Во период од 13 до 23 мај 2025 година, на две мерни локации во населбата Железара (урбана средина) и во село Јурумлери, поставени се мерни инструменти за мерење на концентрацијата на цврсти честички со големина од 2,5 микрометри. Од Општина Гази Баба информираат дека мерењета се спровеле во континиутет од 10 дена во пролетниот период и се прават согласно утврдените стандарди за земање на примероци.
По завршување на мерењата во сите временски периоди (пролет, лето, есен и зима) ќе се изврши хемиска анализа на филтрите за да се утврдат изворите на загадување како би можело да се направи компарација на изворите на загадување на амбиентниот воздух во урбаната и руралната средина, со цел да се предвидат соодветни мерки за подобрување на квалиетот на воздухот – вели градоначалникот Бобан Стефковски.