ИДФ (Израелските одбранбени сили) изразија длабоко сочувство до семејствата на жртвите од терористичкиот напад врз израелската амбасада во Вашингтон.
„Ние сме издржлив народ, народот на Израел е издржлив народ, и народот на Соединетите Американски Држави е издржлив народ. Заедно нема да се плашиме, заедно ќе застанеме и заедно ќе го победиме моралниот разврат на оние кои мислат дека со убиството ќе се постигнат политички цели“, напиша израелскиот амбасадор во САД, Јечиел (Мајкл) Лејтер на социјалната мрежа Х“, поранешен Твитер.
Во исто време израелскиот амбасадор во Обединетите нации, Дени Данон, изјави дека израелските амбасади низ целиот свет се ставени во состојба на зголемена готовност откако двајца вработени во амбасадата беа убиени во Вашингтон.