Израелската војска соопшти дека пресретнала ракета лансирана од Јемен утринава, во последниот напад врз Израел од страна на јеменските бунтовници Хути. Ракетата активирала сирени во неколку области на централен Израел, се вели во соопштението на армијата, пренесе Ројтерс.
Хутите продолжија да гаѓаат ракети кон Израел, и рекоа дека тоа е чин на солидарност со Палестинците во Газа, но тие престанаа да ги напаѓаат американските бродови, наведува агенцијата. Од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас во октомври 2023 година, Хутите извршија десетици ракетни и беспилотни напади насочени кон Израел, од кои повеќето се пресретнати, пренесува Танјуг.