верзија од играта. Начин да се преиграат пропуштени експанзии во формата што биле порано кога излегле. Ако имавте потешкотии да ја разберете гејмерската терминологија – ви го препорачуваме следниот Водич за RPG термини од игри -чие својство е и родителите и старателите да се зближат со децата, тинејџерите и возрасните подобро разбирајќи ги видео игрите. Извор: Новинска агенција МЕТА