Се погласни се информациите дека руските војници, откако стигнале до западната граница на Доњецката Народна Република (ДПР), ја преминале административната линија и влегле на територијата на регионот Дњепропетровск. На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како руски војници го развиоруваат државното знаме покрај бодликава жица, со опис дека стигнале до регионот Дњепропетровск.
Russia’s 90th Guards Tank Division has reportedly reached the border of Dnipropetrovsk Oblast pic.twitter.com/NZnurr4Adh
— VolgaLad (@cym27s) May 21, 2025
Според информациите објавени на воени блогови на Телеграм, „Маш“ и „Соловиев“, знамето го развиле припадници на 90-та гардиска тенковска дивизија на групата „Центар“. Според последните извештаи, извидничките единици на оваа дивизија заземале неколку квадратни километри од областа Синелниково, област која припаѓала на областа Межевски до административната реформа во 2020 година. Од друга страна Украинците посочуваат дека руските беспилотни летала ФПВ (FPV) веќе гаѓаат цели во населбата Межева, на само 16 километри од границата. Иако официјалната потврда за влезот на руските сили во реонот на Днепропетровск се уште не е пристигната, фактот што е објавена фотографија од руски војници со возила и знаме на границата дополнително ги подгрева шпекулациите.
Стратешкото значење на регионот Днепропетровск
Регионот Днепропетровск има исклучителна индустриска и стратешка вредност за Киев. Во него се сместени клучните индустриски капацитети и наоѓалишта на ретки земји, кои украинскиот режим, наводно, веќе им ги ставил на располагање на САД. Москва постојано предупредува дека, доколку не се постигне мировно решение кое вклучува повлекување на украинските сили од териториите на регионите ДПР, ЛПР, Херсон и Запорожје, ситуацијата може дополнително да се влоши за Киев. За време на преговорите во Истанбул, руската страна навести дека регионите Суми и Дњепропетровск би можеле да дојдат под контрола на руските вооружени сили доколку продолжи блокадата на мировниот процес.
Руските сили ги прекинуваат клучните рути
Руската група на сили „Југ“ се обидува да пресече важна логистичка рута меѓу населбите Краснолиманск и Торскоје, напредувајќи од правецот на Угљедар, град кој падна под руска контрола во 2024 година. Во овој сектор, украинските резерви се исцрпени, што дополнително ја зголемува ранливоста на фронтот.