Германските вооружени сили формираа нова тенковска бригада во Литванија, наречена „Панцер 45“, а канцеларот Фридрих Мерц отпатува во Вилнус за церемонијата, објавија германските медиуми. На овој начин, во тек е реализацијата на еден од најамбициозните проекти на Бундесверот – стационирање на речиси 5.000 германски војници во Литванија, пишува „Дојче веле“. Оваа бригада е централна точка на борбената единица со која Германија, на барање на Литванија, го обезбедува источниот крило на НАТО како одговор на рускиот напад врз Украина.
Според ДВ, германската армија претходно се состоела од осум бригади, а сега е додадена и деветта, стационирана во Литванија каде што ќе остане трајно, што е првпат во историјата на Бундесверот. „Германија ќе биде подготвена да брани секој сантиметар од територијата на НАТО“, нагласи министерот за одбрана Борис Писториус, додавајќи дека стационирањето на германска бригада во Литванија е силен сигнал до партнерите и јасна порака до секој потенцијален противник. Распоредувањето на бригадата треба да биде завршено до крајот на 2027 година.