Вчеравечер, пак, Арсовска на својот фејсбук-профил објави дека Градот по закон нема градежна инспекција која би можела да постапи, а во објавата таа тврдеше дека сите бесправно изградени објекти во Чаир се започнати „со амин“ на Ганиу Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, изјави дека градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска има ингеренции и може да постапи за објектот кој според нејзините тврдења е дивоградба.
-Таа има ингеренции. Ако навистина мисли дека е така, тогаш треба да постапува затоа што од филозофирање и гола реторика народот нема фајде – рече Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при посетата на општина Желино. Арсовска вчера директно од Чаир се вклучи во живо преку нејзиниот фејсбук-профил, каде што неколку часа го снимаше објектот во изградба за кој тврди дека е дивоградба. Известуваше во живо од терен и го чекаше градоначалникот на Општина Чаир, кој патем го нарече „принцеза на дивоградбите“ кој, според неа, заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, непостапувале по пријава и не испратиле службеници на терен да ја проверат оваа дивоградба близу „Пластичарска“. Вчеравечер, пак, Арсовска на својот фејсбук-профил објави дека Градот по закон нема градежна инспекција и ингеренции да постапи по пријавите на граѓаните, туку таа надлежност паѓа под Општина Чаир и ги демантираше тврдењата на градоначалникот Висар Ганиу дека барал од Градот да постапат за дивоградбите во општината, кои, според Арсовска не можат да започнат со градење без негова дозвола.
-Градот Скопје по закон нема градежна инспекција, градежна инспекција има општина Чаир чиј градоначалник го чекавме денес четири часа да постапи по дивоградбата на негова територија. Затоа тврдењето на „принцезата на дивоградбите“ од Чаир дека барал од нас да постапиме за дивоградби што му никнуваат пред нос не само што е лага, туку е и блед обид да се извади од ситуацијата во којашто е фатен – напиша Арсовска. Исто така, Арсовска информираше дека до овој момент, Ганиу до Град Скопје има испратено над 150 дописи за легализација на дивоградби, од кои ниту една не била прифатена од Градот.
-До овој момент Ганиу до град Скопје има испратено над 150 дописи за легализација на дивоградби. Сите се одбиени од страна на градот Скопје бидејќи се градени по 2017 година, нелегални се и не исполнуваат услови за легализација – истакна градоначалничката. Арсовска тврди дека сите бесправно изградени објекти во Чаир се „со амин“ на Ганиу и немаат одобрение од градот Скопје и ги повика ОЈО и ОЈОГОКК да ги проверат овие градби во општина Чаир.