12.8 C
Скопје
22/05/2025 05:27
МАКТЕЛ

     

Престојот во Grizzly Igloos на Козјак се плаќа и со вреќа ѓубре собрано од околната природа

      

Уживање и престој во природа, на планина, покрај вода е сликата за идеален одмор или викенд за многумина. Дел од таа слика се и уникатните Grizzly Igloos на Козјак, кои се веќе препознаена туристичка дестинација во земјава. Она што е интересно е фактот дека во овие интересни куќарки престојот може да се плати и со вреќа ѓубре! Уникатниот концепт е новост што од минатата година го вовеле сопствениците Кристина и Александар Христови, со желба да придонесат за почиста околина во паркот Јасен. Во ова инспиративно интервју Кристина и Александар ги повикуваат сите љубители на природата и авантурите да им се придружат во благородната иновативна еко иницијатива Grizzly Guardians и да уживаат во Grizzly Igloos.

Новинар – Сања Наумовска

   

Кристина и Александар, вие и тимот на Grizzly Igloos утре почнувате нова активност, акции за чистење на околината на Козјак. Кажете ни како започна оваа идеја и што направивте досега за да се реализира?

Со акциите за чистење започнавме лани и ова ни е веќе втора сезона како го чистиме паркот Јасен на Козјак, орагнизирано во неколку акции, дел на езерскиот брег, а дел на планинскиот терен. Постојано се вртевме во круг, ние чистиме, тие фрлаат и за една недела пак е се полно со ѓубре. Баравме начин како да го стопираме тоа, како да престане тој магичен круг? Што е тоа што можеме да го направиме а е нетипично, храбро, и финално што ќе функционира? Како големи љубители на природата, како домаќини, како Grizzly тим, си дадовме збор, да ја решиме оваа ситуација, барем во нашиот парк, по секоја цена! Сите механизми ќе ги користиме и граѓански и преку институции за да успееме во ова. На почеток бевме сами, но потоа дојдовме до идеја да повикаме јавно да ни се придружат и други граѓани, а како благодарност да им подариме ноќевање во GRIZZLY IGLOOS. Овој концепт се покажа како многу успешен, каде што на само еден повик имавме 750 пријавени волонтери, највеќе во историјата на волонтерско чистење, каде што собравме преку шест тони ѓубре, а дониравме 100 ноќи на волонтерите кои земаа учество. Решивме да го усовршиме, унапредиме и со тоа поуспешно да го примениме. Така се роди Grizzly Guardians.

Воведувате и новина, собрана вреќа ѓубре како платежно средство. Раскажете ни нешто повеќе за концептот Grizzly Guardians?

Grizzly Guardians е иновативна еко иницијатива. Велиме иновативна бидејќи опфаќа неколку акспекти кои се апсолутно нови. Првиот аспект е новата валута – вреќа ѓубре, со која посетителите плаќаат да спијат во GRIZZLY IGLOOS, или ја користат флоатата кајаци, супови, електрични точаци или електрични АТВс. Понатаму, вклученост и трансформација на посетителот, односно секој посетител на паркот го претвораме во бела клетка која ќе се грижи и ќе го одржува истиот, постојано – а не само на орагнизирани акции.

Волонтираме како редари во општината, без надомест, но со ингеренции да можеме да легитимираме и да санкционираме посетители кои фрлаат ѓубре, палат диви огништа, незаконски сечат шума итн.

Дигитализација на целиот процес преку мобилна апликација која во моментов ја развиваме, каде што секој кој ќе влезе во Јасен со скенирање на QR код, ќе може да се регистрира, да си одбере било каква активност, планинарење – да добие рути за хајкинг, или патека до пештерите, пловење низ езеро – како да отклучи суп или кајак, возење е-точак или е-атв – добива рути за возење, сето ова достапно, а за возврат да направи нешто добро и корисно во паркот.

Среќни сме што еколошки свесните компании ја препознаа оваа иниијатива и не поддржаа, па така Halk Bank преку HalkEco е наш прв стратешки партнер со кои ја набавивме опрема која ја ставаме на располагање на посетителите. Но, имаме и многу други компании кои не поддржуваат и се поистоветуваат со нашата приказна.

Колку вакви акции ќе се организираат и кој се ќе може да се придружи?

Акциите Grizzly Igloos ги најавуваме во зависност од ситуацијата на терен. Покрај чистење, како оваа утре (во недела на 13 април), ќе следат и акции за пошумување, растурање на диви огништа, едукации за заштита на животна средина, работилници за рециклирање итн. Секој граѓанин е добредојден да се придружи, заедно да правиме промени кон подобро, да менуваме свест, да едуцираме и да се грижиме за околината.

Отпадот, особено исфрлањето во природа е сериозен проблем во земјава, за кој никако да се најде решение. Што мислите кои се причините што ни се случува тоа и како ние како поединци можеме да придонесеме за промени?

Апсолутно се почнува и завршува со нас. И фрлањето и чистењето. Работиме на поткревање на свеста и сметаме дека со оваа акции придонесуваме. Не може за се да ги обвинуваме институциите.  Секој мора да почне од себе и во својот круг. За нас тоа е Јасен, но замислете доколку секој би одвоил малку време за општокорисна работа, да се заврти околу себе, да почне да делува како во својот дом, така и надвор. Па така, сопственици на локали ќе се грижат за парковите и улиците околу нив. Децата во школските дворови и околни паркови, планинарите на планините. Секој во својата околина. Но, покрај добриот пример, мора да станеме гласни против оние кои прават штета, уништуваат и грдат. Не смееме да премижуваме и да мислиме дека тоа не е наша работа. Се што не опкружува е наша обврска и се почнува од нас.

Дали мислите дека ни недостасува едукација или акција?

Едукацијата е присутна, за екологија, за заштита на природата учиме уште во градинка, во училиште… имаме едукација. Проблемот е понатаму во свесноста, во општото мнение, кога гледате дека некој за ова прашање е тотално незаинтересиран, не придава важност, не почитува, сите почнуваат така се однесуваат. Акција недостига, но ако има мотивација таа покренува акција. Тоа е тоа што ние го правиме.

Каков е вашиот пример, како организатори на престој во природа, за справување со отпадот што останува од вашите гости? Тешко ли е да се организира кога сте далеку од градот и од урбаната инфраструктура?

Нашето искуство со гостите е нешто што со гордост секаде го кажуваме. Гостите во GRIZZLY IGLOOS се вљубеници во природа и со огромна пасија ја чуваат околината. Не само што не фрлаат ѓубре околу, туку го земаат ѓубрето со себе и го фрлаат во најблиските контејнери. На почетокот се чудевме каде е ѓубрето, зошто се празни нашите канти, за потоа да сфатиме дека го земаат со себе, дека воопшто не го оставаат кај нас. Неретко ни даваа изјави од типот, кога го качувавме нагоре не беше ѓубре, и не сакаме да ве оптеретуваме дополнително, со задоволство ќе си го земеме со нас.

Инаку, имаме одлична соработка со локалното комунално претпријате од Општина Сопиште кои доаѓаат и го собираат отпадот што е собран, еднаш неделно, така што немаме проблеми во тој дел.

Колку гости имавте досега во Grizzly Igloos, што најмногу сакаат и бараат гостите?

Гостите во GRIZZLY IGLOOS се вљубеници во природата, сакаат планини, сакаат дивина и недопрена убавина, искрени природни искуства и права авантура. Сето она што го претставуваме ние преку концептот во GRIZZLY IGLOOS. Нешто што особено не радува е фактот што успеваме да привлечеме гости кои во Македонија доаѓаат за прв пат, токму за да дојдат во GRIZZLY IGLOOS. 90% од странските гости ни имаат изјавено дека се дојдени во Македонија со единствен мотив да го посетат Grizzly Igloos и дека до тој момент не ја гледале Македонија како туристичка дестинација.

Имавме еден гостин од Шри Ланка, чија реченица нема да ја заборавиме никогаш – Јас сум ви најголем комплимент рече… вие сте единствената причина за моето патување во овој крај на светот. За нашите гости Македонија е ексклузивна, а не транзитна туристичка дестинација и тоа е наша најголема гордост.  Во најлудите мечтаења не сонувавме дека ќе станеме светски посакувана дестинација и дека ќе имаме гости од сите краеви на светот. Тој факт освен што ни донесе неизмерна радост, не натера да чуствуваме и голема одговорност да ја претставиме нашата Македонија во најубаво светло, и со секој посебен гостин се однесуваме како со првиот што пристигна, со истата љубов и внимание и гостопримство. Имаме гости што живеат на туристички локации, а не одбрале нас за своето патешествие, можеби е смешно но кога имаме гости од Грција или од Малта, секогаш се шалиме интерно дека се сврте тркалото 😊

И сега замислете како се чуствуваме кога ќе не прашаат зошто има толку ѓубре во природата? Дали можеби имало некоја катрастрофа што довела до тоа или? Можеби екскурзија имало во текот на претходниот ден? Не им е јасно…

Какви се вашите планови за во иднина, ќе воведувате ли некои промени, имате ли нови интересни идеи?

Планови и идеи имаме многу, во моментот подготвуваме уште еден голем проект кој за многу кратко време ќе можеме да го презентираме јавно. Се што правиме е со цел да ја оствариме нашата желба што врпочем е и наша мисија, а тоа е нашата Македонија да стане најпосакувана дестинација за планински туризам, а и да не заборавиме дека попатно ни се остварува животниот сон да го поминуваме времето во планина и природа 😊.

И на крајот, главна порака која сакаме да ја испратиме е дека сите треба да си го поставиме прашањето: што можеме ние да направиме за нашата држава, а не што може државата да направи за нас? Тоа е важно прашање што секој треба да си го постави. Секој може да помогне.

Сподели!

   

Најново

Чарлинска: Израелските лекари и медицински кадар се нешто посебно – тврдат луѓе од другите странски тимови кои работеле со Израелците во нашите клиники

Sase Ivanovski

Арените на Пикасо, често нарекувани „Camemberts“, е архитектонски скапоцен камен во Ноаси ле Гранд

Sase Ivanovski

Љубчо ѓеоргиевски сведок на одбраната во случајот „Ванчо Михајлов“

Sase Ivanovski

Крмов на жешко столче во Претрес: го злоупотребија ли Кочани, бунт за внимание или борба за систем?

Sase Ivanovski

Трајчулески: Власта мора да ги соопшти сите детали за најавеното задолжување од 6 милијарди евра од Британија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВАКОВ СРАМ САД НЕМААТ ДОЖИВЕАНО НИКОГАШ: Претседателот на Јужна Африка се пошегува со Трамп – НЕМОЖАМ ДА ТИ ПОДАРАМ АВИОН?!

Sase Ivanovski

Македонија за првпат добива претставник во Ревизорскиот одбор на НАТО

Sase Ivanovski

Германија формира тенковска бригада на источното крило на НАТО

Sase Ivanovski

Гренланд даде дозвола за копање на анортозит – еколошка алтернатива на алуминиум

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Комити направија одлична атмосфера во Куп финалето меѓу Вардар и Струга

Sase Ivanovski

Палевски: Не е реално времето со видеото од дворот на Манев

Sase Ivanovski

Уште една пресуда во случајот „Рибникар“: Кецмановиќ ќе мораат да ѝ платат отштета на тешко повредената наставничка по историја

Sase Ivanovski

Лавров: Русија нема да дозволи да биде измамена со примирје

Sase Ivanovski

Во Србија властите планираат зголемувње на пензиите годинава и просечна плата од најмалку 1.174 евра до крајот на 2026

Sase Ivanovski

САД размислуваат дали повторно да ги прогласат талибанците за странска терористичка организација

Sase Ivanovski

Билетите се распродадоа: АЕК го чека пекол, Алкалоид ќе игра пред полни трибини

Sase Ivanovski

ФФМ донесе одлука: Бројот на клубови во ПМФЛ се намалува од 12 на 10

Sase Ivanovski

Затворски казни за расистички навреди кон Винисиус

Sase Ivanovski

Владата ги запре финансиските средства за Дневниот центар кој згрижува деца од улица – Пет месеци функционираат со донации

Sase Ivanovski

Љубчо Георгиевски: Ванчо Михајлов не бил фашист

Sase Ivanovski

Нема чисти чаршафи за креветите на Клинички центар

Sase Ivanovski

Нова: Кривична за Милчо Манчевски и неговата „Банана филм“ – обвинителството ја почна постапката

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Премиерот одговара за Скај њуз за мигрантите пред средбата со Стамер во Тирана

Sase Ivanovski

Рамафоса повика на обновување на односите со САД, Трамп презентираше запис за наводен геноцид

Sase Ivanovski

САД прифатија луксузен Боинг 747 од Катар како подарок

Sase Ivanovski

Д-р Самади за „Њузмакс“: Ракот на простата Бајден го имал најмалку пет години, ова што го објавија нема никаква смисла

Sase Ivanovski

Петтата рунда разговори меѓу САД и Иран ќе се одржи в петок во Рим

Sase Ivanovski

Актерката Весна Петрушевска – лауреат на фестивалот „Денови на комедија“ Куманово

Sase Ivanovski

Западни држави обвинија руски хакери за кампања на кибер напади

Sase Ivanovski

ФОТО + ДОКУМЕНТИ: Македонија една од можните дестинации за мигранти, Обединети Нации дале зелено светло, објавува британски Тајмс

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Изјава на Николоски по средбата со УКЕФ во Лондон

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Патот за ЗОВИЌ и СКОЧИВИРСКАТА КЛИСУРА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Арсовска: Ги вратив сите долгови кои ги направиле моите претходници

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Арсовска: Пола Скопјани не плаќаат данок на имот а бараат врвни услуги од градот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Арсовска: На нашите инспектори за животна средина редовно им вадат пиштоли и палки, често завршуват во Болница со повреди

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Toп Тема – Управен го поништи изборот на уставната судијка Елизабета Дуковска

Sase Ivanovski

И синот на премиерот ќе студира на Машински

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПНЕ: Денот во 60 секунди – Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство ќе биде транспарентно, во Македонија се инвестира во здравствените капацитети за подобра здравствена заштита

Sase Ivanovski

Претседателката Сиљановска-Давкова го достави предлогот за гувернер на Народната банка

Sase Ivanovski

Контраспин: Кога премиерот лови „забегани“

Sase Ivanovski

Ако живеете во изнајмен стан, синдикалната кошница достигнува до 80.000 денари месечно

Sase Ivanovski

Трамп ја претстави американската „Златна купола“, ракетен систем инспириран од израелската „Железна купола“

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: Родовата еднаквост не значи предност, туку еднаков терен за сите

Sase Ivanovski

Политико: Нема прекин на огнот во Украина. Никогаш

Sase Ivanovski

Додека хуманитарната помош сè уште не е стигната во Газа, Израел е „многу блиску“ до извршување воени злосторства

Sase Ivanovski

Компанијата „Релиф“ произведува биоразградлива хартија од листовите на дрвата без токсични хемикалии

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Хорор игрите „Dead Island 2“ и „Happy Game“ бесплатни на платформата Epic Games до четврток

Sase Ivanovski

Ленче Ристоска бара јавно извинување од Латас за клевети

Sase Ivanovski

Некој должи многу, некој штеди повеќе – кредитите и депозитите пораснале за 12 отсто

Sase Ivanovski

Изработен документ со насоки за заштита на демократијата од информациски закани

Sase Ivanovski

ЦИКП: Законот за работно ангажирање на лица се усвои со меѓупартиски консензус

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Играта „Wоrld of Warcraft“ ќе може да се игра само со едно копче по новото ажурирање

Sase Ivanovski

Поставена скулптурата „Горчливото сеќавање на детството“ во Паркот „Украина“

Sase Ivanovski

Јаневска: Градиме образовен систем кој ќе ги исполни целите на Стратегијата за паметна специјализација

Sase Ivanovski

МВР: Уапсени четворица криминалци осомничени за убиства

Sase Ivanovski

Поранешен украински политичар застрелан пред училиште во Мадрид

Sase Ivanovski

ЕК за нападите врз United Media: Од суштинско значење е новинарите да ја извршуваат својата работа без заплашување

Sase Ivanovski

Тошковски: Реновирани спортските капацитети на полициското одморалиште во Пониква, работиме на целосно унапредување на сите полициски капацитети

Sase Ivanovski

ЈП „Комунална хигиена“: Висар Ганиу пласира лажни вести во обид да ја покрие неспособноста

Sase Ivanovski

Трипуновски: Имаме сериозен раст во делот на откупот и пласманот на земјоделските производи според податоците на ДЗС

Sase Ivanovski

Проф. д-р Татијана А. Балоска е избрана за декан на Факултетот за детективи и безбедност на АУЕ – ФОН!

Sase Ivanovski

Ректорот на АУЕ – ФОН, проф. д-р Саво Ашталкоски и претседателката на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република С. Македонија – ИСОС, м-р Весна Прентоска, потпишаа Меморандум за соработка

Sase Ivanovski

Второ место за Дино Табаковски од АУЕ-ФОН на Универзитетско првенство во шах

Sase Ivanovski

АУЕ-ФОН: 21 Мај – Светски ден за културна разноликост за дијалог и развој „Различни култури. Заедничка иднина. Еден универзитет.“

Sase Ivanovski

Студентите од четврта година на Факултетот за дизајн и мултимедија, при АУЕ – ФОН остварија посета на печатницата „Пропоинт“

Sase Ivanovski

Помогни им на животните – биди Херој!

Sase Ivanovski

Наставен кадар од АУЕ- ФОН на ЕРАЗМУС+ мобилност во Бугарија: Интерактивни предавања за дигитална комуникација и заштита на лични податоци

Sase Ivanovski

Развој на Cloud-базирани сервиси со AWS и AI алатки

Sase Ivanovski

Студентите на Факултетот за правни и политички науки на АУЕ-ФОН зедоа учество на практична работилницита која ја организира (ЦУП) во рамките на проектот „Поттикнување на доброто управување и реформите во јавната администрација

Sase Ivanovski

Одбележување на 22 годишниот јубилеј на АУЕ –ФОН со промоција на новата генерација дипломци и Саем за кариера

Sase Ivanovski

Откриена тајната на добрите партии на Роџерс Мато од Вардар…

Sase Ivanovski

ГРАДИНКАТА ,,ПРОЛЕТ” ВО КАРПОШ НАПОЛНИ 60 ГОДИНИ

Sase Ivanovski

ЈАВЕН ОГЛАС за прибирање понуди од здруженија за организирање и реализирање на културната манифестација во Општина Карпош, Карпошово културно лето 2025 година

Sase Ivanovski

НАГРАДЕНИ ЕКО –ДВОРОВИТЕ ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ВО КАРПОШ

Sase Ivanovski

ГРАДИНКАТА „ОРЦЕ НИКОЛОВ“ ОД КАРПОШ ОДБЕЛЕЖА 80 ГОДИНИ ОД СВОЕТО ПОСТОЕЊЕ

Sase Ivanovski

ЈАКИМОВСКИ РАЗГОВАРАШЕ СО ОСНОВЦИТЕ ОД КОЗЛЕ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА УСЛОВИТЕ НА МЛАДИТЕ КАРПОШАНИ

Sase Ivanovski

ОСНОВЦИТЕ ОД „ВЛАДО ТАСЕВСКИ“ ОД КАРПОШ ДЕЛ ОД ПРВИОТ НАУЧЕН КАРАВАН

Sase Ivanovski

Општина Карпош започна акција за испитување на нисконапонската електрична инсталација во сите основни училишта и детски градинки на своја територија

Sase Ivanovski

МЕЃУНАРОДНА ЕКСКУРЗИЈА ЗА НАЈДОБРИТЕ УЧЕНИЦИ – СПОРТИСТИ ОД КАРПОШ

Sase Ivanovski

ДРЖАВНО СРЕБРО ЗА ОДБОЈКАРКИТЕ ОД ООУ „ВЛАДО ТАСЕВСКИ“ ОД КАРПОШ

Sase Ivanovski
Вчитувам....