Таа во Скопје ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски, заедно со министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски. Високата претставничка на Унијата, Каја Калас најави дека ќе се ангажира со владите во Србија, Косово и Македонија за нивниот пат кон ЕУ, а утре во Скопје ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, и ќе го отворат првиот дијалог за безбедност и одбрана меѓу ЕУ и Македонија. Калас ќе има средби и со претставници на младински и студентски организации од земјава.
„Јас сум целосно посветена да ги охрабрам сите земји од Западен Балкан навистина да го зграпчат постоечкиот момент кој го имаме за проширувањето. Да, овој процес се одвива подолго време, но секогаш има политички моментум и овој политички моментум е токму сега. „Обединета Европа“ е визија за која сите мора да работиме заедно“, изјави Каја Калас, висока претставничка на ЕУ.
Премиерот Христијан Мицкоски денес истакна дека тој ќе бара начини за деблокада на евроинтегративниот процес и е убеден дека ќе се изнајдат решенија. „Убеден сум дека ќе се изнајдат решенија, ќе изнајде и механизми Европската Унија и Македонија ќе го добие заслуженото место да биде дел од таа маса, бидејќи одамна тоа го заслужуваме“, изјави Мицкоски. Извор: Новинска агенција МЕТА