Судско медиумскиот совет денеска оствари средба со претставници на Здружението на новинари на Македонија во правец на реализирање на проектите од Меморандумот за соработка за унапредување на транспарентноста на Судскиот систем. На состанокот, како што информираат, била изразена согласност дека двете организации во иднина ќе учествуваат на заеднички проекти во правец на обострани обуки и работилници од новинарите за судиите и судиите за новинарите за доследно почитување Законските одредби за јавност на судењата, поголема отчетност и транспарентност на судовите пред граѓаните како и обуки за правната терминологија неопходна за професионално известување од судските расправи.
Подготовка на регистар за судски процеси кои се водат против новинари и медиумски работници како и соодветна судска пракса на правосилни предмети против новинари и медиумски работници, како и учество на судиите и новинари од Судско медиумскиот совет во рамки на Тренинг – Академијата за новинари ( Т – АЈМ ) како и други работилници, обуки и Конференции организирани од Здружението на новинари или Здружението на судии во чии рамки е и Судско Медиумскиот совет.