Американскиот претседател одржа хаотична средба со претседателот на Јужна Африка, Сирил Рамафоса, во Овалната соба во Белата куќа, за време на која пушти видео за кое лажно тврдеше дека докажува дека се врши „геноцид“ врз белците во Јужна Африка, нарекувајќи го тоа „спротивност на апартхејдот”. Доналд Трамп лажно тврди дека Австралија е „преплавена“ од бели Јужноафриканци кои ги напуштиле своите фарми, повторувајќи неоснована теорија на заговор дека белците во Јужна Африка систематски се убивани и нивната земја се експроприра, пренесува Гардијан. Американскиот претседател одржа хаотична средба со претседателот на Јужна Африка, Сирил Рамафоса, во Овалната соба во Белата куќа, за време на која пушти видео за кое лажно тврдеше дека докажува дека се врши „геноцид“ врз белците во Јужна Африка, нарекувајќи го тоа „спротивност на апартхејдот“.
Трамп одамна тврди дека Африканерите, малцинство потомци главно од холандски колонисти кои владееле со Јужна Африка во текот на децениите на расен апартхејд, се прогонувани. Јужна Африка ги отфрла тие обвинувања. Стапките на убиства и насилен криминал се високи во земјата, но огромното мнозинство од жртвите се црнци. Но, Трамп му рече на Рамафоса дека белите фармери бегаат од Јужна Африка кон САД и Австралија. „Им ја одземате земјата на луѓето, а тие луѓе во многу случаи се егзекутирани“, рече тој. Тие се егзекутирани. И се случува да се бели, а повеќето од нив се фармери. Имаме илјадници луѓе кои сакаат да дојдат во нашата земја. Исто така одат и во Австралија, но во помал број.“. Подоцна Трамп изјави дека огромен број бели јужноафрикански фармери бегаат во Австралија.
„Погледнете ја Австралија – тие се преплавени, и ние сме преплавени од луѓе кои сакаат да избегаат, а нивната земја веќе нема вредност.“ Поранешниот министер за внатрешни работи, Питер Датон – кој како лидер на опозицијата го загуби своето место на овомесечните федерални избори – во 2018 година предложи посебен хуманитарен прием за бели јужноафрикански фармери. Посебната програма требаше да биде по моделот на 12.000 дополнителни места за бегалци од Сирија и Ирак, раселени поради сиријската граѓанска војна и конфликтот со Даеш. Датон во 2018 година изјави дека белите јужноафрикански фармери „заслужуваат посебно внимание“ и „им е потребна помош од цивилизирана земја како нашата. Му наложив на министерството да разгледа начини на кои можеме да обезбедиме помош. Можеме да дадеме повеќе визи, потенцијално во хуманитарната програма.“ Владата на Јужна Африка тогаш соопшти дека „таква закана не постои“, а министерството за внатрешни работи не спроведе никаква посебна програма за бели Јужноафриканци.
Јужна Африка не е меѓу првите 10 земји по потекло на хуманитарни имигранти во Австралија. Листата ја предводат земји погодени од конфликти, како Авганистан, Ирак, Сирија и Мјанмар. Населението родено во Јужна Африка (не само хуманитарни или бегалски имигранти) е седма по големина мигрантска заедница во Австралија. Тоа претставува околу 2,6% од вкупното население родено во странство и 0,8% од вкупното население на Австралија. Оваа година, САД започнаа со преселување на бели Јужноафриканци како бегалци, при што Трамп изјави дека Африканерите се жртви на „геноцид“. Педесет Африканери пристигнаа во САД овој месец за да го прифатат понуденото „засолниште“ од Трамп. Тој им понуди азил и покрај тоа што САД го запреа приемот на бегалци од поголемиот дел од светот, додека драстично го ограничува имиграцискиот процес. Американскиот сенатор Крис Ван Холен ја обвини администрацијата на Трамп дека го прави процесот на доделување азил „смешен“, претворајќи го во систем на „глобален апартхејд“ со тоа што им доделува статус на азиланти на Африканерите, додека ги одбива бегалците од земји погодени од војна, вклучувајќи го и Судан. Извор: Новинска агенција МЕТА