Од граѓанската иницијатива „Кој е следен“ најавија поддршка за протестот во Кочани, закажан за во сабота(24 мај) и ги повикаа сите граѓани од Скопје да присуствуваат во знак на поддршка. Според објавата, поаѓањето за Кочани ќе биде во 14.00 часот од паркингот меѓу С.Ц „Јане Сандански“ и хотелот „Хилтон“.
-Одиме повторно за Кочани – Имаш превоз да понудиш место? Ти треба место? Пријави се на формуларот. Ниеден човек не е остров сам за себе, секој човек е дел од континентот, дел од светот. Смртта на секој човек, не намалува сите нас, бидејќи и ние сме опфатени од општеството. Затоа не прашувај каде треба да бидеш во сабота? Одиме во Кочани. Не смееме да ги оставиме сами! – пишува во објавата на „Кој е следен“.
Протестот во Кочани е закажан за во сабота(24 мај) со почеток од 16.05 кај Паркот на Револуцијата.