Компанијата „Релиф“ (RELEAF PAPER & BAGS) на укранинскиот иноватор Валентин Фречка, кој има само 24 години, произведува биоразградлива хартија направена стриктно од листовите на дрвата низ еколошки безбеден процес во кој не се користат токсични хемикалии. Компанијата покрај хартијата како главен продукт, изработува и хартиени кеси од повеќе видови и кутии, пандан на картонските кутии за пакување како и тетратки од градски отпад односно паднати лисја од дрвја. Се надеваме дека во иднина ќе излезат и книги од овој материјал. Овој процес намалува отпад од лисја во градовите, ги штити шумите и ги намалува ефектите на зелена градина во испуштањето на гасови што ја загадуваат атмосферата.
Владимир Фречка ја доби главната награда што ја доделува Europe Patent Service за најдобар иноватор за 2024 година за иновацијата со практичен план и примена при „претворањето на лисја во хартија“. И од тогаш работи со своите колеги во Компанијата Releaf не само на производството туку и на промовирањето на овој еколошки процес и лобирање кај акционери во големи фирми ширум светот со стремеж да се свртат кон овој начин на производство на хартија. Компанијата моментално членува на Гринтеч конференцијата во Берлин, ”Не е само обична конференција туку настан на кој се изнајдуваат вистински решенија.” пишува на нивниот инстаграм профил. Извор: Новинска агенција МЕТА