„Причината поради која сметам дека е неопходно да реагирам е што постапката за избор на кандидатите е во сензитивна фаза и Владата на Република Северна Македонија се уште се нема произнесено по предлогот на комисијата, па ваквиот интенциозен јавен напад, освен штета по мојот интегритет, може да нанесе директна штета во однос на мојата позиција во понатамошниот тек од постапката,“ пишува во објавата. Обвинителката Ленче Ристоска утрово на нејзиниот Фејсбук профил објави дека поради нејзината апликација за кандидат за судија во Европскиот суд за човекови права, станала мета на неосновани напади и клеветнички изјави.
„Денес упатив барање за јавно извинување до Драган Павловиќ Латас, за клевети искажани во емисијата “Само вистина” емитувана на Канал 5 на 16.05.2025 година, во која лажно тврди дека неовластено сум земала износ од 100.000 евра според Агенција за борба против корупција и дека немам ни стаж (12:32 и 12:52 минути од вториот дел од снимката),“ објави таа. Таа додава дека ДКСК за неа никогаш немала поведено било каква постапка поврзана со примањата кои ги има остварувано како обвинител во СЈО. „Причината поради која сметам дека е неопходно да реагирам е што постапката за избор на кандидатите е во сензитивна фаза и Владата на Република Северна Македонија се уште се нема произнесено по предлогот на комисијата, па ваквиот интенциозен јавен напад, освен штета по мојот интегритет, може да нанесе директна штета во однос на мојата позиција во понатамошниот тек од постапката,“ пишува во објавата.
Ристоска за крај вели дека е во ред да се смета дека има други кандидати кои ја заслужуваат позицијата судија во Европскиот суд за човекови права повеќе од неа, но вели дека неопходно е изјавите и коментарите кои се даваат во јавноста да бидат базирани на точни и проверени информации, со цел поттикнување на објективна и издржана јавна дебата. Извор: Новинска агенција МЕТА